Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1851621 пати)

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5811
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6150 на: 15 Мај 2018, 19:47:04 pm »
Da preporacate majstor ili firma sto izrabotuva pragovi od bel mermer, granit ili slicno.
Se raboti za prag od kupatilska vrata, od edna strana e parket, vratata zatvora ramno so kupatilskata plocka, t.e. pragot izdignat ne moze od parket da bide i sakam od bel mermer ili granit da bide zs vratite se beli.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6151 на: 16 Мај 2018, 15:49:42 pm »
Која е можна замена за кошулица? Во кошулицата ќе има стиропор и црева за парно.

Дали оние самонивелирачки подови се замена или не? Некој да ставал самонивелирачки?


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6152 на: 23 Мај 2018, 00:12:01 am »
Да ве прашам оние што се разбирате повеќе. Имено, дали има одредена разлика помеѓу бел стиропор, графитен стиропор и стиродур во поглед на термоизолација ?
Како што гледам според спецификации за секој од нив, нема особено некоја голема разлика, односно декларираната топлинска спроводливост на белиот стиропор му е λd = 0,0310 / 0,0325 W/mK, на стиродурот λd = 0,0320 / 0,0330 W/mK и на графитниот λd = 0,0298 / 0,0312 W/mK

Според ова, на прво место е графитниот стиропор, па белиот, па на крај иде стиродурот, али колку е тоа драстична разлика ? Пример на дебелина од 5 цм, кој подобро ке изолира, белиот, графитниот или стиродурот ?

Се работи за изолација на еден ѕид кој е подрум, реално најдобро е да се иде со стиродур ако гледаме со оглед на тоа дека тој е најтврдопресуван од сите и е најотпорен на механички оштетувања, али дали би била иста изолацијата во однос на иста дебелина на бел или графитен стиропор ?

А од друга страна ценовно е доста поскап стиродурот, 5 цм дебел стиродур е 275 денари за метар квадратен.
Како за илустрација, за 265 денари за метар квардатен се зема 10 цм бел стиропор или за 290 денари за метар квадратен се зема 8 цм графитен стиропор (има една табела каде што вели дека 8 цм графитен стиропор одговараат на 11 цм бел стиропор)

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6153 на: 23 Мај 2018, 09:25:00 am »
@FiLo stirodurot ti e najdobar vo slucajot...
@UrSa1986  stajsi standart kosuljica zosto ti e samonivelirackava...!?
@DENDE-LANCERED  ako seust ene najde mermerdzija, ima tuka vo karpos kaj sto bese vodostopanstvo...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6154 на: 23 Мај 2018, 11:41:24 am »
Да ве прашам оние што се разбирате повеќе. Имено, дали има одредена разлика помеѓу бел стиропор, графитен стиропор и стиродур во поглед на термоизолација ?
Како што гледам според спецификации за секој од нив, нема особено некоја голема разлика, односно декларираната топлинска спроводливост на белиот стиропор му е λd = 0,0310 / 0,0325 W/mK, на стиродурот λd = 0,0320 / 0,0330 W/mK и на графитниот λd = 0,0298 / 0,0312 W/mK

Според ова, на прво место е графитниот стиропор, па белиот, па на крај иде стиродурот, али колку е тоа драстична разлика ? Пример на дебелина од 5 цм, кој подобро ке изолира, белиот, графитниот или стиродурот ?

Се работи за изолација на еден ѕид кој е подрум, реално најдобро е да се иде со стиродур ако гледаме со оглед на тоа дека тој е најтврдопресуван од сите и е најотпорен на механички оштетувања, али дали би била иста изолацијата во однос на иста дебелина на бел или графитен стиропор ?

А од друга страна ценовно е доста поскап стиродурот, 5 цм дебел стиродур е 275 денари за метар квадратен.
Како за илустрација, за 265 денари за метар квардатен се зема 10 цм бел стиропор или за 290 денари за метар квадратен се зема 8 цм графитен стиропор (има една табела каде што вели дека 8 цм графитен стиропор одговараат на 11 цм бел стиропор)

Стиродур се користи за цоклиња и места каде често ќе има надворешни влијанија од вода. Не се користи за нормални ѕидови (над макс метро од земја) заради тоа што ќе нема никакво „дишење„ на ѕидот. Башка најскап е.

