Најдобри врати по мое мислење има во РОЛЛПЛАСТ.
Вратите се од германско производство, оние поскапите, а оние поефтините е од бугарско производство.
Германските врати се изработени од дупчена иверица, тешки се, и обложени се со пластифицирана фолија отпорна на хемикалии, отпорна на удари, имаат добра звучна и топлинска изолација итн итн.
Бугарските се изработени од медијапански лесонит, внатре со хартиено саќе. Дупло се поефтини од овие претходниве, нормално и квалитетот е различен.
Јас купив од германските врати и сум презадоволен до сега, како од изработка, така и од функционалност.
Највеќе што мразам е фарбан медијапан, кој со тек на време не само што губи сјај, него почнува да се лушти, да менува боја итн итн, а во 90% од случаите, кај нас се нуди оваква бофал роба.
Вратите ги купив од Струмица, затоа што во продажните салони од Скопје цената беше поцисока за 90 евра од врата...
Логика рамна на нула или необјаснива работа.
Можам и контакт да ви дадам од момакот од Струмица ако некој е заинтересиран.