Аман со тоа стиропор од внатре, што ви е, кај се видело на внатрешни ѕидови стиропор да се става, или стави гипс картон со тервол како изолатор или малтер.
Јас ставив фасада 10цм, 20кг Усјепор, сум задоволен, ама не сум презадоволен, со 20цм ќе бев презадоволен, и од каде тоа дека нема да има светлина.
Целата поента е големите зафати што се прават еднаш треба да се направат како што треба, во овој случај изолацијата треба да се направи квалитетно, целта е да се добие енергетски ефикасен објект.
5цм стиропор фасада за мене се фрлени пари и недоволна изолација.