Вчера барав, најблиску што најдов е:
Закон за градежно земјиште (
https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-gradezhno-zemjishte-02-02-2015.pdf)
Член 5 се поврзува со Законот за сопственост,
Член 8:
„Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се она што со него е
трајно поврзано,
а се наоѓа на површината или под неа, ако со oвој или друг закон
поинаку не е определено.“
Закон за сопственост и други стварни права (
https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-sopstvenost-i-drugi-stvarni-prava-20-02-2001.pdf,
http://www.pravo.org.mk/documentlaws.php?pageNum_Documents=2&totalRows_Documents=29&id_doc_group=26)
Член 16 се однесува на ствари од општ интерес на Р Македонија
Член 17 се однесува на соседско право:
„Соседско право е заемно и обѕирно вршење на правото на сопственост што го
предвидуваат одредбите на овој или друг закон, така што го овластуваат сопственикот на една
недвижност, во врска со вршењето на своето право на сопственост да бара од лицето кое е
сопственик на друга соседна недвижност,
тоа лице во негова полза да трпи, пропушта
или да стори нешто што се однесува на неговата недвижност, како и да бара разграничување
од соседната недвижност, како што е определено со закон....“
и во двата Закони не најдов одредба дека има ограничување до која длабочина е твоја земјата, но може да е (а може и да не е) уредено со друг закон.