A да им отидеш ти до канцеларија, чисто онака?
Денес е во Солун, проверено. Како и да е, најверојатно нема да дојде додека не го покрие објектот во Кавадарци кој моментално го гради (подрум, плоча и уште две плочи изнад, па незнам таван, кров ...). Тоа е целата работа (по Договорот кај мене има време до 13 Ноември, при усното договарање се спомна рок од 45 раб.дена, но на Договорот си даде фора уште 20 дена, нормално, да не плаќа пенали), ваму не сакал да чека со оваа нова и поголема инвестиција-плашејќи се да не ја пропушти. МАДА, по моја препорака треба да гради еден објект од мојата десна страна и уште три објекти од левата страна (гледано од патот према викендицата), го заборавив и брат ми (е сеа плоча и септичка со канали за почеток, ама кој ти дава нели - после сигурно би одел на карабина и тн. етапно, спрема можностите нели?) како и уште еден во Кавадарци - што е пак инвестиција од cca 100000 евра. Сите од нив чекаат да го видат крајот на мојот проект, нормално нели?!
Не се нервирам што во моментов работи на друг објект (пред потпишувањето на Договорот баш му го спомнав ова и рече дека во ваков случај ќе се гради паралелно на две места), се нервирам ради изговорите дека наводно очекува панели за врата и незнам каков специјален (велелепен) панел за влезната врата и ради тоа што закажува конкретни термини на кои не се појавува, а мене одењето до таму и назад ми е 50 км х 10 пати ~ 500км. Па јави се барем дека нема да дојдеш и готово, луѓе сме нели ИЛИ кажи отворено - ќе дојдам кога ќе го покријам поголемиот објект што го градам паралелно и крај - тоа е тоа, све ќе разберам и нема да има нервози. Нервозите потекнуваат од изговорите и НЕјавувањето дека нема да дојде на закажаното!
Све е до човекот, не сме сите луѓе исти, нели, а и фала Богу што не сме - немаше да биде интересно иначе. Човекот го проценив како деловен, професионален, стручен, експедитивен, амбициозен, чесен, семеен и не згрешив! - едино забораев дека таквите луѓе обично цело време се зафатени
За крај, да не се разбереме погрешно - не пишувам да се пожалам, пишувам зашто чувствувам морална и етичка потреба за тоа, ви ветив на сите, а за мене дадениот збор е светиња ! Поздрав до даљнег

П.С. Молам да се воздржите од коментари, особено со недолична содржина. Форумов е јавен, а го следат и гореспоменатите субјекти кои можда еден ден ќе станат и пријатели на форумов... спонзори, нели
