Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1855109 пати)

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6705 на: 24 Јули 2019, 14:32:10 pm »
Ако имаш време недела, две па и месец дена. Нема штета ако се потсуши.

Sent from my Redmi


Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6706 на: 24 Јули 2019, 15:39:39 pm »
Ако имаш време недела, две па и месец дена. Нема штета ако се потсуши.

Имам време, само дали има веројатност да се испокриви и после да не може убаво да легне при ковање?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8372
  • Плинаш!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6707 на: 25 Јули 2019, 06:55:21 am »
Веројатност секогаш има. Многу е побитно колку "сув"ке го купиш.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6708 на: 25 Јули 2019, 08:35:20 am »
Дрво обично се суши не избичено на финални димензии.
Избичено, исечено не се суши. Можи само да се искриви и да имаш скап огрев.

Исто така дрво не се суши распоредно на под, си има процедура каде и како се суши.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6709 на: 25 Јули 2019, 08:50:38 am »
Прашањето е зошто мислиш дека треба да се суши? Ако е недосушено секако ќе се искриви - и заковано и незаковано.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6710 на: 25 Јули 2019, 09:23:59 am »
И да е сув патосот, ако има влага во просторијата ќе се искриви.
Сепак, Урса прашува за потсушување, односно, да се прилагоди на "условите" во просторијата.
Имаше некој муабет дека треба да отстои некое време во самата просторија пред да биде монтиран. Претпоставувам за тоа прашува :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6711 на: 25 Јули 2019, 10:23:01 am »
И да е сув патосот, ако има влага во просторијата ќе се искриви.
Сепак, Урса прашува за потсушување, односно, да се прилагоди на "условите" во просторијата.
Имаше некој муабет дека треба да отстои некое време во самата просторија пред да биде монтиран. Претпоставувам за тоа прашува :)

Тоа прашувам. AB-US класа викаат дека се со околу 10% влажност. Ако го отпакувам, во сува просторија, претпоставувам дека и тие 10% би се намалиле.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6712 на: 25 Јули 2019, 10:29:19 am »
Оптимално за подови е 6-8%, така да уживај ќе си се искриви со време. Веројатно малку, ама тоа е тоа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6713 на: 25 Јули 2019, 12:40:43 pm »
@UrSa1986 еве едно четиво што најдов набрзинка, може ќе ти помогне :)

http://korak.com.hr/korak-051-utjecaj-vlaznosti-zraka-na-drvene-podove-mitovi-legende-i-stvarnost/

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6714 на: 26 Јули 2019, 10:52:32 am »
фала ти, баш фино објаснето. Си најдов втора работа што ќе ја згрешев за малце:)

Završimo odgovorom na prvopostavljena pitanja: nelakirani pod ne treba ostaviti „desetak dana“ da se prilagodi uvjetima u prostoru, nego čim prije polakirati i ostvariti stambene klimatske uvjete. Ličilački i drugi završni mokri radovi u graditeljstvu mogu bitno doprinijeti ranom koritavljenju i naknadnoj pojavi reški na podu. Površinska obrada neće spriječiti, nego samo usporiti navlaživanje drvenih podova, ukoliko su izloženi neodgovarajućoj vlazi zraka.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1917
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6715 на: 04 Август 2019, 21:55:55 pm »
Поради лошиот воздух и гадотиите зимно време, решивме да ја средиме викендицата.
Куќава е во с.Сушица, Скопско, на 35-6 км од дома ми е сега и се стига за 40 тина минути, откако ќе го пуштат новиот автопат за Св николе и штип ќе се стига за не повеќе од 20 тина минути, и убавото е што исклучувањет од автопатот има во претходното село во Средно Коњаре, така да мирот и тишината во селово каде што ми е куќата нема да се наруши.
Секако зимно време гледам секој викенд да избегаме на воздух, па годинава се решивме да ја оспсобиме викендицата баш онака за живеење.
Сменивме прозори и врати, имаше просторија која требаше да е ВЦ ама надвор имавме кенеф па сега кенефот го исчистивме и потрупавме и го правиме ВЦ -то, првава слика е од него премачкано е со хидромал флекс и сега ќе се лепат плочки, во меѓувреме ставена е инсталација за водовод низ цела куќа (претходно немаше) надвор имавме само една чешма. Корегирана е електричната инсталација, ставена е изолација на таванот, цел е излепен со 2см стиропор, ставено мпрежа и премачкан е.
Куќата има оџак ама имаше избушено само од едната соба, сега е средено од двете соби да има лули према главниот оџак.
Останува да се излепат плочките и да се нареди пархетот, се е купено и однесено, само бидејќи претежно работиме јас и татко ми со роднини и пријатели колку можеме, а тоа што неможеме и незнаеме со мајстори, малку споро иде работата ама битно иде не стоиме во место.

