Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854725 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1350 на: 28 Ноември 2012, 19:37:43 pm »
Свака част... :)
Значи у Среда се вселуваш?


Хаха да, една среда среќно ќе се вселам ;D На 5-ти они доаѓаат да ги довршат работите, здравје !!! 


Почнува да мириса на скара ;)

Мирисааааа ;)

Џиџи ме престаса веќе!!!! :) Само напред!

Фала Deni, да си дозавршиш ако нешто ти останало недовршено и да му видиш лезет на истото :)

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1351 на: 28 Ноември 2012, 21:59:41 pm »
kefoi djidji bravo so sreka neka e za ubavo, kazi mi samo drvata/gredite na verandata/nastresnicata so sto ke gi mackas/zastitis...ipak drvo e ;)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1352 на: 28 Ноември 2012, 22:31:35 pm »
kefoi djidji bravo so sreka neka e za ubavo, kazi mi samo drvata/gredite na verandata/nastresnicata so sto ke gi mackas/zastitis...ipak drvo e ;)

Фала NUME! Да, мора да се премачкаат за да се заштитат! Незнам со што ќе се поминат, ваљда со ова

http://www.sadolin.co.uk/homeowner/products/garden/fourseasonsgardenfurniturecolourprotector/description

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45191
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1353 на: 29 Ноември 2012, 00:18:11 am »
^^ Оригинал Садолинче :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1354 на: 29 Ноември 2012, 19:02:02 pm »
     Плочките или не се добро фугирани или накнадно се бои фугата, па не се подеднакво обоени т.е. има бели места (само што ќе влезеш во викендицата-средиштето према wc-то) или треба да се доработат... Кој се разбира нека се изјасни, колку знам фугите треба да се во боја... Како и да е, би требало да ги корегираат, пошто фугата е најголемиот украс на плочката, се става на крај, а крајот го краси (или гнаси) делото!






     Денес се опшива и оџакот - фала Богу, пошто и утре ќе врне :/






     Си купив и „Петле“ за на оџакот, малите нешта го прават животот посреќен ;)





Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1355 на: 29 Ноември 2012, 19:05:43 pm »
Фугата е во боја и не се фарба.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1356 на: 29 Ноември 2012, 19:07:06 pm »
Ќе да не се добро исфугирани плочките...

Нека не штедат на фуга и нека бидат нежни со сунгерот, да не ја копаат...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1357 на: 29 Ноември 2012, 20:51:55 pm »
Како се суши така бледее...Што потемна, тоа потешко се фугира...Префугирање е џабе, ако материјалот е неквалитетен. Но колку што видоф кај тебе беше Енмон, немам искуство со него. За Цересит знам дека е ТОП, за ЈУБ дека е одличен, а овој, незнам да не те лажам. А и затоа многу многу не сакам темни бои...Него моментот е да не се гази додека се фино не се исуши...Додека е мокра фугата прима прашини и побелува, поготово ако е на под...А кај тебе станува збор за подот...
Ич да не му се секриаш за тоа...Ке се изедначи, ваљда...А ако не се изедначи, со тек на време ке се изедначи :)

Убав овој горниов дел за оџакот...Сакам да видам слика коа ке биде финално направен :))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1358 на: 29 Ноември 2012, 20:57:36 pm »
И јас имам вакво "петле" на оџакот, и да ти кажам дека буџи корни ко ќе дува ветар. На почетокот не се поднесваше, ама ете со тек на времето го навикнавме... а не е од некоја корист.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1359 на: 29 Ноември 2012, 21:03:30 pm »
Како се суши така бледее...Што потемна, тоа потешко се фугира...Префугирање е џабе, ако материјалот е неквалитетен. Но колку што видоф кај тебе беше Енмон, немам искуство со него. За Цересит знам дека е ТОП, за ЈУБ дека е одличен, а овој, незнам да не те лажам. А и затоа многу многу не сакам темни бои...Него моментот е да не се гази додека се фино не се исуши...Додека е мокра фугата прима прашини и побелува, поготово ако е на под...А кај тебе станува збор за подот...
Ич да не му се секриаш за тоа...Ке се изедначи, ваљда...А ако не се изедначи, со тек на време ке се изедначи :)

