Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1742005 пати)

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1725 на: 24 Август 2013, 13:43:35 pm »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1726 на: 25 Август 2013, 01:40:23 am »
Ќе ги пишам само негативните работи:
Разлика помеѓу ПВЦ и Алуминиум:

ПВЦ:
- мек профил (лесно се витка, лесно губи форма, полесно се оштетува)
- не природен материјал, не е добар на допир (сепак подобар од алуминиум)
- во случај на пожар испушта отровни гасови, со што го задушува човекот

Алуминиум:
- ладен и не природен на допир (ова се решава со тој дрво- алуминиум профил)

извини вака ама и во моја струка допира ова...

алуминските прозори се одлични термички мостови, што во превод значи слаба изолација и тоа драстично послаба од пвц. зимно време сите алу прозори кондензираат... тоа што ке се тури дрвено штафниче за излгед не ги прави подобри изолатори од пвц прозорите...

инаку, мој избор е дрвен прозор, а овој на сликва што го туривте не е дрвен прозор... алумински е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1727 на: 25 Август 2013, 08:36:37 am »
Кондезираат заради лошата монтажа.
Иначе добар алу прозор НЕ смее да кондензира.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1728 на: 25 Август 2013, 09:58:30 am »
Металот ќе биде ладен.


Точката на кондензација на собата ќе е 11 степени.


Се што е под 11 степени ќе има кондензација на него... That simple.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1729 на: 25 Август 2013, 10:36:07 am »
Браво бе Дени бе! Каков интелекс значи.

Ај сега пресметај кога ќе има во собата 11 степени:

- во кој период од годината
- која оринетиација треба да ја има собата
- со колку луѓе внатре
- колкава квадратура треба да биди собата

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1730 на: 25 Август 2013, 10:37:38 am »
Браво бе Дени бе! Каков интелекс значи.

Ај сега пресметај кога ќе има во собата 11 степени:

- во кој период од годината
- која оринетиација треба да ја има собата
- со колку луѓе внатре
- колкава квадратура треба да биди собата

јас ке ти кажам...

2/3 (две третини) од домакинствата во цела држава кои живеат во куќи, цела зима едвај ја греат пола куќа...

ТОЛКУ ЕДНОСТАВНО Е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1731 на: 25 Август 2013, 10:41:59 am »
Не, не, ......... и баба ми знае така.

Ајде математика, коефициенти, равенки ајдееее.........

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1732 на: 25 Август 2013, 10:43:56 am »
Точка на кондензација е температура на објектот а не на собата. Ете тој интелекс.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1733 на: 25 Август 2013, 10:50:47 am »
Не, не, ......... и баба ми знае така.

Ајде математика, коефициенти, равенки ајдееее.........

ако имаш равенки бујрум пиши ги.. јас немам равенки за тоа, јас имам пракса и искуство по мноооогу објекти, сепак работам климатизација скоро 15 години... и буквално сегде кај што имаше алу прозори СИТЕ ДО ЕДЕН во зимо кондензираа... течеше вода по профилите надоле... немам видено ниту еден алу прозор што не течел...

и сега ти може да пукаш со формули колку сакаш, мене ми е сеедно, јас зборам за моето искуство и моите одлуки... не сум традиционалист, напротив се трудам да го следам модерното време, но и при изборот мој си имам аргументи лични зашто и како сум го одбрал тоа... мојот одговор на прашањето какви прозори е дефинитивно ДРВЕНИ прозори, но се разбира не било кои... пвц прозори ми се гадни бре... пластика за прозор е несоодветна работа за естетика... ептен не соодветна... дрвото дава топлина во домот и есетиката.. алу прозорите ги имавме дома на времето кога се појавија како хит и како новитет...  крпи туравме под прозори зимно време за да не го заебе зидот и парапетот водата што се собираше...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1734 на: 25 Август 2013, 10:54:41 am »
Металот ќе биде ладен.


Точката на кондензација на собата ќе е 11 степени.


