Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854246 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1200 на: 17 Ноември 2012, 11:52:05 am »
Јасно ми е :), само муабетот ми беше дека сигурно за тие проблеми што ги зборувате има веќе смислено техничко решение кое може да сепримени

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1201 на: 17 Ноември 2012, 11:58:22 am »
1. Влагата доаѓа од истекување, од атмосферски води (на приземје) и остало. За таа влага зборувам.

2. Кондензација е тоа што го зборуваш. Но, воздухот од собата мора да стигне  до ѕидот за да кондензира. Стиропорот го спречува да стигне, и аналогно на тоа ја спречува кондензацијата. Меѓу стиропорот и ѕидот има само заробен воздух кој неможе да предизвика кондензација.

Отсутен sinisaa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1202 на: 17 Ноември 2012, 13:29:17 pm »
Има ли некој информации или да сподели некое искуство за цена и услови за градба на еко куќи, по можност цврста градба. Еве некои линкови за монтажни, пошто не успеав да најдам конвенционални:

http://www.geo-ing.com/
http://www.ekoproekt.com.mk/
http://www.hot-hot.com.mk/
http://www.lesnina.com.mk/

Во главно бараат да се доведат струја и вода, а некои бараат и претходно да имаш направено плоча на која ќе ја постават...

Отсутен sinisaa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1203 на: 17 Ноември 2012, 13:33:26 pm »
eve ti edna adresa:kobil@t-home.mk i tel:047225353,047225354
« Последно менување: 17 Ноември 2012, 15:28:40 pm sinisaa »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1204 на: 17 Ноември 2012, 22:03:38 pm »
Рокот за изградба према Договорот истече!  >:(
Јебига, живот тече даље, људи пишу романе ...  :-\
За жал изненадувањето на деценијата што толку долго грижливо го подготвував ми пропадна  :'(
Знам, Бранко е крив !!!  :o Ги молам адвокатите и останатите од Министерство за правда (а богами како што успеав да забележам ги има многу  ::) ) да ме контактираат по ПП.
Еве некои слики од денеска (инаку фасадерите се ТОП луѓе, најтопло ги препорачувам - од Скопје се ...)!  8)





















Изведувачот е писмено опоменат и даден му е дополнителен рок од две недели, колку што реално и му треба да го доврши проектот. Од мене толку од Господ повеќе!

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1205 на: 17 Ноември 2012, 22:30:37 pm »
Џиџи,  инвеститоров на твојот разглобен на темава проект, имаше одлична можност, ама се усра!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1206 на: 17 Ноември 2012, 22:33:51 pm »
Џиџи,  инвеститоров на твојот разглобен на темава проект, имаше одлична можност, ама се усра!

Те разбирам  :-[

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1207 на: 18 Ноември 2012, 01:13:54 am »
Одлично излегло куќичево. Со одличен snipe window над настрешницата ;D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1208 на: 18 Ноември 2012, 08:36:12 am »
Хаха да, баш така, фала Фаланга :)
FYI тој snipe window го платив дополнително на договорената сума :o Беа договорени два такви горе дури беа дефинирани и димензиите... сеа уствари сфатив дека тоа било ради повеќе наменската функционалност ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8372
  • Плинаш!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1209 на: 18 Ноември 2012, 13:02:54 pm »
Ајде Џиџи се гледа крајот. Со среќа нека ви е.
 Ах, само нервози со тие наши фирми за градба.
 Најбитно, чувај здравје, другото ке си дојде на свое место.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1210 на: 18 Ноември 2012, 13:23:27 pm »
Фала Жиле ! Да, шуќур се ближи крајот:) Работите продолжуваат, се гради квалитетно како и до сега, има уште доста недовршени работи, ама ќе МОРА да се средат во најбрз можен рок заради временските услови...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1211 на: 18 Ноември 2012, 22:52:05 pm »
     Работите забрзано се одвиваат! МОРА све да се заврши за две недели. Се надевам дека времето ќе не послужи... Ќе треба прво да се изградат армираните бетонски стази во должина од 50 метри (2 х 50цм) т.е. 50м2 (армирана мрежа 0.8, бетон 4 м3) за да може да се обезбеди непречен пристап од главниот пат до објектот за пренос на материјали, бидејќи теренот е глинест и кога е мокро опасно е дури и пешки да се искачуваш, па да не се случи нешто несакано не дај Боже ...
     Денес се стави и мрежата на фасадата и конечно викендицата не е повеќе карабина, туку заличе на куќичка ;)
Еве некои сликички да се види до каде е работата, а следно на ред ПОД ИТНО мора да дојдат лимарите за да ја заштитат фасадата од вода ...






















