Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854324 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1185 на: 15 Ноември 2012, 21:22:43 pm »
Доволно е на столбот да има изолација минимална колку да го пресече студот. На изолацијата никад доста. Никогаш нема крај. А инаку покрај стиропор за зидовите, може и да се стави наместо класични ферт греди и монти. Јас сакав така ама славо стоев финансиски. Стиропор е свецка работа. И јас би се сложил со 8-ца за килажата на стиропорот, иако има некој други тврдења. Дека не се ставал тврдо пресуван, туку лесно пресуван ради што знам, наводно да дишеле зидовите. 8-ца може постручно да го објасни тој ефект, а ако имам и јас време може ке пишам нешто.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1186 на: 16 Ноември 2012, 08:59:04 am »
Нема што да се зборува за стиропот.
Изолазија со стиропот е најевтина и најпримитивна.

Најбитна работа за фасадата е безбедост. Како таа се понаша на оган, високи темп, ниски темп, механички удар.
Заради тие причини се препорачува минимален 70кг/м3.

Ако некој го интересира вистинска фасада (за разлика од овие кај нас, децките играчки) повелете на вентилирана фасада.
http://www.sto.at/evo/web/sto/32279_DE-Vorgehaengte_hinterlueftete_Daemmsysteme-StoVentec_Fassade.htm

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45189
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1187 на: 16 Ноември 2012, 11:13:59 am »
Нели беше стиропоР а не стиропоТ?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1188 на: 16 Ноември 2012, 13:15:10 pm »
Нова иновација е стиропот, компот од стиропоР :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45189
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1190 на: 16 Ноември 2012, 13:29:11 pm »
Кај нас е најзастапено BASF-овото име. Никој не го вика стајрофоум.... „каква ти е фасадата? Стајрофоум ми е...“ е*ати муабетот :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1191 на: 16 Ноември 2012, 16:54:51 pm »
Кај нас е најзастапено BASF-овото име. Никој не го вика стајрофоум.... „каква ти е фасадата? Стајрофоум ми е...“ е*ати муабетот :D
Палома.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1192 на: 16 Ноември 2012, 18:05:33 pm »
Дебел тврдо пресуван стиропор многу килски-најбоља термо изолација ... Хммм filipv, што мислиш ти баш бе интересира :) Нели воздушните меури у стиропорот у ствари беа пресудни за високиот степен на топлинска изолација? Што мислите како ќе ви биде потопло у зима - ако облечете еден џемпер онака дебел, тежок, набиен или неколку блузи една врз друга ? Што мислите зашто ? ;)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1193 на: 16 Ноември 2012, 18:09:05 pm »
Си тура чоекот изолација, можда се бучни док се онадат. Вие одма на греење пребацивте ;D ;D :D ;D ;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1194 на: 16 Ноември 2012, 19:22:28 pm »
Што мислите како ќе ви биде потопло у зима - ако облечете еден џемпер онака дебел, тежок, набиен или неколку блузи една врз друга ? Што мислите зашто ? ;)

Џиџ, нема никако да ни биде потопло...Исто ке ни биде...
:)
Облеката не допринесува за наше греење, туку не дозволува да ни се олади телото. Пошто и сам знаеш дека ако се оладиме, ондак сме спремни за кај Бога :)
Тука не се работи за Бога, се работи за нас...Малку е слично...Можеш да гледаш од повеќе аспекти...
Прво. Во трврдо пресуваниот стиропор имаш многу помали воздушни меурчиња. Исто како и кај блоковите. Што повеќе воздушни прегради, толку повеќе препреки итн итн , јасно ти е нели? :)
Има многу материјали за и околу тоа кој е поефикасен. По спецификација, поефикасен е повеќе килскиот. По кажувања на некој лица, стручни нестручни, наводно ради поголемите воздушни меури, повеќе воздух циркулирало, па не се дозволувало кондензација во внатрешноста. Но кондензацијата во внатрешноста е како резултат на нешто друго, а не тоа они што го кажуваат па нема везе со реалноста...
Инаку со стиропорот се спречува оддавање на топлината на ѕидовите кон надворешноста. Па логички е да треба да се стави подобра препрека за да се случи тоа...Односно според спецификација треба да се стави материјал со помал индекс на термоспроводливост. Односно ефикасна термичка бариера. :)

Едит:
EPS

Експандиран полистирен (ЕПС), е општо индустриско име за белиот и крут материјал произведен преку експандирање на полистиренски перли со пареа и врзување преку притисок во блок или калап. ЕПС-от просечно се состои од 98% воздух и 2% тврда маса (полистирен). ЕПС-от се употребува во градежната индустрија за термичка изолација и разни пополнувања. Исто така се употребува во најразлични апликации за пакување.

 

 Експандираниот полистирен ги поседува следниве карактеристики:
-Топлотна изолација: λ=0,035-0,041 W/mK
-Релативно голема механичка цврстина
-Мала тежина: 15-30 кг/м3
-Мала апсорпција на вода: 1,5-3 %
-Голем отпор на дифузија на водена пареа
-Лесна и едноставна обработка
-Самогасливост
-Еколошка компатибилност

Полето на примена на различните типови на ЕПС е директно поврзано со декларираната цврстина. Најчесто се употребува за топлинска изолација на:
-Надворешни ѕидови како дел од фасаден систем
-Внатрешни ѕидови
-Подови

Styrofoam - Екструдиран полистирен

STYROFOAM™, сината екструдирана полистиренска пена (XPS), е изолационен материјал со исклучителни карактеристики, развиен во фабриката на The DOW Chemical Company во далечната 1941 година. Се произведува во плочи, кои поради супериорните својства, различни од останатите изолациони материјали,  наоѓаат широка примена во Градежништвото. Во Македонија, поради недоволното познавање на изолационите материјали, често пати се меша со обичниот експандиран полистирен.

