Да пишам искуство со двокомпонентната фуга (што ја препорача осмица).
Тешко и незгодно за работа, брзо се суши смесата и потоа тешко се нанесува. Сва среќа што пишуваа сооднос (кај цересит 89 епокси е 100 спрема 8, компонента А спрема Б) и може помали количини да се мешаат, со кујнска вага мерење и се беше ОК. Целата канта лаик нема шанси да ја сработи за тие ~40-тина минути колку што има време за работа.
Чистењето после фугирањето не е толку тешко како што се плашев (од видеата и коментарите по нет), ама тоа можеби пошто не се ни познава многу на шарени сивкасти надворешни плочки. Има и наменско средство за вадење на фугата од плочките.
Инаку можно е и со пиштол и стара туба од силикон да се нанесува, на почеток од мешањето смесата е доволно течна. Ова за ќошеви, ивици, преспоро е за цела квадратура. Глетарица треба гумена и фина, и за чистење топла вода и повеќе сунѓери, погруби и со поголеми дупки во нив. Епоксидната фуга не се раствара во вода, ама со сунѓерот се ситни и емулзифицира доволно да за може да се собере.
Фино изгледа фугата, и навистина е тврда скоро да не може да се изгребе со алат како штрафцигер.
Се на се ако навистина е трајно решение (или барем долготрајно), ќе вреди и трудот и парите. Од аспект на работа и време многу повеќе ги потрошив на вадење на старата фуга на цементна база. Прво пробав со рачна алатка за вадење фуги, па после со мулти тул (осцилациски) со наменски ножиња за чистење фуги. Првото беше практично бескорисно на здрава фуга (преспоро и претешко) а второто исто беше споро. На крај со брусилица со тенок дијаматски диск завршив работа. Ама мореше споро и пажљиво да се работи за да се иде колку што се длабоки плочките ама не и лепакот под нив, да не се отиде предлабоко и да се оштети изолацијата за вода над кошулуцата.
Во процесот рикнав и една стара правосмукалка, многу прашина се дигаше од брусилката. Изгледа фина прашина поминува низ филтрите и кеста и го сјебува моторот. Какви правосмукалки се користат за вакви „градежни“ работи, знае некој? Можеби од оние за собирање пепел од печки и камини?
Ај да пишам една комшиска мака. Спратот над мене, живее фамилија со 3деца. 13/10/6. По невоспитани и некултурни деца не сум видел. Секоја вечер лупање, трчање, фудбал играње, кај мене доле дупло се слуша. Веќе не се исплати да му одам на комшијата, како бетер да им вика да рипаат и тропаат со топка.
Разбирам дете, ама ако сега од мало не го научиш што е култура, никогаш нема.
Почнав да тропам со мало чеканче од доле, и тогаш се смируваат. Давајте идеи, да ги излудам јас некое време.
Живот во стан = казна.
Овој лупа, тој не плаќа чистачка не чистела добро, третиот пола стан во влез го изнел, четвртиот не дава за струја, не користел....
Рооооокајј 
https://youtu.be/e839iBeupx4
ako ne https://www.youtube.com/watch?v=Mhn9qaTfe2E
Пуштено на нешто како хорнава на сликава долу.
(инаку мислам дека ОП малку ја утна темава)