Графитен е подобар од стандарден. Јас сакав ваков да ставам заради заштеда на простор. Но кога рече мајсторот ја со тој не гарантирам ако испука, не сакав да ризикувам. За него треба соодветен лепак или пена. Наводно мајсторот гледал како ставале кај негои од овие големиве градежни компании и кога им ставале пластични за прицврстување им пукал при бушење со бурмашината па морале мајсторите да ставаат повеќе пластични за да го зацврснат.

Стандарден стиропор, тука има само влијание колку килски е. Не треба да е и премногу тврд зошто е поригиден. 18 кг на 5 цм јас користев од Усје. Кај повеќе дебелина не ни може мислам да земеш од 15 кг.

Во поглед на термичка изолација, најдобар е графитниот па скоро исто се стиродурот и обичниот стиропор.

И не е само стиропорот важен, важна е припремата, ако е стара фасада треба добро да се исчисти од мов, прашина слаб малтер и сл. Треба У-врска да се нанесе потоа. Лепакот да е некој поквалитетен, кај мене користеше од Цересит. Не ми се веруваше колку цврсто држеше на едно парче стиропор кое го шлапнавме за да ме увери. Мрежата да е таа поцврстата 145 г. На аглите од прозор/ѕид пожелно е метални извици да се постават, тие пластичните се играчка. Крајниот „пластичен“ малтер да е некој поквалитетен. Ренова даваат 10 години гаранција.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6155 на: 23 Мај 2018, 12:08:39 pm »
Јас сум со графитен а поима немав дека е најдобар за термоизолација.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6156 на: 23 Мај 2018, 15:56:40 pm »
Стиродур се користи за цоклиња и места каде често ќе има надворешни влијанија од вода. Не се користи за нормални ѕидови (над макс метро од земја) заради тоа што ќе нема никакво „дишење„ на ѕидот. Башка најскап е.

Графитен е подобар од стандарден. Јас сакав ваков да ставам заради заштеда на простор. Но кога рече мајсторот ја со тој не гарантирам ако испука, не сакав да ризикувам. За него треба соодветен лепак или пена. Наводно мајсторот гледал како ставале кај негои од овие големиве градежни компании и кога им ставале пластични за прицврстување им пукал при бушење со бурмашината па морале мајсторите да ставаат повеќе пластични за да го зацврснат.

Стандарден стиропор, тука има само влијание колку килски е. Не треба да е и премногу тврд зошто е поригиден. 18 кг на 5 цм јас користев од Усје. Кај повеќе дебелина не ни може мислам да земеш од 15 кг.

Во поглед на термичка изолација, најдобар е графитниот па скоро исто се стиродурот и обичниот стиропор.

И не е само стиропорот важен, важна е припремата, ако е стара фасада треба добро да се исчисти од мов, прашина слаб малтер и сл. Треба У-врска да се нанесе потоа. Лепакот да е некој поквалитетен, кај мене користеше од Цересит. Не ми се веруваше колку цврсто држеше на едно парче стиропор кое го шлапнавме за да ме увери. Мрежата да е таа поцврстата 145 г. На аглите од прозор/ѕид пожелно е метални извици да се постават, тие пластичните се играчка. Крајниот „пластичен“ малтер да е некој поквалитетен. Ренова даваат 10 години гаранција.


Во врска со припремата, премачкување со У-врска и се тоа знам, есента ја правевме надвор фасада со графитен стиропор од 5 цм и такви проблеми со пукање при бушењето за типлите немаше. Ниту купивме специјален лепак, нитуи беше цересит. Ниту на сечење ниту на монтирање кога мора да го чукнеш со некоја шипка за да фати малку.
И добро се покажа зимово иако сеуште сум стари прозори кои ги презадихтував во октомври со гумиран сунгер. За разлика од минатите зими, за 3 до 4 степени имав повисока температура.  До минатите зими наутро по собите температурата ми идеше испод 18 степени додека ова зимо не отиде испод 20 степени.

А за ѕидот во подрумот, се на се околу 25 квадрати е ѕидот, али пошто е подрумска просторија и се ставаат триста глупости, па евентуално да не се оштети нешто ако се става, ова она.
Исто така планирам на крај откако ке ја поставам мрежата со лепакот само со глет маса да го поминам, да не ставам абриб пошто тоа не е ѕид што гледа према надвор, плус поново ке се вратат назад на истото место сталажите што ги имаме направено на кои стојат триста работи.
А тоа што сакам да го изолирам е тоа дека прозорот и вратата од подрумот не се херметички задихтувани и си има провев подрумот и прилично ладен е па да се намали топлинската загуба од тој ѕид према подрумот.

