@osmica8 како се со квалитет хот-хот и сличниве. Пошто упола цена е од да речеме тврда градба.
Лично не сум видел куќа изградена од Хот- Хот, ама нема што да се сумњам. Квалитетот си е тој, дрво е дрво, плочките и прозорите се исти и кај мене дома и кај нив.
Па незнам дали се упола цена баш. Од прилика градење „класична“ градба кошта 300€ 1м2, до клуч на рака. А ова има некои предности можеби е поевтино во таа смисла.
Јас со еден другар направивме еднаш ваква куќарка, како хот-хот и испадна слична цена со нив. Така да нема причина зошто да купуваш демек бренд.
Јас терминот Еко куќа ја сметам како Green куќа која не троши многу надворешни ресурси, а не дрвена викендица која за да ја загрееш треба 25.000 струја месечно.
Епа самиот си контрадикторен. Еко куќа и Green куќа. Еко е што е изработена од ЕКО материјали, а green е куќа која не загадува, која не троши ресурси.
Кој сака јас ќе му испроектирам ваква куќа. Модерна архтеиктура по избор на корисникот, а не од веќе направен каталог. За исти пари кои и тие ги прават.
Не се лажете не е ништо посебно, не е ништо специално, класична дрвена конструкција, класична градба од пред 1 век.