Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1853082 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8340 на: 04 Септември 2022, 15:39:52 pm »
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3956011

Прашај ги и дечкиве. Можеби имаат некое решение.

Пред било каков нов слој, мора да се реши порозноста на стариот.

Ја само ќе истакнам колку внимателно, прецизно и педантно работеше ликот. Освен што внимаваше како мачка за да не остава стапки во премазот, на крај дури ги соблече чизмите со кои газеше по премазот за да не остави флеки насекаде по асфалтот наоколу, кои ќе останат сега, секогаш и во вечни вековиии. Да ти е мерак да го ангажираш и да му дадеш пари.

Браво. Секоја чест. Кај нас ова ќе беше упрскано и умачкано најмалку уште метар-два околу целиот простор што би се премачкувал.

Да бе, па после како ќе се збори дека некој мајстор бил и нешто се работело :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8341 на: 05 Септември 2022, 08:48:06 am »

Дали има некој човек или фирма што прави вакво нешто? Се работи за бетонска основа на која се наоѓа влез и се паркира кола. Ама бетонот се рони и впива вода. Би сакал да го импрегнирам/премачкам со некој производ за да биде поиздржлив и сепак на крајот да не се лизга. Околу 50м2 е местото. Ако не се најде некој ќе го мачкам сам, ама со што?

@osmica8 ?

Да се обратиш до Адинг. Да ти препорачат некој премаз за тоа што сакаш да го направиш.

https://www.ading.com.mk/

Имаат цел оддел за репарација на бетон.
После таа репарација, ќе видиш дали можиш да ставаш нешто одозгора или ќе остани како финиш тоа.

Супер се од Адинг, ќе ти објаснат се шо те интересира.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8342 на: 07 Септември 2022, 02:45:05 am »
Кога имаш татко мајстор  :)

Од ова



Стиропор


И на крај


Треба уште деталите околу вратата, џамот да ги заврши :D



Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8343 на: 07 Септември 2022, 07:06:53 am »
 Оваа е стиридур,подобро од стиропор.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8344 на: 07 Септември 2022, 08:52:33 am »
Кога имаш татко мајстор  :)

Од ова



Стиропор


И на крај


Треба уште деталите околу вратата, џамот да ги заврши :D




Па земи научи од него нешто, малце бауштеле.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8368
  • Плинаш!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8345 на: 07 Септември 2022, 14:44:05 pm »
Одлично дошло. Ова над стиропорот плочки се или од оној украсниот стиропор?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8346 на: 07 Септември 2022, 17:05:40 pm »
Плочки се, требаше да биди од тој украсниот стиропор, ама пошто е бајаѓи скап, мајсторот реши прво вака да проба и не згреши  :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8368
  • Плинаш!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8347 на: 07 Септември 2022, 23:50:28 pm »
Одлично, одлично....

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8348 на: 08 Септември 2022, 16:11:25 pm »
За туш кабини и санитарија некоја препорака од каде? Гледав во падеде али нема некој голем избор, на некои места се прескапи туш кабините.. 120х80 ми треба

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8349 на: 08 Септември 2022, 16:19:57 pm »
Mega имаа некои попусти пред скоро, може уште траат...
Баш таква видов 120х80, бели рамки со стаклени врати
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3076
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8350 на: 08 Септември 2022, 19:34:01 pm »
За туш кабини и санитарија некоја препорака од каде? Гледав во падеде али нема некој голем избор, на некои места се прескапи туш кабините.. 120х80 ми треба
Фриго шоб во Автокоманда.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8351 на: 08 Септември 2022, 22:03:41 pm »
Аквалукс имаш избор, прават и по мерка.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8352 на: 08 Септември 2022, 22:20:08 pm »
Аквалукс имаш избор, прават и по мерка.

 Оди вамо гушка, мене нестандардна ми треба 110х80
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8353 на: 08 Септември 2022, 22:52:21 pm »
За туш кабини и санитарија некоја препорака од каде? Гледав во падеде али нема некој голем избор, на некои места се прескапи туш кабините.. 120х80 ми треба
Падеде е ветар и магла,јас зимав од таму и шкартотина е се шо земав.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 678
  • Pixel Perfect.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8354 на: 08 Септември 2022, 23:11:14 pm »
Енмон имаат голем избор а и цените им се ОК.
https://www.facebook.com/enmonmacedonia/