Џиџи што план имаш за предниот дел од дворот ?
Саше, куќава лепота, само и фали едно 1000 м2 двор.
Па нешто вака отприлика имам испланирано:
Над куќата кај шумичката (во скриениот дел) од горната страна ќе стои резервоарот за вода 1м3 (во средишниот дел горе), бокс 2-3м2 за дрвца за греење и остава за алати (баш позади куќата - „скриени“ и тие). Можно е во земја да ископам дупка (природен фрижидер) за пијалаци и сл. Ќе поставам систем капка по капка за дрвата и останатите растенија (цвеќиња...).
Под терасата од куќата ќе има некоја фонтана (водопад или сл. - дајте идеи, препорачајте луѓе, цени...), кај Елките големи (од предна страна) планирам летњиковац (дрвен најверојатно, петтоаголен-исто барам препораки, цени, идеи...), некаде у близина дворна чешма (неизбежно), ѕидана скара од Бриколаж и на источната страна до оградата мала црквичка (ако познавате кој гради вакви би било супер. Во Аеродром кај Bosch некаде сервисот има една ваква поставена на паркингот-од Бурекџилницата била, а е монтирана баш пред едни „бои и лакови“ мислам дека се, ова е од страната на трговскиот позади Веро т.е. Комерцијална банка накај Фармахем Лабораторијата...). Средниот дел од плацот е наменет за играње (фудбал, бадминтон, фризби ...), во лето најверојатно тука ќе се постави и монтажен базен, а долниот е комуникација - (кружен) пат, паркинг и сл.
Сите добронамерни идеи и предлози се добредојдени! Праќајте слики, идеи и сл., а здравје на пролет или лето ќе се пристапи кон нивна реализација (ако даде Господ)!