Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854408 пати)

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8025 на: 14 Февруари 2022, 17:45:13 pm »
Изградба на гаража (два ѕида се за ѕидање) е со темел, ѕидање, кров, малтерисување од надвор и бетонирање внатре. Вкупната површина е 18м2 е ми бараат 1100 евра за работна рака.

 Материјал јас да си набавам, а се друго што е потребно си носат од нив.
Дали е ок цената? Не знам како се движат моментално цените за работна рака одамна немам ништо градено?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8026 на: 14 Февруари 2022, 17:46:56 pm »
Лелеј!

Тоа се 45 работнички дневници, односно 22 мајсторски просечни...

Бегај како од огин!
За 45 дена карабина од 200 квадрати се прави, не гаража...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8027 на: 14 Февруари 2022, 18:34:40 pm »
Лелеј!

Тоа се 45 работнички дневници, односно 22 мајсторски просечни...

Бегај како од огин!
За 45 дена карабина од 200 квадрати се прави, не гаража...
Ако се двајца мајстори за 10 дена, ѕидање, кров, малтерисување и бетонирање внатре.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8028 на: 15 Февруари 2022, 00:03:44 am »
Лелеј!

Тоа се 45 работнички дневници, односно 22 мајсторски просечни...

Бегај како од огин!
За 45 дена карабина од 200 квадрати се прави, не гаража...
Ако се двајца мајстори за 10 дена, ѕидање, кров, малтерисување и бетонирање внатре.

Прав си, претерав затоа што ме изнервира цената 1100 :))

Еве, на пополека начин: :)

Не би рачунал двајца мајстори, туку еден мајстор и еден општ работник.
Досега не сум видел двајца мајстори на ист објект, сите се однесуваат како да се Џејми Фаќен Оливер кога се почуствуваат барем малку загрозени.
Ако имаш двајца што се тим и работат заедно - зимај ги веднаш!

Проблемот е: и да рачунаш еден мајстор со двајца работници, 11 дена за гаража е многу. Или се млитави ако им треба толку.

Вака го замислувам тоа, а ако сум претерал, еве имаме по некој архитект на форум - нека додаде исправка:

Ден 1: општо расчистување (ако има потреба), копање темели и стопи, спремање арматура за темели и плоча
Ден 2: полнење темели, стопи и плоча (ова е малку, ама мора пауза нели, ако не прават нешто друго во меѓувреме...)
Ден 3: шалување столбови, полнење столбови
Ден 4: ѕидање на ѕидовите, шалување за плоча горе
Ден 5: полнење плоча горе + додатно ако ставаш нешто... ако не ставаш плоча, правиш кров со даски и керамиди итн - ќе биде повеќе време, да - ама помалку пари во материјал веројатно...

И да сум скратил 2 дена, пак е многу 11...
Реално, за работава требаат двајца мажи, не мајстор-бизнисмен и спори работници...

Ако не ми веруеш, ќе ти сликам во двор колку е постигнато со 1200 еур :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8029 на: 15 Февруари 2022, 07:22:58 am »
Дај слика

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8030 на: 15 Февруари 2022, 08:27:27 am »
Реалноста е дека денес, мајстори нема. НЕ-МА.
Тоа се сѐ фушерајско/аматерски амеби кои знаејќи дека повеќето луѓе/млади не се разбираат имаат докторирано на тема "наоѓање изговори" за сите утки што ги имаат направено.
Има исклучоци ама тоа се мн ретки, повеќе шанса има на лото да добиеш.
Користење на алат за повеќето е како на мајмун да му дадеш да влезе во контролна соба на нуклеарна централа.

Верувај ми, реновирам стан, единствено нешто што не поправам е тоа што сам сум си го сработил. После секој мајстор нешто не е довршено како што треба. Пред да се договориш, они као се може, после тоа као не можело.
Затоа за пари, први се. Знаат дека има голема побарувачка, ретко кој работи градежништво, после ИТ секторот, тие се најплатени. Затоа не одете по логиката како било порано, кога на некои места кога ќе се отидеше се тепаа кој од нив да го земеш.

За клаберот кој е во план да прави гаража, очекувај крив под, криви столбови, агли што не се под 90степени, кров што прокиснува и сл.
Единствени нешто што можеш да направиш за да се заштитиш е да не плаќаш додека не провериш како е сработено зошто џабе е да платиш 70% од сумата, кога за да се преправи нешто што е лошо сработено ќе платиш уште толку бидејќи материјалите се поскапени.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8031 на: 15 Февруари 2022, 09:08:56 am »
Оди во Хубо докупи си за 50 евра шпакли,мистрии конец и остало шо ти фали од ситен алат, позајми од некој една мешалица и земи уште еден-два другари и со уште 50е јадење и пиење. Не е квантна физика 2 ѕида, со остатокот од парите можи да паркираш и возило внатре. И да има некоја фалинка од тебе ќе е. Поарно јас да заљуфкам него да платам 1000+ плус евра за 2ца чираци да изиграваат мајстори за на крајот да фали нешто.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8032 на: 15 Февруари 2022, 09:19:17 am »
Едно е да туриш кошулица на земја, друго е столб и ѕид да соѕидаш. Не е така едноставно, ќе му треба дупло време, и гарант покриво од слаб мајстор ќе го направи ако му е прв пат.  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8033 на: 15 Февруари 2022, 09:38:19 am »
Викни ме мене, ќе ја направиме пирамидата од Гиза место гаража ;D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8034 на: 15 Февруари 2022, 09:39:41 am »
Затоа реков да си ги собери другарите :D Кај мене во друштво обавезно има по некој шо се има мафтано на одредена полемика било за стуб турање, било за малтерисување или абрип. Доста е еден да знај кај тера и да поткажва ко ќе треба, остатокот калфи ќе работат, ќе шлакаат цименто, носат колички итн... Низ друштво така оди работата, еден куп е сторено кај шо се требало од ѕидови  кревање по викендици, жардњери, патеки, абрип,лепак, молерај, еве уште сегде седат работите :))
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8035 на: 15 Февруари 2022, 09:43:11 am »
ЗАШТО ѕидаш, профили 50х50 или 80х80, врзи заедно со штрафови или завари , лимови од страна, направи мрежна конструкција горе лим и ајт и 3 дена и појако статички од зидано и полесно за демонтаж ако треба некад..

