Бетонот како материјал е многу лош по здравјето на човекот. Зборувам за бетонски ѕидови.
Во 40-60 години во светот многу беше популарна модерната архитектура градена од натур бетон (кај нас малку покасно дојде таа мода).
После неколку години на истражување, врвните архитекти дојдоа до заклучок дека таа бетонска маса делува лошо на организмот на човекот. Самите мајстори на модерната се откажаа од тие бетонски објекти.
Кај нас такви се Гоце Делчев студенскиот, Поштата, Архивот.... и други кои не ми текнуваат сега.
Во Гоце тешко на тие што живеат внатре.
Е сега ова YITONG е на база на бетон (олеснат бетон). Јас лично не би го ставил за дома.