Се што е под 11 степени ќе има кондензација на него... That simple.

Точка на кондензација е температура на објектот а не на собата. Ете тој интелекс.

Гледаш која соба ти ја барам? Таа што ти ја спомна.

Не, не, ......... и баба ми знае така.

Ајде математика, коефициенти, равенки ајдееее.........

ако имаш равенки бујрум пиши ги.. јас немам равенки за тоа, јас имам пракса и искуство по мноооогу објекти, сепак работам климатизација скоро 15 години... и буквално сегде кај што имаше алу прозори СИТЕ ДО ЕДЕН во зимо кондензираа... течеше вода по профилите надоле... немам видено ниту еден алу прозор што не течел...

и сега ти може да пукаш со формули колку сакаш, мене ми е сеедно, јас зборам за моето искуство и моите одлуки... не сум традиционалист, напротив се трудам да го следам модерното време, но и при изборот мој си имам аргументи лични зашто и како сум го одбрал тоа... мојот одговор на прашањето какви прозори е дефинитивно ДРВЕНИ прозори, но се разбира не било кои... пвц прозори ми се гадни бре... пластика за прозор е несоодветна работа за естетика... ептен не соодветна... дрвото дава топлина во домот и есетиката.. алу прозорите ги имавме дома на времето кога се појавија како хит и како новитет...  крпи туравме под прозори зимно време за да не го заебе зидот и парапетот водата што се собираше...

Абе Онак, незнам ти што се прозва. Јас од Дени барам равенки и математики, тие електрашите љубат да го пресметаат светот.

Башка твоето искуство е одлично. Ама јас си сакам спецификации, кои алу. профили? Кои фирми ги произвеле, монтирале? Кога се монтирани? Каков е составот на ѕидот? И уште еден куп други параметри..

Како можи алу прозор во англија и германија да не кондензира, а во Македонија сите до еден да течат вода ??

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1735 на: 25 Август 2013, 11:44:36 am »
Секој објект кој има температура под точката на кондензација во собата ќе кондензира, незнам како да го доловам тоа поедноставно. Алуминиумски прозорец е топлински мост кој ќе има температура приближна до повлијателната страна. Тој многу лесно ќе се спушти под точката на кондензација во собата. Согласно тоа ќе почне да собира вода на себе. Таа вода кога ќе се насобере во доволни количини ќе почне да формира капки чија големина ќе резултира во капење.

Во соба со температура од 24 степени и влажност од околу 50% (или 75% или 25%) точката на кондензирање ќе биде 13 степени (или 19 или 3 степени). Тоа значи дека во соба која има точка која има 13 степени ќе кондензира. Што всучност тоа значи? Тоа значи дека ниедна точка во собата не смее да има температура пониска од 13 степени (во просек) за да не се јави кондензација. Во случај на сушење алишта во собата (на пример) ќе се покачи и влажноста во собата па со тоа и темпертурата на кондензација. Исто така може да се земе отстранувач на влага и да се спушти вредноста на влажноста во собата а со тоа и точката на кондензација. Но, да земеме просечна вредност од 50% влажност за понатамошна дискусија.

Формулите се комплексни за на форумов, ќе треба многу да се објаснат. За да го скратам процесот ќе поставам линк од википедија. http://en.wikipedia.org/wiki/Dew_point но има калкулатори по нет кои може да ги користи секој. Еве на пример овој (прв ми излезе на гугл) http://www.dpcalc.org/
Согласно температурите кои ги добивме, треба сега да образложиме што значи тоа во пракса.

Рамката од дрво има во себе голем број на шуплини кои се полни со воздух, воедно тоа го прави дрвото добар топлински изолатор. Затоа од надворешната страна на собата доколку е -5 степени со просечен ветер од 5кмч, а во внатрешноста ако е 24 степени температурата на рамката од внатрешна страна ќе биде во близина на 20-22 (зависно од рамката) степени. Тоа значи дека на рамката нема да се јави кондензација дури и кога ќе се сушат алишта во собата со голема влажност. Зборуваме за рамката, ако температурата на стаклото падне под овие вредности ќе си се јави кондензација на самото стакло, но земаме дека истото стакло ќе се користи за поедноставување на системот, заради тоа што сега зборуваме за рамки за прозори.

