Што мислите како ќе ви биде потопло у зима - ако облечете еден џемпер онака дебел, тежок, набиен или неколку блузи една врз друга ? Што мислите зашто ?
Џиџ, нема никако да ни биде потопло...Исто ке ни биде...

Облеката не допринесува за наше греење, туку не дозволува да ни се олади телото. Пошто и сам знаеш дека ако се оладиме, ондак сме спремни за кај Бога

Тука не се работи за Бога, се работи за нас...Малку е слично...Можеш да гледаш од повеќе аспекти...
Прво. Во трврдо пресуваниот стиропор имаш многу помали воздушни меурчиња. Исто како и кај блоковите. Што повеќе воздушни прегради, толку повеќе препреки итн итн , јасно ти е нели?

Има многу материјали за и околу тоа кој е поефикасен. По спецификација, поефикасен е повеќе килскиот. По кажувања на некој лица, стручни нестручни, наводно ради поголемите воздушни меури, повеќе воздух циркулирало, па не се дозволувало кондензација во внатрешноста. Но кондензацијата во внатрешноста е како резултат на нешто друго, а не тоа они што го кажуваат па нема везе со реалноста...
Инаку со стиропорот се спречува оддавање на топлината на ѕидовите кон надворешноста. Па логички е да треба да се стави подобра препрека за да се случи тоа...Односно според спецификација треба да се стави материјал со помал индекс на термоспроводливост. Односно ефикасна термичка бариера.

Едит:
EPS
Експандиран полистирен (ЕПС), е општо индустриско име за белиот и крут материјал произведен преку експандирање на полистиренски перли со пареа и врзување преку притисок во блок или калап. ЕПС-от просечно се состои од 98% воздух и 2% тврда маса (полистирен). ЕПС-от се употребува во градежната индустрија за термичка изолација и разни пополнувања. Исто така се употребува во најразлични апликации за пакување.
Експандираниот полистирен ги поседува следниве карактеристики:
-Топлотна изолација: λ=0,035-0,041 W/mK
-Релативно голема механичка цврстина
-Мала тежина: 15-30 кг/м3
-Мала апсорпција на вода: 1,5-3 %
-Голем отпор на дифузија на водена пареа
-Лесна и едноставна обработка
-Самогасливост
-Еколошка компатибилност
Полето на примена на различните типови на ЕПС е директно поврзано со декларираната цврстина. Најчесто се употребува за топлинска изолација на:
-Надворешни ѕидови како дел од фасаден систем
-Внатрешни ѕидови
-Подови
Styrofoam - Екструдиран полистирен
STYROFOAM™, сината екструдирана полистиренска пена (XPS), е изолационен материјал со исклучителни карактеристики, развиен во фабриката на The DOW Chemical Company во далечната 1941 година. Се произведува во плочи, кои поради супериорните својства, различни од останатите изолациони материјали, наоѓаат широка примена во Градежништвото. Во Македонија, поради недоволното познавање на изолационите материјали, често пати се меша со обичниот експандиран полистирен.
Заради технологијата на производство со екструдирање, плочите имаат еднолична структура на затворени ќелии. При вградување, оваа затворена ќелиска структура нуди бројни предности и посебни особини:
ниска вредност на топлинска проводливост за долг период,
одлична механичка цврстина,
нема капиларно впивање,
висока отпорност на влага,
постојаност на циклусите на замрзнување и одмрзнување,
долг рок на употреба,
мала тежина и лесно обработување,
лесно се сече со едноставни алатки
отпорен на трулење и стареење,
чист, без мирис и не ја надразува кожата.
Ваквите карактеристики овозможуваат вградување на STYROFOAM производите без заштита од влага во посебните системи на изолација, како што се инверзивни рамни кровови, надворешни подрумски ѕидови, изолација на подот под плочата како и изолација против замрзнување во стамбени згради и инженерски објекти.
Предностите на користењето на STYROFOAM изолацијата се очигледни за проектантите, изведувачите и инвеститорите:
Постојана и високо-квалитетна топлинска изолација на објект за цел период на негова експлоатација
Долгорочно и сигурно решение дури и кога изолацијата е сместена на надворешната обвивка на објектот во остри климатски услови, директно изложена на влага и појава на замрзнување и одмрзнување.
DOW разви палета на изолациони материјали изработени за посебна намена, направени за да исполнат барања за различни услови на примена:
ROOFMATE™ за изолација на кровови, подови и конструкција под земја,
FLOORMATE™ за изолација на стамбени и индустриски подови, темелни плочи,
SHAPEMATE™ GREC-A – со рапава површина – за изолација на ѕидови, цоклиња и заштита на топлински мостови.
Во склад со прописот EC 2037/2000, за сустанците кои трошат озонска обвивка, DOW сите свои производни места на STYROFOAM во Европа ги пренесе на работа без HCFC.
DOW нуди широка палета на изолациони решениа кои што се произведени со CO2, така наречена, група на производи на STYROFOAM-A.
Примена:
Коси кровови
Проодни кровови
Зелени кровови
Подрумски ѕидови
Подови
Изолирање на термички мостови и фасадни ѕидови
Внатрешна изолација на ѕидови
Камена волна
Камената волна е еден од ретките материјали кој освен за топлотна изолација се употребува и за огноотпорна заштита на објектот. Камената волна е производ добиен преку топење на камен од вулканско потекло.
Камената волна ги поседува следниве карактеристики:
-Топлотна спроводливост: λ=0,035-0,040 W/mK
-Голема механичка цврстина
-Голема тежина: 30-200 кг/м3
-Негорлив материјал: Класа А1
-Мах. работна температура: 750⁰С
-Добар звучен изолатор
-Еколошки производ
Камената волна се употребува како топлинска изолација кај:
-Коси кровни конструкции (помеѓу рогови)
-Систем на спуштен плафон
-Преградни монтажни ѕидови и ѕидани сендвич ѕидови
-Надворешни ѕидови во систем на вентилирана фасада
-Надворешни ѕидови во систем на контактна фасада
-Подови
-Проодни и непроодни рамни кровови