Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1591163 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8625 на: 20 Јануари 2023, 10:55:52 am »
Тервол се става надворешно на ѕидот и е најдобар изолатор (секако и најскап) а за во кровот се става стаклена/камена волна.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 20 Јануари 2023, 11:25:15 am riki_staff »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8626 на: 20 Јануари 2023, 11:29:06 am »
Камена волна се става и од надвор. @osmica8 имаш искуство со камена волна како фасада? Ги работи некој кај нас?

Кај стиропорот треба да се направи баланс помеѓу дебелина и густина. Може човек и 50цм да залепи, ама прозорите ќе изгледаат како прозори од бункери.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8627 на: 20 Јануари 2023, 12:07:37 pm »
Камена волна се става од надвор ама се прави посебна конструкција кој потоа се затвара со платна (слично како спуштен таван),не се изработува со лепак,мрежа и абриб.
Незнам дали некој го работи оваа кај нас,доста скапо е..

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8628 на: 20 Јануари 2023, 12:10:46 pm »

...Според тие пресметки тогаш, оптимална дебелина беше 8-10цм вложено/заштедено, ама тоа беше одамна, а како што знаеме "научните студии" се менуваат преку ноќ па сега најверојатно оптимална дебелина на изолација е можеби 30цм :D


Да се вмешам малку во муабетот.

Ајде првен кажи каков е составот на ѕидот комплет.

Ако е 16 блок тула, 10см е мин стиропор што задоволува стандард.
Ако е 20 блок тула, тогаш можи да намалиш на 8 см.

Ќе напоменам дека тоа е МИНИМАЛНО потребна дебелина на контактна термичка изолација што се става на фасада за поднебје како Скопје. За во Битола ќе треба малку да појачаш.
Јас во секој случај би ти препорачал да ставиш што е можно подебел стиропор и поквалитетни материјали.

За лепењето ете веќе си знаеш. Формата и материјалите ги имаш веќе од видеото.
Внимавај само убаво на спојките, опшивките на прозори, аглите. Тука најчесто се прават пропусти.
Полека и доаѓаме до муабетот за целосезонскиѕе гуми, односно дека немаме веќе зими како порано...

И сеа шо праиме ;D



Како шо ти кажа @Carpathian Lord - термичка изолација не се става само за во зима. Таа функционира и во лето.

Заборавив да напоменам дека кога се изолира некој постоечки објект со термичка изолација, треба многу внимателно да се постави изолација и на кровот.
Соодвено за на кров треба да има 20см тервол. Односно 4х5см слоеви.

Често таму не се става изолација или се штеди (се става 5см само) и придобивките од изолација само на фасада не се доволни.

А кој па рече дека не треба изолација?

Јас само поентирав дека стандардите се нестандардни.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 678
  • Pixel Perfect.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8629 на: 20 Јануари 2023, 12:13:58 pm »
Деновиве лепиме преостанат неизолиран источен ѕид на куќата со камена волна 5цм. Другите 3 страни се изолирани со стиропор 5цм од пред 2 години. Сега избрав камена волна оти разликата во цена е само 2 евра на м2, 30 евра е м2 со стиропор 5цм а 32 евра со камена волна 5цм, м2 комплет со материјал и раб. рака. (Струмица)
Камената волна е далеку поисплатлива со перформансите со ваква разлика во цена. Кога изолирав со стиропор пред 2 години цената за камена волна беше повисока.

Камената волна е ФибранГЕО, а освен Кнауф лепак, по страните на панелите додаваме и Вурт пур пена.

Процедурата од прилика е таа:


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8630 на: 20 Јануари 2023, 13:09:36 pm »
Противпожарни типли се тоа?

Се зезаш, заебаваш, што?
Not funny @all ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8631 на: 22 Јануари 2023, 19:56:40 pm »
Противпожарни типли се тоа?

Се зезаш, заебаваш, што?
Not funny @all ;)
Не, не.
туку кога ќе се запали фасадата, да не се одвои лесно.
@SaleSk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8632 на: 25 Јануари 2023, 15:57:53 pm »
Клабери, кажете каде има саглам индикатор за купатило. Моментално имам некој српски од електрометал, ама не го бива, едвај 2 години издржа.
Индикаторот е :
4 х прекидачи
1 х шуко.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1998
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8633 на: 25 Јануари 2023, 16:11:57 pm »
Клабери, кажете каде има саглам индикатор за купатило. Моментално имам некој српски од електрометал, ама не го бива, едвај 2 години издржа.
Индикаторот е :
4 х прекидачи
1 х шуко.
Јас кај мене земав модуларни кој бренд беа не знам комплет идеше тогаш, а штукото со каналче го спуштив доле(надворешен штекер) колку и да не изгледа може естетски за да скратам нервози на индикатори мењање...
На друга локација имам шнајдер галантерија што исто се модуларни и ок се сега за сега.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8634 на: 25 Јануари 2023, 16:39:12 pm »
Само модуларни 20А, не се замарај со оние од Тито кога бил дете.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8635 на: 25 Јануари 2023, 17:12:11 pm »
Ќути. Имавме и такви од титино доба, со темни прекидачи, прсти да вежбаш.
Јас би ставил модуларни, ама не сакаат моите, а станот е нивни.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8636 на: 25 Јануари 2023, 17:26:53 pm »
Ако станот е нивни, а тие се твои, чии се прекидачите?

Кажи им таму побезбедно е, не се зезај... :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8637 на: 26 Јануари 2023, 14:30:33 pm »
Ќути. Имавме и такви од титино доба, со темни прекидачи, прсти да вежбаш.
Јас би ставил модуларни, ама не сакаат моите, а станот е нивни.  :)

Смени ги со модуларни сам.
Сигурен сум дека нема повторно да копаат дупка за да го вратат тоа старото од Тито.

Можи малку ќе ти мрчат, ама ќе сватат дека не се во право за брзо.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8638 на: 26 Јануари 2023, 15:24:58 pm »
Ох. Подобро да не ти кажувам.
Едвај ги смениле тие старите, со нова вертикална дозна и ваков тип на индикатор, не па модуларни.
Ќе прошетам па до електрометал, ако најдам на металка, че земам таков, немам друг избор.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8639 на: 26 Јануари 2023, 15:31:41 pm »
Ох. Подобро да не ти кажувам.
Едвај ги смениле тие старите, со нова вертикална дозна и ваков тип на индикатор, не па модуларни.
Ќе прошетам па до електрометал, ако најдам на металка, че земам таков, немам друг избор.
Имаш.
Модуларни 20А. Еднаш кога ќе ставиш дозна, после се се штрафи на неа и ќе се менуваш кога сакаш.