На сликата од Куоре се прикажани златни туји, не чемпреси. Тие растат, ама не толку брзо како аризонски чемпрес (тениските терени во Александар палас се заокружени со вакви дрва, но тие ги имаат пуштено во облик на дрво со крошна, а може да ги кастриш и во облик на ограда). А багрем не би ставал, з`ш ако малку заборавиш да го кастриш, ќе имаш чудовиште во двор, многу се шири, има трње, и не ми е баш по мерак. Мој избор за брзорастечка ограда е аризонски чемпрес бидејќи треба да го пазиш само дур се фати, потоа и пепел сува да е земјата, не се суши, но нормално поспоро расте. Со вода и ѓубрење глатко ќе го дигаш 50 см годишно, + се кастри по желба и потреба.
А ако ви треба ограда на деликатно место/ земја каде тешко успеваат други, таксуси се многу добри, но споро растат, али затоа се многу трајни и отпорни, и исто се кастрат по потреба, и тоа и еднаш годишно може да е доволно. Живите огради во цел Версај се направени со таксуси, ама не прашувај колку години ги растеле
