Пурпената како што држи, ништо не може. Јас доѕидував надворешна врата од 110 на 100 со 10цм сипорекс. Од тоа што ми остана откако ги исеков блоковите, тестирав лепење меѓу парчиња со пурпена и со брз лепак. Потоа пробав да ги одвојам, парчињата со брз лепак напукна додека со пурпената не.
Муабетот, пурпената дава флексибилност и убаво исполнува нерамнини, само бара површините да се чисти и обезмастени.
Маана е што не знаеш колку ќе прошири/одвои пурпената на стиропорот и е потешка за нивелирање.