Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854029 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1170 на: 15 Ноември 2012, 12:52:52 pm »
И така ја си спијам мирно и спокојно во една ваква куќа... И кога рече, една ластовичка почна да си прави гнездо, горе кај настрешницата... Некст тинг ај ноу, јас и ластовичката спиевме во исто гнездо, пошто попуштија ѕидовите и падна плочата.

Ќе продолжам да бидам исклучително скептичен за вакви работи, пошто се далеку од заебанција.
;D ;D

Добра ти е прикаскава, ама не реална.

Оди до бирото кај тебе на работа, каде што има градежни инженери ќе ти објаснат што значи 70 - 100кг/м3 пресован стиропор.
А и за сето ова да биди уште појако, се става премаз лик на малтер кој има дебелина од 3-4 см. Така да тоа го прави доста тврдо. Потврдо од гипс картон со тервол.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1171 на: 15 Ноември 2012, 12:53:38 pm »
А ако не знаеш од што се направени ѕидовите, ќе ти бидат за верување? Цела Америка се базира на ignorance.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1172 на: 15 Ноември 2012, 12:55:00 pm »
Онда колку густо ќе бидат распоредени столбовите?

Не ми е реално, да праиш ѕид од куќа, да речеме 10 метри и помеѓу носечките столбови да има 2 арматурни мрежи со стиропор меѓу нив. Едноставно не ми е за верување.

Се знае кои се димезиите за премостување со армирано бетонски столбови.
Оптимум на осовинско растојани на столбови 6м, 7,2м- до макс 8.4м

Секако кај прозорите ќе има додатно појачување, како што има и со тула. Надпрозорник и подпрозорник.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1173 на: 15 Ноември 2012, 12:55:39 pm »
За фасада се предвидува МИНИМАЛНО 10см 70кг/м3 за подрајче на Скопје. А за оптимална варијанта и до 20см.

Наспроти твојот став е ставот на изведувачи на фасади дека се` што е над 30 кг/м3 е многу круто за фасада и постои можност при земјотрес да испука поради крутоста. Твое мислење?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1174 на: 15 Ноември 2012, 13:03:57 pm »
И така ја си спијам мирно и спокојно во една ваква куќа... И кога рече, една ластовичка почна да си прави гнездо, горе кај настрешницата... Некст тинг ај ноу, јас и ластовичката спиевме во исто гнездо, пошто попуштија ѕидовите и падна плочата.

Ќе продолжам да бидам исклучително скептичен за вакви работи, пошто се далеку од заебанција.
;D ;D

Добра ти е прикаскава, ама не реална.

Оди до бирото кај тебе на работа, каде што има градежни инженери ќе ти објаснат што значи 70 - 100кг/м3 пресован стиропор.
А и за сето ова да биди уште појако, се става премаз лик на малтер кој има дебелина од 3-4 см. Така да тоа го прави доста тврдо. Потврдо од гипс картон со тервол.

Знам што значи 70-100 кг/м3 пресован стиропор.

Онда ај да разгледаме и друга варијанта. Имајќи предвид дека ете имам појма колку чини 30 килски асолен стиропор (не ќе да е баш евтин), ме интересира колку уствари ќе чини, да направиш ѕидови со ваков вид на стиропор (70-100 кг), арматури од двете страни на истиот, и додатно и 3-4 цм малтер (што мислам дека е малку за асолно да се покрие арматурата и да не попука при посилни напрегања/потреси/слично)? Дали ќе фати поевтино од „конвенционалната“ градба (тули и слично)? И дали е навистина толку подобро (читај енергетски и термички ефикасно) во однос на „стандарден“ ѕид со асолна фасадна изолација?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1175 на: 15 Ноември 2012, 13:12:36 pm »
Не ги имам точните спецификации на материјалите за можам да пресметам.

Можно е да доста поевтино од класична градба. А како што јас си го замислувам во главата со мноооогу јак стирпор, можно е да и доста појако изолиран до класична градба. Притоа да не го мешаме ова со вентилиран систем на фасада.

