Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1591612 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8610 на: 19 Јануари 2023, 11:59:52 am »
Тоа ќе да е лепак во лименка, а не пур пена. За тоа и си е наменет.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8611 на: 19 Јануари 2023, 12:02:26 pm »
Јас ти кажувам дека не можеш да изведеш фасада без лепак,оваа е само тест дека пурпената држи и ништо повеќе,лесно е да ставеш една табла на рамна површина,оди изведи цела фасада.
Распрашај некој мајстор и ќе видеш 😊.
Пурпената се става наместо типли и да се исполнува некоја празнина.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8612 на: 19 Јануари 2023, 12:19:56 pm »
Пурпената како што држи, ништо не може. Јас доѕидував надворешна врата од 110 на 100 со 10цм сипорекс. Од тоа што ми остана откако ги исеков блоковите, тестирав лепење меѓу парчиња со пурпена и со брз лепак. Потоа пробав да ги одвојам, парчињата со брз лепак напукна додека со пурпената не.

Муабетот, пурпената дава флексибилност и убаво исполнува нерамнини, само бара површините да се чисти и обезмастени.
Маана е што не знаеш колку ќе прошири/одвои пурпената на стиропорот и е потешка за нивелирање.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8613 на: 19 Јануари 2023, 12:20:06 pm »
Планирам со пур пена да го лепам малце иди поскапо ама оди многу побрзо и нормално типли.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Oва е ваљда фасаден лепак во туба (не обична пур пена), никогаш озбилно не сум ги разгледувал таквите лепаци пошто скапи ми се гледаа на времето. Не знам сега како идат цените. Си правел пресметки колку поскапо ќе ти дојде со ваков лепак, во однос на класичен лепак?

Ова обично го земаат луѓе за помали зафати, ама за цели фасади... Ај баш ме интересира разликата во цена. Имам и јас еден ѕид да го покријам.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8614 на: 19 Јануари 2023, 12:31:00 pm »
Пурпена е подобра, и побрзо завршуваш работа, само што е поскапо од лепак. Ќе купиш пурпена што лепи, нискоекспандирачка.
Типловање мислам дека до 6 или 8м висина не е потребно, и онака пола типли нема да фатат, туку кога ќе се запали фасадата, да не се одвои лесно.
Битно е мрежа и другите салтанати како убаво нанесување за да направи вакум, итн.
За подетални информации да се јави доктор Сашко. @SaleSk
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8615 на: 19 Јануари 2023, 15:22:56 pm »
Противпожарни типли се тоа?

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8616 на: 19 Јануари 2023, 15:32:15 pm »
Јас ти кажувам дека не можеш да изведеш фасада без лепак,оваа е само тест дека пурпената држи и ништо повеќе,лесно е да ставеш една табла на рамна површина,оди изведи цела фасада.
Распрашај некој мајстор и ќе видеш 😊.
Пурпената се става наместо типли и да се исполнува некоја празнина.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8617 на: 19 Јануари 2023, 16:18:33 pm »
Почетник мајстор е во работава...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8618 на: 20 Јануари 2023, 09:03:33 am »
Да се вмешам малку во муабетот.

Ајде првен кажи каков е составот на ѕидот комплет.

Ако е 16 блок тула, 10см е мин стиропор што задоволува стандард.
Ако е 20 блок тула, тогаш можи да намалиш на 8 см.

Ќе напоменам дека тоа е МИНИМАЛНО потребна дебелина на контактна термичка изолација што се става на фасада за поднебје како Скопје. За во Битола ќе треба малку да појачаш.
Јас во секој случај би ти препорачал да ставиш што е можно подебел стиропор и поквалитетни материјали.

За лепењето ете веќе си знаеш. Формата и материјалите ги имаш веќе од видеото.
Внимавај само убаво на спојките, опшивките на прозори, аглите. Тука најчесто се прават пропусти.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8619 на: 20 Јануари 2023, 09:23:13 am »

...Според тие пресметки тогаш, оптимална дебелина беше 8-10цм вложено/заштедено, ама тоа беше одамна, а како што знаеме "научните студии" се менуваат преку ноќ па сега најверојатно оптимална дебелина на изолација е можеби 30цм :D

Полека и доаѓаме до муабетот за целосезонскиѕе гуми, односно дека немаме веќе зими како порано...

И сеа шо праиме ;D

« Последно менување: 20 Јануари 2023, 09:28:36 am Mikius »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14715
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8620 на: 20 Јануари 2023, 09:27:40 am »
Доволно е една година да фати јак студ, па да си караш мајка.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8621 на: 20 Јануари 2023, 09:31:02 am »
Доволно е една година да фати јак студ, па да си караш мајка.
Дај да ставиме пола метро, јер ако фати една недела минус 50 :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14715
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8622 на: 20 Јануари 2023, 10:13:34 am »
Секој со есапот. Изолацијата иначе не те штити само од студ туку и од топло.

Дедото си стави летоска цела нова фасада. Цела дневна и кујна му се на запад, едвај пуштавме клима (ептен кога е жешко само). Претходно не се седеше со „обична“ фасада.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8623 на: 20 Јануари 2023, 10:16:27 am »
Кажав понзад, разликата во цена за доплата до најдебелиот достапен стиропор тоа е мал дел од цената на целата фасада. За едноцифрени проценти разлика во цена зборуваме, а добиваш многу подебела фасада со подобра изолација. Секако ги плаќаш другите ставки кои влечат многу повеќе пари.

Ја на времето морав да ставам 8см пошто подебел стирпор мораше да увезувам. Вака од складиште ти го носат во етапи, да немаш проблеми со складирање купишта стиропор.

Ова е пример на „штедење“ таму каде нема логика да се штеди. Изолацијата заштедува енергија и пари во секоја наредна зима, се што е вложено ќе се врати и потоа ќе заштедите ќе продолжат.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8624 на: 20 Јануари 2023, 10:49:41 am »

...Според тие пресметки тогаш, оптимална дебелина беше 8-10цм вложено/заштедено, ама тоа беше одамна, а како што знаеме "научните студии" се менуваат преку ноќ па сега најверојатно оптимална дебелина на изолација е можеби 30цм :D

Да се вмешам малку во муабетот.

Ајде првен кажи каков е составот на ѕидот комплет.

Ако е 16 блок тула, 10см е мин стиропор што задоволува стандард.
Ако е 20 блок тула, тогаш можи да намалиш на 8 см.

Ќе напоменам дека тоа е МИНИМАЛНО потребна дебелина на контактна термичка изолација што се става на фасада за поднебје како Скопје. За во Битола ќе треба малку да појачаш.
Јас во секој случај би ти препорачал да ставиш што е можно подебел стиропор и поквалитетни материјали.

За лепењето ете веќе си знаеш. Формата и материјалите ги имаш веќе од видеото.
Внимавај само убаво на спојките, опшивките на прозори, аглите. Тука најчесто се прават пропусти.
Полека и доаѓаме до муабетот за целосезонскиѕе гуми, односно дека немаме веќе зими како порано...

И сеа шо праиме ;D

Како шо ти кажа @Carpathian Lord - термичка изолација не се става само за во зима. Таа функционира и во лето.

Заборавив да напоменам дека кога се изолира некој постоечки објект со термичка изолација, треба многу внимателно да се постави изолација и на кровот.
Соодвено за на кров треба да има 20см тервол. Односно 4х5см слоеви.

Често таму не се става изолација или се штеди (се става 5см само) и придобивките од изолација само на фасада не се доволни.