Убав овој горниов дел за оџакот...Сакам да видам слика коа ке биде финално направен :))

Не сум чул лош збор до сега.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1360 на: 29 Ноември 2012, 21:53:44 pm »
     Да резимираме (потсетник и за Тектум Инженеринг):
    
     Треба да се бетонираат грпките (самарите или како ли ги викаат и да се замени - има една скршена) и притоа да се израмни врвот на оџакот со 10 цм бетон за да може да го монтираат петлето (мајсторот рече дека го израмнил веројатно мислејќи дека нема да можам да се качам горе и проверам, ради кичмава - ама изгледа изумил дека идам кај Туран :D)!
     На лимарот му остана уште поклопец за водоводната шахта и предната вертикала од настрешницата.
     Водоводџијата да ја направи најважната ревизија помеѓу куќата и кривината за накај јамата, да се достават 6m фи 100 канализациони цевки до јамата и обезбеди спојот со истата и да ги инсталира санитариите.
     Електричарот треба на таванот да ги постави штекерите и прекидачите на гипс картонот (кога ќе ја постават тервол изолацијата, гипс картонот, бандажирање, 3 цм пресуван стиропор кај прозорите, лепење - да изгледаат како вистински соби БЕЛИ, да не мора да се кречи накнадно ...
     Еден преграден ѕид горе со PVC врата, ламинат со ивични лаксни како и две PVC врати долу.
     Да се дофугираат и надворешните плочки.
     Абрихт (цокле) на фасадата долу и на задниот ѕид еден ред плочки 30цм како цокле.
     Фасадата од страната кај брат ми (што е без прозори) не е еднакво исфарбана (у ствари ужасна е), иако е исушена - треба да се корегира т.е. исфарба повторно, фала Богу има боја!
     Да се стави 2 цм пресован стиропор, мрежа, лепак и абрихт под настрешницата и покривање на гредата со каскада т.е. „вештачка“ греда со истиот материјал.
     Да се достават уште две колони ѕидни плочки во кујната и „лајсни“ долу за истите, како и да се залепат плочки на прагот - подножјето само доле на прозорчето во кујната и да се стави ивична лајсна и(или) голема фуга.
     Да се доископа околу јамата (од десната страна гледано од влезната порта нагоре накај куќата) за кабелот за струја до оградата.
     Да се истампонира стазата од главниот пат долу до крајот на куќата т.е. до ревизијата за канализација која ја заборавија. Договорено е прво со крупен тампон црвен за да залепи убаво за таа земја и да не се растура (докажано кај комшијата), над него оди белиот тампон, а над белиот - ситен дробен асфалт (на најкритичниот дел т.е. од главниот пат до портата)! Асфалтот е гратис од Ѓоре, човекот што врши превоз на материјали од рудникот до плацот - и он го добил гратис ;D
     Ова е вкупно 4 дена работа, со Господ напред, планирано е да се почне (продолжи) во среда, па во сабота би требало да е све готово (во недела не работат). Доколку сметаат дека имаат малку време за да ги дозавршат работите, услови за работа на објектот има и може да започнат со истата на 03.12.2012 во понеделник!
     Тавански скали купив словенски и договорено е да се монтираат во понеделник на 10.12.2012 год.
     Во вторник пристигнува камин Алфаплам и дел од намештајот.
     Во среда (среќно) свечено отварање со винце и печени костени (ако ми донесе Falanga :P)!

