Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1853002 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #825 на: 21 Септември 2012, 23:39:07 pm »
Кога почнав да ја градам куќата направив математика колку ке ми побара фирма и колку ке ме кошта самиот да ја правам.Одлучив сам да ја правам и ме кошташе скоро исто(ни многу поскапо ни многу поевтино,ништо значително).
Е сеа,знам шо сум направил,знам каков материјал сум ставил,каде сум ставил и сл...
Некој ке рече,дека добра и сериозна фирма ке го завршела истото,но се сомневам дека ке го направеа онака како јас и тимот од мајстори го направија...



 Многу си у право, ама многу е маката...Веруј...Многу поспоро оди, ама па кеиф прави :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #826 на: 21 Септември 2012, 23:55:41 pm »
Кој го интересира врвен квалитет на градежни материјали од секаков тип, нека ме бара мене.
Добив зелено светло за соработка со еден од најдобрите брендови во архитектурата и градежништвото.

Нудиме проктирање и продажба на материјали сега за сега. А можно е и изведба, ама треба да се преоговара за тоа.
Многу интересно за наше поднебје се фасадните системи на STO со 40 год. гаранција.

www.sto.com
http://www.sto.com/evo/web/sto/4061_HR-Sto_Croatia.htm



Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #827 на: 22 Септември 2012, 00:03:26 am »
Ако сам не си мајстор ништо непраиш. Ќе те изгорат. Многу станови и куќи поминале. Најубаво е нешто о почеток кога правиш, односно најлесно. Најлошо е кога преуредуваш стан, има да се усереш од "ПАМЕТНИ" мајстори. На крај сакал неќел мајстор ќе станеш. Иначе секогаш е најдобра варијантата со фирма да се договориш или пак група мајстори кои се уиграни и си работат.

Имав една случка, правевме веце од почеток све. Дојде ред за врата да се стави. И сега доаѓа вратаров гледа и вика нека дојде првин електричарот нека спроведе кабли и плочкарот нека стави плочки. Доаѓа струјаџијата и вика вратарот првин вратата да ја стави, плочкарот исто. И ме ребраа така недела дена :D :D . На крај сите тројца ги ставив во едно место и се договорија.

Друга случка имав со еден водоводџија, дечкото мислеше дека е ајнштајн .Ми исправаше криви дрини цела еб*на недела како требало да биде. Јаму викам тука сакам чешма тој не ваму, таму ќе останувала водата и ќе се ладела, а пола метро беше разлика :D . Да е посмешно двајцата братучеди на женава се водоводџии браќа. Работат во Масон, работат на големи објекти. Не можеа да дојдат. Ама недела дена заебавање кога слушнаа го избркаа и во едно попладне го завршија вецето. 150 евра џабе му дадов на тој :D .

Исто со еден мајстор праевме нешто доградба, ми прави ѕид 10цм крив, ај та него цел ден ме убедува како е прав а од 100 метри се гледа крив у пм ;D
Абе свашта имало :D :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #828 на: 22 Септември 2012, 02:17:06 am »
На нас дома еден паркетар, многу искусен нели ставал ламинати во спортски сали(пред 16-17 години ова) ни го реди ламинатот и го лепи. Татко ми кој е економист и нема појма од подови му објаснуваше дека не се лепи ламинат. Овој упорен го залепи, после неколку дена се дигна ламинатот и се направи планина :) Мајсторот се смени, изведувачот плати нов ламинат и еве го 17 години покасно не мрдна. Од тогаш се што.е со паркет ни прави Љупчо, познат стана во Скопјево и може да го знаат тие што се бават со тоа.

Иначе куќа/стан од 80м2 не би се согласил дека се оптимум за четиричлено семејство. Бар 100-120м2. Не праам муабет за викенд куќа. Иначе и во 300 би живеел, немам проблем со поголем простор ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #829 на: 22 Септември 2012, 02:20:44 am »
Кога почнав да ја градам куќата направив математика колку ке ми побара фирма и колку ке ме кошта самиот да ја правам.Одлучив сам да ја правам и ме кошташе скоро исто(ни многу поскапо ни многу поевтино,ништо значително).
Е сеа,знам шо сум направил,знам каков материјал сум ставил,каде сум ставил и сл...
Некој ке рече,дека добра и сериозна фирма ке го завршела истото,но се сомневам дека ке го направеа онака како јас и тимот од мајстори го направија...