Еве неколку слики онака сликани од мене, ова е ВЦ то, на кое најмногу се радувам бидејќи баш поради отсуство на ВЦ ретко ја користевме куќата за со друштво и мали деца.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Еве слика и од лулата која поминува низ ходничето во влезот на куќата и влегува во главниот оџак, идејата е да го грее малку од малку ходничето.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И еве некоја слика и од надвор, сега за сега е вака, ама да средиме се внатре па ќе ставиме изолација и фасада и од надвор, ако стигнеме годинава ОК, ако од наредна пролет натака обавезно ќе средиме и тоа.
Тоа доле прозорот заграден со цигли е уствари гаража, која цела ќе се цементира доле и ќе се користи за остава на маси,столици, косилки итн, ама нема да остане вака грдо.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ајде сега малку помош од Вас, бидејќи Ви реков дека претежно сами работиме, ама не ми се копа сам јама, ми треба некој кој има мал багер, од оние Бобкет да ми ископа јама, јамата ќе биде максимум 3 на 3 метра и е на 30 тина метри од куќата. Дали знаете некој што изнајмува/работи со мало багерче и да ми дадете контакт да се чујам да ми каже цена.

За крај неможем да опишам со колкав кеиф си ја правиме куќава, едвај чекам да се среди и дури мислам дека и би се преселил таму само да избегам од гадотииве и градскава џунгла, не дека и сега не одам често ама кога ќе ми биде цакум пакум средена подруго ќе биде, тогаш Шкодата поприлично ќе прави километража секој ден по еднаш па и двапати идими дојди ми до таму.

Напредуваме, внатре середена цакум пакум, паркет нареден и излакиран, плочки залепено, ставено плоча во подрумот, се решивме соба да го правиме. Дворот израмнет, патот проширен и среден, јама ископано и изѕидана со камен денес, стариот ќе иде на одмор сега па кога ќе се врати плоча да ставиме на јамата и цевки да пуштиме. Се гледа крајот, уште малку фасада и фурна и ајт.

Дворот



Јамата



Патот
https://youtu.be/Gqw9lG2OM9A


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6716 на: 04 Август 2019, 22:43:00 pm »
Браво, супер што си тргнал во средување  на викедицата, како трганло сите ќе мора да бегаме од СК за да зачуваме здравје. И не само зимно време и лето е неподносливо.

И јас сум секој викенд во Катланово, само има доста за средување, никако да се решам.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1917
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6717 на: 05 Август 2019, 09:50:19 am »
И ние исто како и тебе, денес утре денес утре никако ред на куќава да дојде, се нешто друго требаше, ми пукна филм, и почнавме.
Сами работиме, со комшии, пријатели, другари, полека иде, втора година тераме, ама иде некако. Така да не му ја мисли, почни и после ќе знаеш дека мора да се заврши, темпото зависи од финансии и работна сила :) ама ќе се заврши порано или подоцна.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6718 на: 05 Август 2019, 10:26:09 am »
И ние исто како и тебе, денес утре денес утре никако ред на куќава да дојде, се нешто друго требаше, ми пукна филм, и почнавме.
Сами работиме, со комшии, пријатели, другари, полека иде, втора година тераме, ама иде некако. Така да не му ја мисли, почни и после ќе знаеш дека мора да се заврши, темпото зависи од финансии и работна сила :) ама ќе се заврши порано или подоцна.
И да знаеш дека што побрзо фатам тоа подобро, да се искористат стариве со занат додека уште можат да помогнат.

Среќа вц има внатре, средено е, само под треба да се среди, дали ламинат да се става или некоја друга опција?

За тераса плочки гранитни или нешто друго да препорачате што нрма да се лизга, сега има само бетон плоча.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1917
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6719 на: 05 Август 2019, 10:49:28 am »
Баш исто и јас размислував, додека им држи гз на старциве да помогнат зошто без нив к.рац.

За плочки јас земав за ич пари од Ројал инвест, имаа останато по 4-5 квадрати и беа како на распродажба, па ги искомбинирав и супер излезе, на цената не се сеќавам ама стварно беше смешна, за плочки за ВЦ, кујна и ходник.
За на тераса немам земено ама незнам дали сакам плочки, и кај мене е само бетон ама па село е, си прснал со вода, сум се качил каллив, една метла и ајт. Се мислам за перен камен, некако најсоодветно е тоа, ама и тоа во моментов е последно на листата.