Точно...Апсолутно се согласувам со 8-ца...Е сега...
Јас стално го спомнувам тој разумен компромис во такви ситуации...Добар мајстор во таков случај ке направи разумен компромис, мислам на плочкар рецимо. На пример...На првото скалило ке стави добри 2 цм лепак, нели, не е добро да има толку, но единственото решение е тоа...На втората ке намали пола сантим, на третата сантим, и одприлике ке се дотера колку толку...Првата нормално ке биде пониска за 3-4 цм, но што е тука е...Последното скалило наместо 17 ке биде 23 цм...Тука е поголемиот проблем...Односно ке треба по малку да се креваат последните три или 4 скалила за по нешто повеќе од 5 мм за да се добие тој таканаречен фамозен компромис
Односно наместо 23 цм, растојанието да се смали на некој си прифатливи 20 цм, со тоа што претпоследната ке биде 19, па 18 и се до онаа каде што ке имаме реални 17 цм...
Значи лошото планирање од старт прави дополнителни главоболки и проблеми, но сепак може да се дојде до некакво си решение....