 Многу си у право, ама многу е маката...Веруј...Многу поспоро оди, ама па кеиф прави :)
Џабе не е речено,на душманот посакај му куќа да почни да гради.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #830 на: 22 Септември 2012, 11:06:14 am »
Хахаха ја па сум на друго мислење, иако сум занатлија да речеме :) Дај Боже друг да ми работи, а ја само да ги гледам, контролирам и санкционирам :D Сам да работиш нешто што не ти е струка е незахвална работа - ќе се изнамачиш, здравјето ти отиде, а и којзнае дали така ќе го сработиш баш како што треба или само си мислел дека те бива и дека можеш да сработиш, а грешката сам си ја плаќаш! Како и да е, не бадијала народот рекол дека СЕКОЈ КЕИФ СЕ ПЛАЌА ! ;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #831 на: 22 Септември 2012, 12:12:52 pm »
А бе донекаде си во право. Можда незнам да ѕидам, малтерисувам итнитн, ама дека некој подобро ке намести некој работи од мене, нема теорија. Пример: припрема за гипс картон и негова нивелација потоа и монтажа (не ми е ни од блиску струка) , нивелација и редење на штафни за патос, а потоа и патос (не ми е струка и никад не ми била, а неколку стручњаци за таа проблематика се чудеа на начинот и принципот за редење и ковање на даските, и никогаш не чуле за истата), штек контакти, прекидачи итн окочу електриката и така натака. Да не набројувам понатаму, а ако некој сака ке му кажам :-). Некој работи навистина не можам да ги работам. Едноставно немам време а и не сум уигран, но тоа не значи дека не сум ги работел: глетување, кречење, лепење плочки... Инаку заворавив да кажам дека комплетно целиот одвод сам со таткоми го поставив, а за цевките за вода имав мала помош од братучед кој тоа го работи, но финесите пак сам си ги доправив.
Ниедна работа фатена од мајстор не ми била сработена до крај како што треба и е ред, освен човекот што ми ја редеше шиндрата, луѓето што ми ги местеа прозорите, луѓето за влезната врата и човекот за глетување и кречење. Другоно све багра, збирутија, фушерај невиден. Комплетната инсталација за струја ја местев со помош на вујкоми, па заради тоа што знае каков тупаџија сум за секоја жичка прашуваше што и како треба да биде. Останато све сработив сам со таткоми, па дури и изолацијата на ѕидовите и ситедруги преправки после енеписменотијата од мајстори.
Најубаво ми е и мене коа ке седам на столче и ке си пијам ракија и ке си мезам салата, а тука работат мајстори, да ама како оние од ЕУ каде се знае ред за работа и начин. Ова параспуриве не смееш минут сами да ги остаиш зошто одма гледаат да замачкаат нешто.
Да не зборувам колку пари сум заштедел на работна рака. Некому можеби тоа не му значи, но јас не земам плата 1500, 2000 евра па да немам проблем со тоа.
:-)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #832 на: 22 Септември 2012, 16:05:27 pm »
Сале апсолутно си у право и имаш комплетна подршка од мене за све !!! Поентата погоре ми беше дека ипак поскапо ќе ти излезе сам да градиш - потрага по избор на материјали, потрага по најдобри цени, набавка на материјали за градба-транспорт до дома, утовар-истовар, обезбедување на простор за материјали и работа, земање неплатен одмор од работа, повторно потрага по непланирани материјали кои ти недостасуваат у моментот, амортизација на твојата кола, некоја казна успат за погрешно паркирање или сл., нервози дома и кавги со најблиските, нема да си го видиш детето со месеци, многу ракија ќе испиеш и мезе ќе изедеш до крајот на работата, у ствари затоа можда некои и викаат дека куќа се прави цел живот :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #833 на: 22 Септември 2012, 16:20:35 pm »
Toa e tocno djidji. I od moeto taze iskustvo mislam deka nemozes sam kako sto mozat da sredat majstori sto rabotat cel zivot. Znaat i po nekoja caka, i ti ne se umaras so skoro nisto.
E sega koga ke stigne vnatre veke e drug muabet. Ama pa i za toa ne bi si stavil doverba vo svoi race. Sam da zalepam plocki sigurno nema da e isto kako i plockar. A posle toa CEL zivot ke gi gledam i ke mi bodat oci ako ne se kako sto treba...
Eve ide red za plocki kaj mene zatoa zboruvam. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #834 на: 22 Септември 2012, 17:13:33 pm »
Сале апсолутно си у право и имаш комплетна подршка од мене за све !!! Поентата погоре ми беше дека ипак поскапо ќе ти излезе сам да градиш - потрага по избор на материјали, потрага по најдобри цени, набавка на материјали за градба-транспорт до дома, утовар-истовар, обезбедување на простор за материјали и работа, земање неплатен одмор од работа, повторно потрага по непланирани материјали кои ти недостасуваат у моментот, амортизација на твојата кола, некоја казна успат за погрешно паркирање или сл., нервози дома и кавги со најблиските, нема да си го видиш детето со месеци, многу ракија ќе испиеш и мезе ќе изедеш до крајот на работата, у ствари затоа можда некои и викаат дека куќа се прави цел живот :)
Со оглед на тоа дека на 100 метри од куќата има стоваришто од кое ги земав материјалите,пола од напишаното не важи  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #835 на: 22 Септември 2012, 21:27:10 pm »
Сале апсолутно си у право и имаш комплетна подршка од мене за све !!! Поентата погоре ми беше дека ипак поскапо ќе ти излезе сам да градиш - потрага по избор на материјали, потрага по најдобри цени, набавка на материјали за градба-транспорт до дома, утовар-истовар, обезбедување на простор за материјали и работа, земање неплатен одмор од работа, повторно потрага по непланирани материјали кои ти недостасуваат у моментот, амортизација на твојата кола, некоја казна успат за погрешно паркирање или сл., нервози дома и кавги со најблиските, нема да си го видиш детето со месеци, многу ракија ќе испиеш и мезе ќе изедеш до крајот на работата, у ствари затоа можда некои и викаат дека куќа се прави цел живот :)