ПВЦ рамките во истите услови имаат неколку воздушни изолациони комори во себе. Тие се многу помалку на број од дрвените прозори, но се добро распоредени. Има рамки со различен број на комори, но сепак може да го земеме просечниот модел. При гореспоменатите услови, PVC рамката ќе има температура од околу 17-22 степени. Тоа значи дека во најголемиот број на употреби рамката ќе ја задоволи потребата за да не кондензира се до вредности на влажноста од 70% во собата при 24 степени.

Алуминиумските рамки не се изолатори, туку се преносители на топлина. Тоа значи дека нивната температура ќе биде околу 5-11 степени. Таа многу варира од ветрот и надворешните температури. Покрај тоа што губат топлина и не чинат повеќе за загревање на просторот, тие не ја задоволуваат потребата за домашни услови заради температурата на кондензација. Тие ќе кондензираат секогаш кога условите ќе наложат, а бидејќи стандардните услови кои ги земавме за споредба наведуваат на точка на кондензација од 13 степени при 24 степени и 50% влажност. За да избегнеме кондензација треба или да ја намалиме внатрешната температура, или да ја намалиме влажноста во собата - или двете. Бидејќи овие услови може да се сретнат во комерцијални објекти, тие може да се користат кај нив. Поготово што цврстината на алуминиумот е висока, па и неговата издржливост низ годините ќе е поголема.

Постојат и алуминиумски рамки кои имаат прекршен термички мост од најмалку 5.3 милиметри. Тоа значи дека надворешниот дел на прозорецот, и внатрешниот дел на прозорецот не се проводнички поврзани. Тоа доведува до значително подобрување на карактеристиките на алуминиумската рамка, во поглед на пренос на топлина. Цврстината на прозорот е намалена, а со тоа и неговата трајност во комерцијални услови, но со овој вид на изработка тие се враќаат за употреба во домовите. Прекршениот мост наведува дека температурата на внатречната рамка ќе се покачи на 17-20 степени па согласно на тоа и ќе се намалат загубите во топлина, а ќе се намали можноста за кондензација. Овие прозори ќе може да се употребуваат во просечното домаќинство без да имаат проблеми со кондензација, заради тоа што точката на кондензација во собата е пониска од нивната просечна температура.

Тоа се причините за кондензирање на различните типови на прозорски рамки, и проблемите кои се јавуваат кај просечниот македонски граѓанин. Затоа алуминиумските прозори без прекршен термички мост кондензираат.

Се надевам малку-од-малку Ви ја доближив мистиката на прозорските рамки.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1736 на: 25 Август 2013, 11:50:42 am »
Овај текстов има некој извор или ти го истреси од ракав?

Дека не видов линк никаде за типологијата на профилите на прозорите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1737 на: 25 Август 2013, 11:52:09 am »
Јас го напишав лично. Доколку Ви е потребно појаснување од било кој тип, тука сум. А и гугл е уште потука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1738 на: 25 Август 2013, 11:57:45 am »
Ааааа значи стана експерт во прозорите и нивната архитектура.

WOW каков интелекс си значи, кога пишуваш ти, мене интернет ми снемува.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1739 на: 25 Август 2013, 12:11:07 pm »
Ааааа значи стана експерт во прозорите и нивната архитектура.

WOW каков интелекс си значи, кога пишуваш ти, мене интернет ми снемува.

Страшно тешко е да научиш за прозори и нивната архитектура. Особено за инженер.

Ако имаш примедби и грешки што си ги забележал во погоре напишаното, кажи кои се и образложи ги. Со вакви напади тежок интелекс покажуваш.