4000еур за кујна? Па не е малце. Ама не е ни премногу. Кујна чини од 1000-4000 еур.
Мене во Монтенегро за бедна комбинација изработена од поефтин материјал, значи сјајна иверка, ми побараа 4299 евра. Со попуст испаднаа 3900 евра... Во тие 4200 евра нема: Плотна, фурна, фрижидер, аспиратор, чешма, бојлерче...
Рок на испорака 45 дена. Платиш 50% па после уште 50 коа ке ти ја испорачаат.
Станува збор за Аран кујни...
Други понудувачи ми дадоа понуди од 1300 па нагоре евра, се до 2500 како најскапа комбинација од приватници кои изработуваат кујни...
Јас здравје боже решив сам да си ја правам...Во фаза на изработка сум. Стигнав до пола и до сега дадов 21 000 денари за горните елементи, со комплет материјал за нив. (Без аспиратор кој ме чинеше 19 000 денари). Материјалот е комбинација, односно корпусот е од иверка - бела софт, а вратичките се од медијапан обложен со фолија, а не фарбан...Некако на се што е фарбано, не му верувам...
Ке видиме како ке излезе на крај..