Све се средува...
Нервози имаш секако...Скоро секоја фирма има камион со кран, така да не е проблем ни транспорт, нит утовар нит растовар...Све машински прават... :)
Еве јас пример ке ти дадам...
За НАЈГОЛЕМА среќа таткоми е пензионер, па набавката на материјали воопшто не беше проблем...Мајсторите секогаш имаа на време тоа што им треба...Цените ги договоривме од едно стовариште, и се од таму земавме...Без никаков проблем. Луѓето беа албанци и стварно попрофесионален и покоректен однос јас немав видено..Секоја чест...Стовариштето е накај Сарај, го заборавив името...За да го препорачам некому...+ ни дадоа попуст и секој пат ни носеа се на нарачка по телефон...
И се заебавме со наш човек...Демек ке ни донел одлична граѓа, незнам кави даски за каратаванот и тн итн...
Гредите беа 50:50...Даските беа катастрофа...Некако поминаа се исковаа, но човекот не доби пари...Прво испадна нефер, донесе она што не му беше нарачано, и донесе шкарт..Притоа таткоми му рече да си го врати материјалот пошто тоа не е тоа...Но испаднаа некој други работи, па спуштање на цена и тоа дури на пола, да не ти се поверува итн...
Сакам да кажам по препорака како може да ти го начукаат...Е сеа криво ми е што немаа во моментот албанциве материјал за да земеме од нив, а неможеше да се чека два дена...Кровот не чекаше :)
Како и да е се заврши работа...

