Лелеј!
Тоа се 45 работнички дневници, односно 22 мајсторски просечни...
Бегај како од огин!
За 45 дена карабина од 200 квадрати се прави, не гаража...
Ако се двајца мајстори за 10 дена, ѕидање, кров, малтерисување и бетонирање внатре.
Прав си, претерав затоа што ме изнервира цената 1100

)
Еве, на пополека начин:

Не би рачунал двајца мајстори, туку еден мајстор и еден општ работник.
Досега не сум видел двајца мајстори на ист објект, сите се однесуваат како да се Џејми Фаќен Оливер кога се почуствуваат барем малку загрозени.
Ако имаш двајца што се тим и работат заедно - зимај ги веднаш!
Проблемот е: и да рачунаш еден мајстор со двајца работници, 11 дена за гаража е многу. Или се млитави ако им треба толку.
Вака го замислувам тоа, а ако сум претерал, еве имаме по некој архитект на форум - нека додаде исправка:
Ден 1: општо расчистување (ако има потреба), копање темели и стопи, спремање арматура за темели и плоча
Ден 2: полнење темели, стопи и плоча (ова е малку, ама мора пауза нели, ако не прават нешто друго во меѓувреме...)
Ден 3: шалување столбови, полнење столбови
Ден 4: ѕидање на ѕидовите, шалување за плоча горе
Ден 5: полнење плоча горе + додатно ако ставаш нешто... ако не ставаш плоча, правиш кров со даски и керамиди итн - ќе биде повеќе време, да - ама помалку пари во материјал веројатно...
И да сум скратил 2 дена, пак е многу 11...
Реално, за работава требаат двајца мажи, не мајстор-бизнисмен и спори работници...
Ако не ми веруеш, ќе ти сликам во двор колку е постигнато со 1200 еур
