Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1855518 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7530 на: 01 Ноември 2020, 16:10:26 pm »
Сте виделе ли вакво нешто кај нас, продаваат ли по продавнициве?
https://youtu.be/qG838pozAQA
https://villager.rs/category/multifunkcijski-trimeri
Види во техногенекс позади Меркур Скопје

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7531 на: 02 Ноември 2020, 09:32:14 am »
Дечки, препорака каде да се бара плац за викендица во близина на Скопје? Патување отпирлика саат време макс би било идеално, повисоко место со шума е огромен плус.
Ми влезе чивија да почнам со потрагата...

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1930
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7532 на: 02 Ноември 2020, 09:46:37 am »
Не ти е многу далеку саат време со кола за до викендица? Не би сакал да можиш до викендица да појдиш и со точак некогаш да се раздвижиш? Освен ако цената на м2 многу ти менува па сакаш да избегниш 25-35 евра м2 земјиште во околниве скопски села.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7533 на: 02 Ноември 2020, 09:49:03 am »
Па менува цената да, а и сакам да ги избегнам ептен блиските што веќе се полнат...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7534 на: 02 Ноември 2020, 10:18:00 am »
Накај Скопска Црна Гора има убави места, Бродец е убаво село/викенд населба.
Ама специфични се луѓето од тој дел, посебно Побожје.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7535 на: 02 Ноември 2020, 10:21:22 am »
Дечки, да ве замолам, ако има некој поупатен у целата работа, да ми објасни онака, ко за цреп, на кој начин функционираат топлински пумпи, дали се океј, дали се еколошки / економични, итн итн?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7536 на: 02 Ноември 2020, 10:34:04 am »
Зависи од остатокот од системот, дали се конвертире или оди се ново. Кога се прави конверизја на радјатори е најслаба ефикасноста околу 2 пати поефтино од електричен котел. Ако има подно тогаш е многу поефикасно. Ако се оди на нов систем со мултисплит тогаш 4 пати поефтино од електричен котел/панелки.

Функцинираат ќе видиш на гугл, ама исто како клима уреди. Врти компресор, фреон грее внатре, лади надвор. Разликата е само внатре, дали грее вода за во радијатори, дали грее фреон за единици, дали грее вода за патос.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7537 на: 02 Ноември 2020, 10:52:33 am »
Дечки, препорака каде да се бара плац за викендица во близина на Скопје? Патување отпирлика саат време макс би било идеално, повисоко место со шума е огромен плус.
Ми влезе чивија да почнам со потрагата...
Китка - Мала река

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7538 на: 02 Ноември 2020, 11:03:56 am »
Дечки, препорака каде да се бара плац за викендица во близина на Скопје? Патување отпирлика саат време макс би било идеално, повисоко место со шума е огромен плус.
Ми влезе чивија да почнам со потрагата...
Во 1ч. возење мислам дека спаѓаат и Теово, Богомила, Папрадиште...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7539 на: 02 Ноември 2020, 11:09:28 am »
Дечки, препорака каде да се бара плац за викендица во близина на Скопје? Патување отпирлика саат време макс би било идеално, повисоко место со шума е огромен плус.
Ми влезе чивија да почнам со потрагата...
Китка - Мала река

Таму е преубаво. Ама нема асфалтен пат. Возење од 30-40 км е околу 1:30, акп си од источна страна на СК. Башка што ти треба соодветно возило.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7540 на: 02 Ноември 2020, 11:10:07 am »
Дечки, препорака каде да се бара плац за викендица во близина на Скопје? Патување отпирлика саат време макс би било идеално, повисоко место со шума е огромен плус.
Ми влезе чивија да почнам со потрагата...

Пред да купуваш провери си во општината дали можи да се гради таму. Има нов закон за урбанизам, малку ја усложнија процедурата за градење на такви места.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1917
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7541 на: 02 Ноември 2020, 12:37:04 pm »
Дечки, препорака каде да се бара плац за викендица во близина на Скопје? Патување отпирлика саат време макс би било идеално, повисоко место со шума е огромен плус.
Ми влезе чивија да почнам со потрагата...

с.Сушица, на стариот пат према Свети Николе.
Јас имам таму викендица и за мене нема поубаво и почисто место.
Од Скопје/Аеродром до таму има 30-35 мин возење.

Види и нагоре према с.Живење или пак покрај сам пат према Свети Николе, не е далеку од Скопје ама е убава непипната природа цел тој дел.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7542 на: 02 Ноември 2020, 17:13:38 pm »
Накај Скопска Црна Гора има убави места, Бродец е убаво село/викенд населба.
Ама специфични се луѓето од тој дел, посебно Побожје.
Специфични во кој смисол? Прашувам затоа што и јас размислувам на таа тема.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7543 на: 02 Ноември 2020, 21:46:35 pm »
Пред да купуваш провери си во општината дали можи да се гради таму. Има нов закон за урбанизам, малку ја усложнија процедурата за градење на такви места.

Што е сменето?
Или има ли нешто некаде да се прочита, ама да е поедноставно за разбирање (од Законот за урбанизам)?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7544 на: 02 Ноември 2020, 23:03:13 pm »
Повлечени се плановите - општ акт за село. Ама сите различно го тумачат, па каша попара е.
Нема уште ништо скратено, цел закон да го прочиташ.

Најдобро е локално со општината на муабет да ти кажат дали можи и која е постапката.
Во најлош случај ќе треба да се изработи некој вид на Архитектонско - Урбанистички проект, нахнадно на Основниот проект за Викенд куќа.