STO фасада кошта 20€ од м2 во најевтината варијната со 10см 70кг/м3 стиропор и сите попратни работи.
Со 50 год гаранција.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1176 на: 15 Ноември 2012, 13:16:52 pm »
Шо знам, сумњиво ми е :)

По принципот на „Док не пробам лава, за мене је свиња краљ животиња“ :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1177 на: 15 Ноември 2012, 13:48:12 pm »
Ете ќе го нафураме Маци или Зврки да направи ваква куќа, па ќе се натрескаме добро и ќе ја тестираме.
;D ;D

Edit: Едон можи и зоља да ни набави.


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1178 на: 15 Ноември 2012, 16:31:17 pm »
Упаѓам у темава али може некој знае спас од влагата на северниот ѕид секоја година покажува влага така и оваа летово го испрскав со саво и ја снема и го окречив али деновиве гледам пак почнаа дамки да се појавуваат на ќошовите,а во кујната дека е оделена од дневната северниот ѕид го поминав со син камен па ке видам дали ке има ефект али се познава кај е поминато со него.Па за во дневнава дали спасот е да се стави некоја изолација добра или има некое сретство со што ке премачкам и ке ја нема више.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1179 на: 15 Ноември 2012, 16:34:14 pm »
офарбај со мрсна боја,и после тоа пројди ја со поликолор

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1180 на: 15 Ноември 2012, 16:56:15 pm »
У везе со цената на градба кај овој систем е 400 евра/м2 клуч на рака со се темелната изведба која е исто со стиропор или 300 евра без темелниот дел. Иначе гарантират издржливост до 10 степени земјотрес. Рок на градба 60 дена.

Од оваа слика се гледа колу се дебели панелите и како се редат со арматура


А овде се гледа како се малтерисува и како се фасадира


Еве и видеа како се монтираат и како се гради со овие панели

http://www.ecobest.gr/EnglishPage/english.html
« Последно менување: 15 Ноември 2012, 17:43:31 pm Zvrki »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1181 на: 15 Ноември 2012, 17:47:22 pm »
Панеливе се супер. Само ми штрчи една работа. бетонските столбови не се изолирани ни од внатре ни од надвор (или се минимално) Тврдам дека ќе почне да кондензира на тие места. Треба да се ВОВЛЕЧАТ бетонските столбови повнатре и од надвор да се поминати со некој ред стиропор.

Тогаш оваа градба ќе биде супер. Гарант.

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1182 на: 15 Ноември 2012, 18:21:58 pm »
Има изолација ако го прегледаш видеата ќе приметиш дека панелниот ѕид го поставуваат 5см надвор од објектот за да добијат простор за да ги покријат столбовите ( а 5 см е доволно)
« Последно менување: 16 Ноември 2012, 00:11:03 am Zvrki »

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1183 на: 15 Ноември 2012, 19:28:51 pm »
Zvrki  ќе се сложам со цената, на саем лани прашав изгор скапо е.

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1184 на: 15 Ноември 2012, 21:22:20 pm »
Zvrki  ќе се сложам со цената, на саем лани прашав изгор скапо е.

Зашто скапо. Ако е се како што тврдат дека има заштеда на енергија и до 80% (нека е 50% еве) инвестицијата се исплатува на долг рок (всушност куќа се прави еднаш во животот). Еве за разлика од Hot-Hot кои ти викаат направи ни постамент (кој ти нема да го направиш со ваква изолација во темелот) ние ќе ти ја изградиме куќа (која нема бетон и носечки столбови) кои исто така тврдат дека се енергетско ефикасни (чисто се сомневам дека се толку ефикасни) ќе те чини на пр.

80м2 х 280 евра = 22400 + 3000 (отприлика за плочата)= 25.400 евра

овој систем
80м2 х 400 евра = 32.000 евра комплет

разлика 6.600 евра кои и не се премногу и мислам дека после години користење на двата објекта ќе се изгуби комплетно оваа разлика преку заштедата.