Јас не сум правел моја куќа, па тоа значи дека незнам и дека треба да пишувам на оваа тема?
Не, но доколлку немаш пракса, доколку не си се соочил директно со градежништво, џабе ти е све...
И напротив, треба да пишуваш, треба да слушнеш практични совети, треба да се учи на туѓи грешки, треба да се дискутира и да се раземнат мислења за да се научи нешто, нели?...
Почетнички грешки? Тоа архитекти кои мама и тато му ја дале дипломата
Не се мешај и во архитектура.
90% е така, но и не е така...10% фатални почетнички грешки ги прават врвни архитеткт...
Еве ти конкретен пример...Архитект-ка, која важи за една од најдобрите во државава, случајно се погоди на другар да му биде роднина од женска страна...Молим те кажи ми како заборави да го постави носечкиот столб, за кој има и пресметки и се, а во цртежите го нема? И после да се чуди на лице место што направила, односно што тоа се десило, па неколку дена да се менува целиот концепт на проектот??? Притоа тој ист проект бил проверен, заверен итн со све комплетна документација во општина???
)
Втор пример...Пример најпрост со скали во куќа...Стамбена куќа...Првата скала треба да биде повисока од останатите за минимум 5 до 7 санитими, а последната пред плочата најниска за 5 до 7 сантими...
Пошто знам дека студираш архитектура, мислам дека си паметен дечко, па можеби и ке ти текне зошто...И ако ти текне, сподели го мислењето со сите нас.
Фала
Отвори проекти, и кажи ми каде по проектите тоа е така направено? И така обележено?
Друга работа:
Сале тебе ти скапува железото (арматурата) во столбот, гредата ? Ако ти скапува, значи нема бетон околу него. Зеленко Зеленко Зеленко
А дрвото се заштитува, со разни бои, лакови средства така би траело 100години.
Јас констатирав дека си паметен дечко...Точно така...
Инаку ниедно железо не скапало доколку е во бетон, итонг или некој друг градежен матерјал...Скапувањето на железото односно негово оксидирање е заради кислородот. Т.е врзувањето на кислородот со молекулите на железото и создавање на оксидни соединенија...Но ако на време истото се заштити нема да дојде до оксидација...
Бетонот може да се распадне само и ако само се исуши 100%...Во тој случај се претвора во пепел...Или пак доколку е изложен на некакви надворешни услови кои предизвикуваат ерозија на истото. Или пак доколку при правењето на смесата од цемент, песок и вода, истите компоненти се измешани во несоодветен однос, или мајсторски кажано посен бетон, мрсен бетон...Посниот бетон има премалку цемент и е на база на песок, па по некое време заради раскинување на врските или народски кажано испарување на молекулите на вода, кои всушност ги прават врските и цврстината на бетонот, тој почнува полека да се рони....Доколку бетонот е на база на цемент, ако не му се долива доволно вода додека е во фаза на созревање, заради развивање на голема температура при создавање на хемиските врски, доаѓа до испарување на молекулите на вода и повторно смесата нема доволна влажност за да остане компактна и цврста, па истиот бетон народски кажано прегорува и повторно почнува да се рони...Затоа и ако ви текнува, плочи и столбови и тазе бетонирани површини се прскаат со вода неколку дена...Додека бетонот да созрее...Инаку созревањето е 21 ден, а потоа останува одредена количина на влажност која го држи онаков каков треба да биде...
Дрвото е природен материјал и нормално е дека мора да се заштити како и сите други материјали...
Инаку и тоа ке се распадне...Нормално...
+ на дрвото мора да му се симне кората, онаа природната, бидејќи тоа е основен елемент за почеток на негово уништување...Доколку на греда, даска или било какво парче дрво остане со кора, црвот одма го напаѓа...Дрвото за кратко станува пепел...Пријатно...
Е сега...Мислам дека со ова расчистивме...
За изолации и изолациони материјали да дискутираме? Баш ми стана интересно?
Итонг е еден од најдобрите термоизалоциони така да ги наречам цигли за градба...Тоа дека е канцероген и дека е незнам што и како, мислам дека е глупо да се дискутира...Да беше така во Германија сигурно 90% од градбите немаше да бидат ѕидани со него.... Многу ми е криво што немав доволно финансии кога мене ми ја ѕидаа куќата да ги направам ѕидовите со итонг, него барав варијанта која е 4 пати поевтина, а тоа беа само цигли...И тоа со што повеќе комоти...Конкретно моите се термоблокови со 7 воздушни комори, но далеку е од топлинската спорводливост која ја има итонгот...+ ако се додаде изолација од стиропор и + демит фасада, прашањето е решено во поглед на изолација...
Еве мојата куќа, односно барака е од 64 година, изработена од сипорекс со пластифицирана фасада, со дебелина на ѕидот од 15 цм и ден денес нема ниту влага, ниту нешто се распаднало, нити па нешто е оштетено...Еден дел кој е заѕидан заради затварање на врата, постојано има проблем со некакво си влечење на влага, кондензација итн...И покрај изолацијата, 5 цм стиропор 25 килски, во многу мал момент повторно се појавува истата работа...Но можам да кажам дека со ставање на изолациониот материјал 75 % ефектот е позитивен....
Даље ме мрзи да пишувам...Ако некого нешто интересира, од човек кој има завршено средно електро, петрохемија факс, работи со медицинска електроника и апаратура, на времето поправал електронски уреди аудио и видео, а во слободно време се бави со аматерско сервисирање на сопствениот возен парк, местење на гипс картон, поставување на електро инсталации и водовод и одвод, лепење плочки, правење фасади и изолации, и све што е поврзано со градење и градежништво, слободно нека ме консултира...
Колку можам ке помогнам