Тука со Онак, ич не се слагам. Гасот дома е благодет, котелот за греење и топла вода е голем како 1/3 машина за перење. Прашајте билокого во Хрватска ( таму е скоро секаде гасифицирано по домаќинствата ) да ви каже сметка во зима, ќе паднете у несвест колку се ниски сметките.
Знам за стан во Вараждин, 92 квадрати, 4 члено семејство - месечно е околу 40 евра за греење и кување и туширање, во зима. Лето е 12-15 евра за истото без греење.
Земете во обзир, зградата е нова, но генерално Вараждин е ладен град преку зима, ( немаат потреба од климатизери преку лето ).
Камо среќа гасот во Скопје да дојде побрзо.