Unisef имаат Mul-T-Lock(Assa Abloy групација). Во понеделник сум договорен да се видам со газдата и да ми каже цени. Иницијално од 38 000 па нагоре.
Prospera имаат Секуреме и со доплата ДОМ (германски). 29 000 е со Секуреме, 33 000 е со ДОМ.
Другите сите што имаат врати блиндор ставаат Секуреме (Најјак модел е К64 кодиран).
Јас можам овие да ти ги препорачам
https://www.sefcompany.mk/, изработуваат и по нарачка.
Од Проспера сум задоволен од испорака, монтажа и однос со клиенти (мада ова е од пред 8 години, кога го реновиравме станот). Купивме неколку врати од кај нив, ден денешен си функционираат беспрекорно.
Тогаш, само во Лесна ни понудија внатрешни врати по нарачка, не знам каква е сега ситуацијата.