     Два дена треба да се суши, па ќе се продолжи со фасадата, абрихт 0.2 гранулација (линиски надолу на ѕидовите, а кружно на еркерите). Бојата би требало да биде кајсија. Во меѓувреме, лимарите утре ќе земат мерки за опшивање на оџакот кој треба да се дигне над билото, за олуци, да се избуши дупка за канализациона вентилација, незнам плочки, струја и тако даље ... има уште доста работа, ама пошто екипата на Тектум Инжинеринг се покажа како доста брза, ефикасна и квалитетна до сега - сигурен сум дека ќе ја дозавршат до први Декември. Треба да се оди на лов, скара нели, зимување, ... :) Штета само што ми пропадна изненадувањето за годишнината, ама тоа е тоа, не вреди да се плаче по истурено млеко туку да гледаме бар да се досреди како што треба тоа што останало.
     И да, комшијата до мене т.е. до брат ми (кој ја одложи градбата до даљнег) почна денес да гради, yarre не се изјасни уште како комшија од мојата страна (со уште двајца негови пријатели) до каде е работата, а денес дојдоа и еден брачен пар од подолу (под нас - под патот) кои исто така сакаат да градат! Море што лесна нога сме имале :D Со мојот тоа се вкупно 7 потенцијални објекти... Машала ! Ќе има кај да се иде на кафе, ракиица, салатиче и лаф муабет  ::)
     CarClub го има екслузивитетот каде единствено се објавуваат сите работи и тоа сукцесивно, а по завршувањето на проектот идејата ми е тука да објавам „Изградба на викендица во 100 слики“ и линкот да го објавам и на други македонски форуми ... ЗДРАВЈЕ !!!  8)
     

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4712
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1212 на: 18 Ноември 2012, 23:34:15 pm »
Џиџи,каде е иначе местово?може си пишал ама да не барам.ако имаш на мапа да обележиш најубаво.
иначе за куќава,ми падна у очи тоа прозорот над влезната врата.ако е со поглед на Скопје или на некоја поголема површина плаче за чукање у било кое време:)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1213 на: 18 Ноември 2012, 23:41:20 pm »
Мило ми е, супер е кутивчето, карамелка  :-*
Чекам уште слики од фасадата во финална изработка, мада и сега горе/долу спие фасадата.
Фасадерите на бизнисменот се или???

Ах маки, кога ќе ми текне дека ова ме чека...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1214 на: 19 Ноември 2012, 00:18:53 am »
Џиџи,каде е иначе местово?може си пишал ама да не барам.ако имаш на мапа да обележиш најубаво.
иначе за куќава,ми падна у очи тоа прозорот над влезната врата.ако е со поглед на Скопје или на некоја поголема површина плаче за чукање у било кое време:)

41.919986,21.412803 (maps.google.com)

Мило ми е, супер е кутивчето, карамелка  :-*
Чекам уште слики од фасадата во финална изработка, мада и сега горе/долу спие фасадата.
Фасадерите на бизнисменот се или???

Ах маки, кога ќе ми текне дека ова ме чека...

Фала и не се секирај - слатки маки се ова :)
Фасадерите се од Скопје у приватна режија (работат фасади, гипс картон, малтер ...) и се одлични мајстори! Ако ти треба контакт, пиши ПП.




     Сакав да прашам нешто: Изведувачот вика дека не е згодно за изградба на бетонските стази, заради што не е натапкан теренот и да се чека пролет ??? Не ми е јасно дали може повеќе да се натапка, кога нон-стоп коли и камиони поминуваат тука. Како и да е нема шанса да чекам пролет со тоа повеќе што планирам цела зима да одам таму, а вака како што е (леплива, лизгава, глинеста, црвеникава кал) нема теоретски шанси да се искачам (неколку пати ќе се превртев настрана ...), а главниот пат долу е претесен да се остави колата од страна  :-\ 
     Во консултација со инженери, падна предлог патот (стазата) да се истампонира. Се работи за 50 метри должина, а ширината е 3 метри. Комшијата до мене одлично ја истампонира со машинерија и одличен камен од рудник со различна гранулација (мислам прво крупниот, па средниот, па најгоре најситниот). Исто претходно има направено и комшијата под патот. Немам искуство со ова, па би побарал совети, како оди оваа работа, со каква механизација, какви камења/песок се потребни за ова и во колку слоја т.е. која е минималната дебелина (висина) на слојот што треба да го има тампонот, колку пари би ме коштало и т.н. Колку е трајна оваа работа? Фала ви унапред на сугестиите !