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8036 на: 15 Февруари 2022, 09:57:22 am »
ЗАШТО ѕидаш, профили 50х50 или 80х80, врзи заедно со штрафови или завари , лимови од страна, направи мрежна конструкција горе лим и ајт и 3 дена и појако статички од зидано и полесно за демонтаж ако треба некад..

Еден мајстор (пред 2/3 месеца) ми спомна дека поефтино било да се ѕида, отколку да се прави конструкција од железо и панели.
Јас би купил итон цигли. Верувам дека ти, и (татко/брат/другар) за 3 дена ќе изѕидате. За малтарење е лесно на итонг.
Плочата ако е 6x3x0.2 , ќе ти треба 4 (3.6) кубика бетон.
Кровот на една вода доволно е.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8037 на: 15 Февруари 2022, 10:01:03 am »
Скапо е сега железото упм... Мада сега сѐ е скапо, сигирно и другиве градежни работи се скокнати во цена. :-/



Дали знае некој како се викаат овие на македонски
Screed leveling tripods, и каде ги има

https://metexonline.com/product-category/tools/screed-concrete-tools/screed-levelling-tripods/

Фала

На Али нема, еве од Ибеј:
https://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_trksid=p2380057.m570.l1313&_nkw=Screed+Leveling+Tripods&_sacat=0


Има еден Рус на јутјуб што постирал видеа како се коритат (ќе линкам долу), на неговите видеа постира линкови за продавање ама рачунај дека за поштарина ќе треба убаво да се распрашаш... И пошто очигледно не се баш лесни, дека и поштарината ќе биде скапа.
https://hardwoodfloorinstallation101.com/2018/07/22/screed-leveling-tripods/

Еве ги јутјуб видеата:  https://www.youtube.com/results?search_query=Screed+Leveling+Tripods


На крај мислам дека ако имаш време и „хват“, дека овие не е невозможно сам да ги направиш со малку мислење/планирање и знаење за заварување. Главните делови би биле навојот и штрафот (тие на метар се продаваат нели), другото е правење триножец од железо. Прецизноста на изработката и не е многу важна пошто во работа нивелираш горе долу со ласер.

Се занимаваш со вакви работи, бетонски подови? Хоби/профи?


Еве ги овие од ибеј, убаво се гледа како се правени (рачно):
« Последно менување: 15 Февруари 2022, 10:07:44 am Van »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8038 на: 15 Февруари 2022, 10:41:40 am »
Фала на идеа. Мислам дека нема да имам толку време за да ги правам, ќе се оди на класика со фаши/фалшни или како и да се викаат правило.

Па како сум дошол до оваа ситуација да ги познавам работите.... Истиот филм што ја го терам сеа, го терал стариот кога имав 10 год со мајстори. Па човекот, не зема мене и брат ми, и секое пролет лето есен правевме нешто во куќата. Единствено нешто што не направивме сами беше паркетот и струјната табла (ма да и тука стариот му правеше шема на електричарот).
Јас работам тотално различна работа од оваа али ете основата ја имам за скоро сите работи, математика и геометрија дпбро ми одеше, па ден денес е мн лесно да видиш како некои работи се прават на нет, материјали има колку сакаш, алатот се собирал низ годините.
Во пракса испаѓа дека работната рака денес е х3 од материјалите што ќе се потрошат. Во превод и да згрешиш, имаш уште 2 шанси. Најголем проблем е тип на работи за коинтреба да се работи брзо и бара повеќе луѓе. Денес не е времето како порано кога ќе си соберњл 10 луѓе за работа ко од шала.

Но, за секој што сака DIY, во градежништво мн лесно може да настане повреда или беља, така да си треба внимание, особено за струја, шмишајбна, водовод, одвод.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8039 на: 15 Февруари 2022, 19:35:29 pm »
Размислував и за од железо и лим, ама мора да е залепена за куќа.
Двајца мајстори ми ја побараа таа сума.
Материјалот е скап да, ама работната рака бараат исто.
Некако како отприлика кажаа цени двајцата што ги побарав.
 м2 испаѓа по 50 евра.