Разлика во ценовно на пример 5 цм стиродур вс 5 цм графитен стиропор е околу 2200 денари поефтино ако го правам и подрумот со графитен стиропор.
« Последно менување: 23 Мај 2018, 16:11:28 pm FiLo »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6157 на: 23 Мај 2018, 17:48:21 pm »
Ете, ти си имал практично искуство со графитниот, фино е да се знае.
Околу детаљите што како, сепак јас не сум стручен, моето знаење и искуство ги споделив, не би сакал погрешно да те наведам шо е најпаметно за подрумот

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6158 на: 23 Мај 2018, 17:59:31 pm »
Стиропор

Стиропорот се произведува во повеќе дебелини(од 1cm до 20cm) и густини(од 10kg/m3 до 30kg/m3). Димензија на таблите е 100cm X 50cm. Изолационата моќ на стиропорот во најголемиот дел зависи од неговата дебелина. Постои заблуда дека  повеќе тврдопресован стиропор ќе даде поголема изолација, што е неточно. Стиропор од иста дебелина има скоро иста изолација и кај мекопресованиот и кај тврдопресованиот стиропор. Тврдопресованиот стиропор се применува кај места кој се подложни на механички влијаниа .


Стиродур

Стиродурот е исто производ со исти состав како стиропорот, но со многу позбиена структура која го прави цврст, крут и издржлив на силни механички влијанија.Се употребува за изолација на цоклиња,подруми, темели, купатила, подови , испод ламинати и патоси и секаде каде има механички оптеретувања и влијанија.Освем термоизолационите својства има доста висок коефициент на отпорност на влага. Големина на табла 1.2м на 0.6м, достапни со дебелина од 2cm, 3cm и 5 cm(се над 5cm по нарачка).


Графитен стиропор

Графитен стиропор е меѓу поновите производи за термо изолација, составот е исти како и кај обичниот стиропор само што разликата е што е додаден графитот од каде ја добива и црно-сивкастата боја.Графитот овозможува одбивање на топлината со што го прави овој производ за 20% поефикасен од обичниот стиропор.Идеално решение за изолација на подрачја каде е битен секој сантиметар затоа што со потенка дебелнина се постигнува иста термоизолација која би ја добиле со подебел стиропор.


Јас кај мене ставив 5ка 17 килски од Усјепорот, на цоклето му ставив 3ка зелен стиродур. Единствена работа за цоклето што ја направив така, беше да се одвојува цоклето од ѕидот а да е топлински горе доле тука некаде.
« Последно менување: 23 Мај 2018, 18:07:21 pm зоки-златен »

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6159 на: 23 Мај 2018, 18:35:47 pm »
Дали некој има практично искуство со лепак за плочки Адинг СП 17? Ми интересира споредено со Цересит каков е, ми го испофалија адингот многу дури и подобар бил од цереситот една класа па ме инрересира некој ако искуство.
Или препорака за добар лепак за лепење плочки на површина со подно греење.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6160 на: 23 Мај 2018, 20:18:39 pm »
Стиропор

Стиропорот се произведува во повеќе дебелини(од 1cm до 20cm) и густини(од 10kg/m3 до 30kg/m3). Димензија на таблите е 100cm X 50cm. Изолационата моќ на стиропорот во најголемиот дел зависи од неговата дебелина. Постои заблуда дека  повеќе тврдопресован стиропор ќе даде поголема изолација, што е неточно. Стиропор од иста дебелина има скоро иста изолација и кај мекопресованиот и кај тврдопресованиот стиропор. Тврдопресованиот стиропор се применува кај места кој се подложни на механички влијаниа .


Стиродур

Стиродурот е исто производ со исти состав како стиропорот, но со многу позбиена структура која го прави цврст, крут и издржлив на силни механички влијанија.Се употребува за изолација на цоклиња,подруми, темели, купатила, подови , испод ламинати и патоси и секаде каде има механички оптеретувања и влијанија.Освем термоизолационите својства има доста висок коефициент на отпорност на влага. Големина на табла 1.2м на 0.6м, достапни со дебелина од 2cm, 3cm и 5 cm(се над 5cm по нарачка).


