Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1855468 пати)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7560 на: 13 Ноември 2020, 01:19:22 am »
Taka e. Isto i kaj mene vo zima funkcionira super ,so dobro izolirani cevki ....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
« Последно менување: 13 Ноември 2020, 14:04:48 pm Kozanostra »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7561 на: 14 Ноември 2020, 08:17:35 am »
Некој да ми каже зошто во тоалетот го прменивме во пвц прозорчето и целото поти сега вечерно време тече вода дури од него надоле и почна влага да појавува на ѕидот причина за сето ова? Исто и кај другар во дневна одкако смени исто се случува

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7562 на: 14 Ноември 2020, 08:29:44 am »
Затоа што температурата на тоа место е под точката на оросување. Причини за тоа се:

1. Прениска температура во собата или голема варијација на температурата. Со пад на температурата се намалува капацитетот на водена пареа кој може да го апсорбира и мора да го испушти некаде. Исто како сунѓер е воздухот.

2. Преголема влага во собата. Сушење алишта, бањање, сушење коса прават влага која треба да се проветри. Ако не се проветри останува во воздухот и тој мора да ја депонира некаде. Претходните прозори веројатно не дихтувале и си правеле постојано мал провев.

3. Прозорецот е преладен. Сендвич стаклото е дефектно и пропушта воздух меѓу стаклата.

4. Избрано е несоодветно стакло, рамка за тоа место. Штом стаклото е под температурата на оросување, значи дека на тоа место е потребно прозорец/врата со поголема топлинска изолација. Најчесто 3 или 4 стакла. Или двоен прозорец со по 2х2 стакла.

Од прилика тоа е тоа. За подетално треба секоја од точкиве убаво да ги истражиш.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7563 на: 14 Ноември 2020, 11:14:47 am »
Ако го смениш стаклото и ставиш полнето со аргон, или со стакло со помал коефициент на топлопроводливост, стаклото нема да кондензира ама ќе кондензира некој ќош од ѕидовите. Луфтирај почесто или греј константно

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7564 на: 14 Ноември 2020, 18:31:58 pm »
Фала ви на одговорите

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7565 на: 15 Ноември 2020, 22:39:42 pm »
ko se saka se se praj, ne e ednostavno no e izvodlivo :)

@Pirat sto e transportirano, koja tonaza golemina...


eve nesto da si znajme ...

АКО НИЗ ДВОР ВИ МИНУВААТ КАБЛИ ОД ТЕЛЕФОН, СТРУЈА, ВОДА – МОЖЕ ДА БАРАТЕ ДА ВИ ПЛАТАТ
Објавено: 24/03/2016 10:14

Граѓаните и инвеститорите отсега ќе можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект преку геопорталот што за таа намена го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности

На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти.
Колку што видов ова се однесува за оператори. Што се случува кога се приватни (на комшија/фамилија). Дали ако цевките ви минуваат низ земјиште на друг ,може да бара дислокација/надомест ? Дали има некоја одредена длабочина под која земјиштете нема сопственик ? итн...

Близок човек има проблем : Го тераат да помести довод/одвод. А за да го направи тоа треба да копа низ цела куќа и двор .
Цевките се ставени пред повеќе од 10 години. На почеток дворот низ кои минуваат бил заеднички , а сега им е поделен и делот кај што се цевките припаѓа на другиот ...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8387
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7566 на: 17 Ноември 2020, 10:16:43 am »
И низ мојот двор минува одводот на комшијата. Стандард приказна за Кавадаречки урбанистички план.