Е сега...Најдобра варијанта е да си земеш предузимач, фирма или било што и да ти прават...
Како ти што си направи...
Меѓутоа, кај нас многу ретко можеш да најдеш некој што ке ти ја избрка работата така како што треба, ако не го пазиш..Немој да ми речеш НЕ, пошто знаеш и сам дека е така :)
Али, многу е фер ако ја поправат грешката која ја направиле, нели? :)
Само јас многу се нервирам кога некој прави грешки и тоа намерно, со цел да помине поефтино, односно да ќари повеќе. 95% кај нас се такви...
Едно збори, едно ветува, прави трето и на крај те убедува дека е така..
Бев убеден за кај мене дека топ плочкари ке ми ги залепат плочките, но го сменив мислењето...За жал...Истите луѓе сум ги препорачувал, на 100 места сум ги пратил, фатија еден куп работи, али познавајќи ја работата која ја имаа завршено пред неколку години...Сега тотално различно...Значи почнале да одат на квантитет, брзи се, али квалитетот е со оценка од 1 до 5 некаде 3 на 2, односно може и 2 на 3...
Дури и не ми се веруваше... Али јеби га...тоа е..
Неможам сам да работам све...
Ѕидарите пола цигли ги вртеа, пола ги искршија, малтер ставаа кај што не треба, а кај што треба немаше, на места кај што не сме ги пазеле ѕидале колку да ги треснат циглите, на едно место дур од горе до доле имаше 4 сантима разлика која ја забележивме тек после месец дена, малтерџијата забушаваше со равнање, лимарите го искасапија лимот, па демек требало јас да им кажам од кај да одат вертикалите и како да одат...Па да го ебам...Ако бев лимар немаше да ве викнам вас, али после нив јас уште три дена преправав они што усрале...На хоризонталите погрешен агол им дале. Па побогу олукот треба да служи за истекување на водата а не да изиграва аквариум...
Понесен од таа работа, решив се што можам да си работам сам...Никаде не се брзам, фала богу имам и кај да седам и да живеам, па она што го правам и во кое треба да живеам сакам ако ништо повеќе барем да биде квалитетно направено...
Да не претерам но до сега сум уштедел на работна рака околу 1500 до 2000 евра...
Поскапо можда ке испадне глобално, но и поквалитетно веруј :)
Понекогаш се чудам зошто и некој работи толку скапо ги плаќам кога не вредат ни за пола цена?!?!?

Реков...90% се све тежок фушерај...
Гипс картон....
Цена на местење е 3 евра квадрат...Профили и табли, и бандажирање...За глетување и кречење уште две евра...Значи комплет 5...
За 100 квадрата одприлике, требаше да дадам околу 500 евра работна рака...
Патос...Местење на штафни, нивелирање и ковање на даските, 5 до 6 евра квадрат...
70 квадрата по 5 евра 350 евра...
Никад ама НИКАД мајсторот нема да го нивелира патосот како што тоа јас го правев...Зошто? Зошто сум луд и сакам да ми биде либела...Секоја штафна со секоја во секој правец  е изнивелирана...Стегната со штраф за бетон, директен, плус штафната е премачкана со фирнаез, + залепено од доле со пурпена...Ставена дупла изолација..Начинот на ковање го прикажав...Сите што дојдоа немаа појма дека така се кова патос....Па јебига, кој мој мајстори сте по 50 години и се фалите, а не сте виделе како се кова патос???
Лепење на надворешни ѕидови со стиропор и спремање се до позиција за фасада...5 евра по квадрат....
Јас до сеа залепив околу 100 квадрата, значи 500 евра...
Струја поставување, односно каблирање итн итн, со поставување на телефонска инсталација, компјутерска мрежа, видеофонија за отварање на врата, кабли за камери и оптички кабли...
Се рачуна по сијалично место, односно тука спаѓа ваљда секоја дозна...Ако почнам да ги бројам ке се изгубам, пошто има многу...Има само околу 40 шуковци на спратот...околу 25 сијалици и уште толку прекинувачи, односно и повеќе пошто голем дел од нив се наизменични. Интернет и телефонски приклучок во секоја соба. Еве нека се околу 80 приклучоци, односно сијалични места по 5 евра = 400 евра... Врзување на две спратни табли, една со 36 осигурачи и една фи склопка, и друга спратна табла со 18 осигурачи и фи склопка...Тарифата за врзување на табла е +, а и не ја знам цената...Некој нека каже колку е ако знае...
Значи до сеа стигнавме до цифра од 1750 евра одприлике + спратните табли значи убаво реков 2000 :)
Таблите може да ставам слика да видите како изгледаат, како везени...Стегнати и дотерани за мерак...
Местење на подпрозорски даски, од прилике околу 10 евра од прозор за должен метар...Материјалот си го купив за по 5 евра должен метар, местењето ми е мое, така да и тука има некоја уштеда од околу 100-тина евра :)))
Поставување на цевки за парно греење...Цена ОНАК може да даде, пошто немам појма како тоа оди...Материјал си купив, и си започнав со редење...Пошто е многу фер дечко, се слушнав со него, помина и беше задоволен од она што го виде...Наредено, стрегнато, дотерано...За аматер ко мене, го добив следниов (комплимент го сватив) коментрар: Исто како јас да сум ги редел...