ОСТВАРУВАМЕ !!! ;)
« Последно менување: 02 Декември 2012, 10:28:17 am djidji »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1361 на: 29 Ноември 2012, 22:03:19 pm »
Ако ти дојдат некој кондоми од мајстори, ке плукаш по материјалот, после, нели, све ке ти биде проблематично...
Односно на тој што е пишман коа ти работи и не му оди работа од што е пишман, налет...Све после ке му смета...Почнувајќи од лепак, па плочки, па фуга и на крај ке ти иде у курац да го отераш...
А си се убил од кеш пари давајќи за материјали...
Ако ти кажам дека купував лепак, Цересит 16-ка, за плочките да се залепат како што треба, па после тоа купував ХЕМА, специјален лепак за лепење на плочки на подно греење, а не лепак за ПЛОЧКА НА ПЛОЧКА, како што се сите научени кај нас, итн итн да не објаснувам...Мислам дека ова со куќава ми дојде премногу...Па не физички што се оболев, ке се оболам и психички од тоа како постоеле два типа на лепак...Обичен кој се користи и за горе и за доле и лепак за плочка на плочка, па и не ме чуди фактот што сите носат Цересит 9-ка и 16-ка, едниот е за све, а другиот за плочка на плочка или пак Кемабонд 109-ка универзален кој го зимаат за све :) и никој не се пожалил нормално. ОФ лелеееее мори мајкооооооооооо, пусто имееее...
Да не терам даље...Постојат нормални смеси за фугирање, како ЈУБ да речам, постојат смеси со силиконски примеси и санитар примеси кои се користат во влажни простории, на пример туш кабини, ги има Цересит и се по 350 денара па нагоре, анти бактериски итн итн итн, цела наука е ова...
+ гледам овде по западов, изгледа глупави се, што најдоле каде што се спојува подот и зидот и ќошевите во купатилата се све направени со силикон и тоа од програмата на Henkel...Мислам дека и кај нас имам видено Henkel силикони...Силиконот е толку многу јак, што просто не ми се верува...Еве веќе по ред ова ми е трета или четврта година како што доаѓам во апартманиве, ништо не е МРДНАТО!!!! Све е исто...Дури пробав онака сељачки да го закорнам, НЕМА ШАНСА...Бев вчудоневиден!

Сакав да купам и да донесам два силикона за дома, да ги решам тие делови, цената на еден од 300мл е околу 15 евра...Ама за да не се товарам, мислам дека ги има и кај нас, и тоа во Хубо, но ако случајно некој види нешто вакво нек ме извести до понеделник, вторник....
Pattex Express Silikon , му е правото име!
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1362 на: 01 Декември 2012, 17:28:08 pm »
Некое сликиче од денес - ДЕНСКИ, да се види подобро што, како ... :)
Освен една скршена грбка (самар) или како ли се вика незнам што МОРА да се замени со нова - генерално работите ми изгледаат О.К.
Денес бев презафатен со некои семејни работи, така да ова ми беше од секундарно да не речам терцијално значење :D
Од Тектум Инженеринг не барам ништо посебно ОСВЕН да се појави на теренот во среда према договорот и да си го потврди статусот на озбилна компанија и со тоа да се дистанцира од оние клишираните македонски квази фирмички кои ти се јавуваат и во еден свет ден како недела за да те убедат како се они најдобри, најефтини, најквалитетни и дека твое е само да им ги дадеш парите и ич да не те боли глава за другото, не треба банкарски гаранции и тн, ддв-то ќе ти го додадат на договорената цена ...
Како и да е, лично верувам дека техничкиот прием на објектот ќе биде во вторник, затоа што свеченото отварање е договорено за во среда и дека озбилно ќе си ја сфатат работата, нема да ме (не дај Боже) посрамотат ! За тоа однапред им пожелувам лесна работа, добра организација - под надзор на медиуми се, не е прилика за авантури и сл.
Поздрав Тектум Инженеринг, Ве сакам !!!








Еве ја скршената грбка што треба да се замени со нова:









Ѓубрево што го направиле ќе треба да си го соберат:



Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1363 на: 01 Декември 2012, 17:30:47 pm »
Џиџи при озеленување на дворната површина искључиво да бараш кокошкино џубре.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1364 на: 01 Декември 2012, 17:37:40 pm »
Ако ставаш зимзелени не ги ѓубри ќе изгорат.
Така ми кажаа денес.