Заради технологијата на производство со екструдирање, плочите имаат еднолична структура на затворени ќелии. При вградување, оваа затворена ќелиска структура нуди бројни предности и посебни особини:

    ниска вредност на топлинска проводливост за долг период,
    одлична механичка цврстина,
    нема капиларно впивање,
    висока отпорност на влага,
    постојаност на циклусите на замрзнување и одмрзнување,
    долг рок на употреба,
    мала тежина и лесно обработување,
    лесно се сече со едноставни алатки
    отпорен на трулење и стареење,
    чист, без мирис и не ја надразува кожата.

Ваквите карактеристики овозможуваат вградување на STYROFOAM производите без заштита од влага во посебните системи на изолација, како што се инверзивни рамни кровови, надворешни подрумски ѕидови, изолација на подот под плочата како и изолација против замрзнување во стамбени згради и инженерски објекти.

Предностите на користењето на STYROFOAM изолацијата се очигледни за проектантите, изведувачите и инвеститорите:

    Постојана и високо-квалитетна топлинска изолација на објект за цел период на негова експлоатација
    Долгорочно и сигурно решение дури и кога изолацијата е сместена на надворешната обвивка на објектот во остри климатски услови, директно изложена на влага и појава на замрзнување и одмрзнување.

DOW разви палета на изолациони материјали изработени за посебна намена, направени за да исполнат барања за различни услови на примена:

    ROOFMATE™ за изолација на кровови, подови и конструкција под земја,
    FLOORMATE™ за изолација на стамбени и индустриски подови, темелни плочи,
    SHAPEMATE™ GREC-A – со рапава површина – за изолација на ѕидови, цоклиња и заштита на топлински мостови.

Во склад со прописот EC 2037/2000, за сустанците кои трошат озонска обвивка, DOW сите свои производни места на STYROFOAM во Европа ги пренесе на работа без HCFC.

DOW нуди широка палета на изолациони решениа кои што се произведени со CO2, така наречена, група на производи на STYROFOAM-A.

Примена:

    Коси кровови
    Проодни кровови
    Зелени кровови
    Подрумски ѕидови
    Подови
    Изолирање на термички мостови и фасадни ѕидови
    Внатрешна изолација на ѕидови

Камена волна

Камената волна е еден од ретките материјали кој освен за топлотна изолација се употребува и за огноотпорна заштита на објектот. Камената волна е производ  добиен преку топење на камен од вулканско потекло.

 

 

Камената волна ги поседува следниве карактеристики:
-Топлотна спроводливост: λ=0,035-0,040 W/mK
-Голема механичка цврстина
-Голема тежина: 30-200 кг/м3
-Негорлив материјал: Класа А1
-Мах. работна температура: 750⁰С
-Добар звучен изолатор
-Еколошки производ

Камената волна се употребува како топлинска изолација кај:
-Коси кровни конструкции (помеѓу рогови)
-Систем на спуштен плафон
-Преградни монтажни ѕидови и ѕидани сендвич ѕидови
-Надворешни ѕидови во систем на вентилирана фасада
-Надворешни ѕидови во систем на контактна фасада
-Подови
-Проодни и непроодни рамни кровови
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1195 на: 16 Ноември 2012, 19:31:22 pm »
Верувам Сале-сигурно е така! Ја како што реков не се разбирам во материјали и градба, ама физиката ми идеше онака ко мал ... ;)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1196 на: 17 Ноември 2012, 11:30:06 am »
каква изолација да ставаш пак ќе има мала кондензација,највеќе мислам ја има на стиропорот.бидејќи недава да дише зидот.
најдобро е мислам ако е внатрешна изолација на зид со стиропор,после изолацијата да има мал воздушен тунел=брана или растојание од 1-2 см,како би можело природно да се вентилирала кондензацијата.
или сега незнам какви матерјали има,можеби има матерјал или самата глет маса е таква што го упива малиот процент на влага=кондензација.
најдобро е да нема големи температурни разлики надвор внатре и со тоа да нема кондензација :)
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1197 на: 17 Ноември 2012, 11:35:26 am »
Маци ти зборуваш за внатрешна влага. Кондензација неможе да има таму.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1198 на: 17 Ноември 2012, 11:45:26 am »
Нема вие што да мислите цела наука си е тоа си има инженери :).
Тоа ние на балканов ни наш што измислуваме топла вода за да скрпиме нешто посолидно тоа е друг муабет.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1199 на: 17 Ноември 2012, 11:48:10 am »
Маци ти зборуваш за внатрешна влага. Кондензација неможе да има таму.
влагата е производ на кондензациијата.
ако имаш зид од цигла со обична фасада без било каква изолација, кој зимно време е камен ладен -10,а внатре имаш стиропор и собата е топла 25 степени,мислиш нема да се јави влага помеѓу стиропорот и зидот?

никола,си правиме муабет,разменуваме идеи :)
форд фиеста 1,4 тдци