Само ке речам...
Тоа што го правам си го правам со кеф и за моја душа...
Тоа што го работам ме исполнува и ме прави среќен. Си правам за мене, си правам за да уживам...

Бидејќи работам специфична работа, џиџи знаеш, за истата сум школуван секаде само не во Македонија...
Тоа ме прави малку поразличен во погледите на работата и пристапот на истата...
И многу сум среќен ради тоа...Да најдам некоја слика, ке ја поставам за да се види чисто како изгледа она што сум го сработил како краен резултат...
Кога размислуваш на друг јазик, и кога ја работиш разликата размислувајќи на другиот јазик, сваќаш дека ова тука што ке ти го сработи некој, нема благе везе...Чест на исклучоците, кој по моја груба проценка се 5%.
Крајот го краси делото...Финишот нас секогаш ни фали...Уствари нас ни фали и од почеток, а за финиш да не зборам...
:))
Лелеее забегаф од зборење...Ај доста...
ЏИЏИ дај слики да видиме до кај се овие твоиве стручњаци :)))

едит:
Toa e tocno djidji. I od moeto taze iskustvo mislam deka nemozes sam kako sto mozat da sredat majstori sto rabotat cel zivot. Znaat i po nekoja caka, i ti ne se umaras so skoro nisto.

Точно Дени...Знаат цака како да ти го начукаат и да те поебат додека не си со нив и додека се сами...Ке ти поставам слики, мада ке треба многу..
Наместо да ти постават профили за кнауф кој ке ги држат таблите гипс, они ке ти ги заштрафат профилите на кнауфот, за да он ги носи нив...
Кога се полуписмени, и не знаат да измерат и ке ти поебат некоја лајсна, ке ја настават најсељачки за да не одат да купат, пошто е нивна грешка, а чини само 200 денари...Одпосле ке видиш пошто јако камуфлирале...
Плочките по кошевите се само делумно залепени, пошто КОШУЛИЦАТА била криваааа, а он на глетарица лепел плочки....
Лим закован у цигла со шајка...
Цигла свртена контра-така требало, финта, по твое цака за да не ти ја кршел, демек...Му ебам копитото необразувано...Инаку ке треба да ја сече циглата со шмишајбна...Тука имаш трошок на камен, прашина и изгубено време...Не му е у корист...Пак на ЦАКА те фатил...
Последните цигли се клатат како пијаница, пошто му зафалило малтер, па да не се симиња ги наредил онака, колку да стојат додека си отиде, па после ти чуди се што е работата...
:)
Да ти набројам уште некоја цака? Или доволно ти се? :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #836 на: 22 Септември 2012, 21:57:59 pm »
ako roki pisi gi cakite da znaeme na sto da obrneme vnimanie  ;)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #837 на: 22 Септември 2012, 22:18:07 pm »
Денес идејќи на гроздобер ги видов куќите на Хот и Хот, убаво изгледаат само многу се некако блиску...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #838 на: 22 Септември 2012, 22:51:05 pm »
http://www.hot-hot.com.mk/hot-hot-city/galerija/galerija.html

Населба е затоа се блиску.

Сале, се потрудив да го прочитам текстот до крај и успеав :) Што да рече човек коа збориш со чисто срце од лично искуство - тоа е тоа! Не треба да е човек перфекциониста и претерано амбициозен, работите едноставно не се идеални како и све друго у животот. Поентата е да се стремиме кон идеалното, да ама не по секоја цена. Животот е еден, а стварите околу нас не се вечни. Panta Rei ;) Ја забегав со колата на пример, ама фала Богу ми дојде памет колку толку на време :D Не дека ќе ја запустам, таман работа, ама у најмала рука нема толку да и се тресам  8) Она треба на мене да ми служи, а не ја на неа  ::)
Иначе немам нови слики, мајсторите се на заслужен одмор до среда ;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #839 на: 22 Септември 2012, 23:15:13 pm »
Тачно :))
Што си им дал бре толку многу одмор???
Кој ке чека до четврток ондак..Многу време...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.