Адвокати, судови, опции, не се исплати, ни за едниот ни за другиот. Прво ке ти ги земат сите пари и + од тоа, а на крај и ке се искараш, и ке се замериш, и без пари ке останеш..
Да е правна држава, да. Ама во оваа издркотинава, само можеш да останеш со куси ракави во секој можен поглед...
Работата ке се среди, ке дојдат ке довршат. Денес ако не дошле, може нема ни утре, а задутре ке дојдат, ке довршат и ке заминат. Парите им се земени, работата е при крај, се ке биде...
Само незнам од каде наивност дека фирмата која фаќа работа од 100 ооо евра, и која ја почнала, ке дојде да ја доврши твојата како што ја опиша мала куќичка. Да мала е, но за тебе е голема...А и небитно, секој гледа пари. Така да твојата куќичка е капка вода, за разлика од зградите кои се чаша со вода...Ти капката си ја плати, сеа ке си дремеш и ке си чекаш...А неговата чаша е празна, пошто никој не му ја наполнил...Обично прво ке скокнеш па ке кажеш оп, не обратно...
И нормално е да трча онаму каде што треба да земе пари допрво, а не онаму каде што парите кои веќе ги земал ги потрошил...Логично...Како и да е, ти пак ке си се нервираш, пак ке трчаш и работата ке си трпи...
Не верувам дека ке остане недовршена, но сепак, работите имаат приоритет...Оние големите, не оние малите..
Јас само ке кажам...Секој циган си го фали својот коњ, у случајов тектум беше твојот коњ...Ама ништо...
Некако подбаци...
Само знаеш, ова е добар пример и добро школо, кое е добро платено, и тоа однапред...
Имаше неколку луѓе што сакаа исто да ги ангажираат за градење, ама после оваков муабет, не верувам...Не дека нешто ке им значи муабетов на нив, ама чисто, другарски ние меѓу нас, јавно, муабет си правиме...
А ова е типичен пример за македонско - балканска фирма...Потипичен не можеше да биде избран...

И после вие пак викајте дека јас зборувам за инает, дека луѓето се добри, вакви, онакви итн итн...Сите се исти, вкључувајќи ме и мене...
Во таков свет, мораш да бидеш како другите, зошто инаку ке бидеш црна овца...Колку и да се трудиш да бидеш различен, неможеш...А и да продолжиш, само ке бидеш отфрлен...