Значи патосот е 10 евра квадрат. Толку јас го платив од Мега - Куманово. Истата продавница ја има и во Скопје.
Само има мала финта во рачуниците и можеш да се заебеш. По правило треба да се рачуна покривна површина на даската, а они ја рачунаат површината со се нутот. Ј-бга, и јас незнаев, па сва среќа ми текна, прашав и така испадна па си земав од старт колку што стварно реално ми треба...Инаку ке ми фалеа неколку квадрата па после ке имав проблем додека да купам , па док ми донесат уште 5 квадрати итн итн...
Е сега имаш на ова и штафни, тие не се скапи, но мора да се добро исушени...Штафните ме фатија околу 100 евра за површина од 67 квадрати, мислам дека од прилике толку беа. Заборавив

))
Јас ги импрегнираф и штафните, така да тоа ти се дополнителни трошоци околу 800 денари, па имаш хидроизолација која се става доле, цена од прилике околу 1000 денари за споменатата површина. 2000 плехчиња, 2700 денари, 4 кила шајки околу 1000 денари, штрафови по 6 денари комад, а потрошив околу 600, значи 3600 денари, + изолација за под патосот. Таа незнам колку пари беше...60 денари квадрат кнауфот и рачунај колку е цена на квадрат на стиропор единица. Уште не сум го шлајфувал и лакирал, а тоа е цирка од 500 до 600 евра во зависност од материјалите... Е сега спобери, па подели со квадратурата, подели и ке видиш колку ке испадне...Работна рака не платив, го местев сам, не рачунам амортизација на бормашините и скршени бургии за бетон, кој не се баш ефтини...6,5 мм бургија со должина од 180 мм или 200 мм чини околу 300 денари, а се скршија можда 4 комада....Зошто се буши и штафната и бетонот...Па дрвото ја усијува бургијата и знае да пукне

Мислам дека се на се околу 20 до 25 евра по квадрат одприлике...Не сум израчунал тачно....Толку ке му дојде со се како што треба...Инаку можеш и м ногу поефтино да поминеш
