Зависи. Многу зависи.
Под 250 евра за квадрат, тешко.
Доградба на спрат врз барака, високо поткровје, без збеснување со високо квалитетни материјали на плочки, внатрешни врати и слично. Значи 300 евра е тамам цена одприлика?
Ако има некој да препорача саглам фирма нека пише контакт.
Запамти само, фирмата што ќе ја ангажираш МОРА да поседува лиценца за изведба.
Треба на крај да ти изготви извештај дека проектот е направен според проект и да си стави печат и потпис од овластен инженер.
Во спротивно нема да можиш да си го впишеш во имотен лист катот.