Клабери, ај стручни мислења околу ПВЦ и дрвени врати и прозори?
Разлика во цената за да ја опремам цела куќа со се влезна врата е 100-150 евра, дрвото е поскапо од ПВЦ-то.
Зборам за пвц Кемерлинг, Рехау, Алупласт со 2 дихтунг гуми, Алупласт со 3 и дрвени прозори со 2 дихтунг гуми.
Бев кај еден мајстор кој работи со дрво. Прави и прозори и тоа следи доста стандарди. Баш убаво изгледаат и се доста стабилни, дихтоваат убаво, имаат 2 дихтунг гумици, неколку слоја дрво, алуминиумска лајсна од надвор на долната страна за да истекува одредена кондензирана вода ако се појави, дупло 4 сезонско стакло кое го зема изработено од Флот стакло Еленови што значи е истото стакло кое Флот стакло Еленови го вградува во Кемерлинг пвц профилите кои ги продава.
Прави и влезни и собни врати, влезна од даб, собните и прозорите од бел бор.
Се лакира со некој лак на база на вода, кој наводно има гаранција од фабрика 15 години и не бара столаријата оддржување во наредните 15 години?
Е сега, јас никако не можам да прифатам влезната врата да биде бела и од ПВЦ

Сакам влезна од дрво или ефект на дрво, а ако ставам на тоа и бели ПВЦ прозори, ќе биде благо и солено во едно...
Ваши мислења, топлотна, звучна изолација, квалитет, издржливост и што друго имате да кажете на тема дрвена наспроти пвц столарија?
Јас навивам за дрво.
Благодарам однапред.