Може глупо прашање, ама немам искуство со плочки редење никакво. Сакам во кујната да ги извадам старите кои и онака се пододлепени и да ставам нови плочки, одприлика едно 5кв макс е цела работа.
Дали мора да се почни од подот па нагоре или може од горе па надолу, или нема да седат така мора една над друга да се потпираат.
Муабетот ми е да ги менам плочките шо се на видно поле, меѓу висачот и работната маса само. Старите се почнати од подот па нагоре зад работната маса, ама ми е, шо да лепам назад плочки зад цела кујна ко не се гледаат. Ем пари плус за материјал ем трипло работа е, оти повеќе ѕид има шо не се гледа одколку шо се гледа.
Едит : сеа ми дојде идеа, ако неможи од горе на долу со плочките, тогаш вероватно може да нивелирам и заштрафам штица в ѕид па да почнам од неа на горе.
Sent from my Redmi 4X using Tapatalk