Сите се насукале со куќи до граница на плац и немаат место за ништо.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45192
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7567 на: 17 Ноември 2020, 14:38:31 pm »
Близок човек има проблем : Го тераат да помести довод/одвод. А за да го направи тоа треба да копа низ цела куќа и двор .
Цевките се ставени пред повеќе од 10 години. На почеток дворот низ кои минуваат бил заеднички , а сега им е поделен и делот кај што се цевките припаѓа на другиот ...
Моето размислување (не тврдам дека е така и правно, но веројатно е), вели дека надолку до јадрото на земјата е твое. Ти може да бушиш бунар со длабочина од стотици метри на твој плац ако сакаш, за тоа не ти треба посебна дозвола дека нарушуваш државна имовина. Спрема тоа, и цевка што се наоѓа на мој плац, може да си ја рачунам за своја и да си ја отфикарам кога ќе ми прдне. Затоа, поарно да си ја премести блискиот твој со време.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7568 на: 17 Ноември 2020, 14:53:36 pm »
Релано, не ја отфикаруеш,  ја затнуеш за да му се наполни дома и да не ти тече тебе. Никаква инфраструктура која не е во товоја сопственеост смее да поминува низ твој дури и оние жици од бандера ако не е за тебе жицата. Барем кај што има нормални закони.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7569 на: 17 Ноември 2020, 15:09:43 pm »
Ха, познавам еден си ја рашири куќата и бандерата му остана во соба ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4713
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7570 на: 17 Ноември 2020, 15:49:03 pm »
Близок човек има проблем : Го тераат да помести довод/одвод. А за да го направи тоа треба да копа низ цела куќа и двор .
Цевките се ставени пред повеќе од 10 години. На почеток дворот низ кои минуваат бил заеднички , а сега им е поделен и делот кај што се цевките припаѓа на другиот ...
Моето размислување (не тврдам дека е така и правно, но веројатно е), вели дека надолку до јадрото на земјата е твое. Ти може да бушиш бунар со длабочина од стотици метри на твој плац ако сакаш, за тоа не ти треба посебна дозвола дека нарушуваш државна имовина. Спрема тоа, и цевка што се наоѓа на мој плац, може да си ја рачунам за своја и да си ја отфикарам кога ќе ми прдне. Затоа, поарно да си ја премести блискиот твој со време.


Незнам дали освен во случај да има под земја природно богатство како нафта, руда и сл, каде ако добро имам запамтено, 60 цм длабочина се твои, после е на државата, или во секој случај само 60 цм се твои. Сигурно го има во некој закон, ама ме мрзи да барам :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45192
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7571 на: 17 Ноември 2020, 15:54:10 pm »
Е па најди го де, ќе му помогне на @koce1102 блискиот што си има мака.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4713
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7572 на: 17 Ноември 2020, 15:56:22 pm »
Ако не се јави некој поупатен, еве ќе се потрудам за ден-два да го најдам.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7573 на: 17 Ноември 2020, 18:16:18 pm »
Ако не се јави некој поупатен, еве ќе се потрудам за ден-два да го најдам.
Те молам потрудисе. Јас пробав не можам да најдам.
Ако има некакво значење пред 5-6 год.местото кај што минуваат цевките им беа заеднички.

Бидејќи летово(како што пиша некој погоре) му ја затнаа со влажни марамици и му поплави дома..

Бтв : слушнале и тие дека под некоја одредена длабочина земјиштето е на МК.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4713
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7574 на: 18 Ноември 2020, 11:33:53 am »
Вчера барав, најблиску што најдов е:
Закон за градежно земјиште (https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-gradezhno-zemjishte-02-02-2015.pdf)
Член 5 се поврзува со Законот за сопственост,
Член 8:
„Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се она што со него е
трајно поврзано, а се наоѓа на површината или под неа, ако со oвој или друг закон
поинаку не е определено.“

Закон за сопственост и други стварни права (https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-sopstvenost-i-drugi-stvarni-prava-20-02-2001.pdf, http://www.pravo.org.mk/documentlaws.php?pageNum_Documents=2&totalRows_Documents=29&id_doc_group=26)
Член 16 се однесува на ствари од општ интерес на Р Македонија
Член 17 се однесува на соседско право:
„Соседско право е заемно и обѕирно вршење на правото на сопственост што го
предвидуваат одредбите на овој или друг закон, така што го овластуваат сопственикот на една
недвижност, во врска со вршењето на своето право на сопственост да бара од лицето кое е
сопственик на друга соседна недвижност, тоа лице во негова полза да трпи, пропушта
или да стори нешто што се однесува на неговата недвижност,
како и да бара разграничување
од соседната недвижност, како што е определено со закон....“
и во двата Закони не најдов одредба дека има ограничување до која длабочина е твоја земјата, но може да е (а може и да не е) уредено со друг закон.