Графитен стиропор

Графитен стиропор е меѓу поновите производи за термо изолација, составот е исти како и кај обичниот стиропор само што разликата е што е додаден графитот од каде ја добива и црно-сивкастата боја.Графитот овозможува одбивање на топлината со што го прави овој производ за 20% поефикасен од обичниот стиропор.Идеално решение за изолација на подрачја каде е битен секој сантиметар затоа што со потенка дебелнина се постигнува иста термоизолација која би ја добиле со подебел стиропор.

Го знам ова, на ројал инвест го пишува.
Вака како што сфаќам, стиродур уствари е најтврдо пресуван стиропор, валда 30 килски е ?
Ценовно може и да занемариме, пошто би идело околу 2000 до 2500 денари поскапо ако се направи со стиродур отколу со графитен или евентуално бел стиропор, односно некаде 150 евра да фати со графитен или бел, а неполни 200 евра ако се прави со стиродур.

Битно е што добивам а што губам со избор на стиропор или стиродур во однос на топлинска изолација (плус ете и дишење на ѕидот, мада тој ѕид од другата страна ми е кујната и спалната, ова зимо ја греевме и спалната, се луфтира и така натаму.

Башка и на вака изведена фасада каде што на крајот се става абриб (пластичен абриб ставивме), прашање е колку сега ѕидовите ми дишат пошто и од претходно имавме ставено внатрешна изолација (тервол и гипс табли)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6161 на: 23 Мај 2018, 21:11:58 pm »
Со стиропор ѕидовите не дишат, има други материјали за изолација кои овозможуваат дишење.

Тврдопресуваниот има поголема отпорност на удари, да речеме град, и слично. Ако пак мавнеш со чекан секако правиш дупка.
При постоечка фасада од малтер, ако има поголеми мевови, потешко е лепењето со пресуван стиропор бидејки е помалку флексибилен.

За термоизолација, најоптимално за вложено добиено е 6 до 10 cm дебелина, колку што имам читано.

За графитниот, искрено појма немам, пред 15 год. кога ставав го немаше како опција.

Да се обрне внимание на термомостови или како се викаа, како потенцијални места за појавување на кондензација односно влага. Стручњаци поубаво ќе објаснат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6162 на: 23 Мај 2018, 22:56:06 pm »
Разлика во ценовно на пример 5 цм стиродур вс 5 цм графитен стиропор е околу 2200 денари поефтино ако го правам и подрумот со графитен стиропор.
Ако е за надвор (фасада, така?), тогаш нема резон да гледаш минорни разлики во изолација меѓу стиропор/стиродур - кога едноставно можеш да ставиш 10см наместо 5см (стандарден стиропор). Кога ќе видиш колку пари одат на работна рака и материјал, разликата во пари од 5см до 10см стиропор е никаква во однос на вкупната сума за фасадата. Јас сега да правам фасада и 15см би ставил.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6163 на: 23 Мај 2018, 23:43:59 pm »
Не е надворешен ѕид, туку е ѕид према подрум кој не е директно изложен на надворешните влијанија, но заради тоа што вратата и еден прозор не се убаво задихтувани, релативно е ладен преку зима. Пишав погоре дека се работи за ѕид во подрумска просторија и дека фасадата ја направивме минатава есен.

Ова што си ме цитирал, сакам да кажам дека околу 2200 докај 2500 денари ке биде поскапо целата сума ако се прави тој цел ѕид само со стиродур, наместо со бел или графитен стиропор
Или пак на целата цена на чинење со стиродур за дебелина од 5 цм, може да се стави нешто подебел графитен (8 цм), односно дупло подебел бел стиропор (10 цм).

За работна рака не правам муабет, сам ќе си го направам. Учествував во процесот на лепење на стиропорот на фасадата, покрај мајсторот што беше, паралелно и ја работев и не е ништо комплицирано, знам да држам мистрија, не сум инвалид. Така да за еден ѕид во подрум, не правам муабет да викам мајстор каде што надворешни влијанија, невреме, ветрови и слично нема да имаат додир до тој ѕид.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6164 на: 24 Мај 2018, 01:02:33 am »
Не е надворешен ѕид, туку е ѕид према подрум кој не е директно изложен на надворешните влијанија, но заради тоа што вратата и еден прозор не се убаво задихтувани, релативно е ладен преку зима. Пишав погоре дека се работи за ѕид во подрумска просторија и дека фасадата ја направивме минатава есен.
Нешто баш не ми беше јасно, па си реков дека сепак е надворешен ѕид. Моја грешка.
Поентата кај изолацијата е да се "остави" ладниот воздух надвор. Ако прозор, врата, не дихтуваат, ќе му дојде како да си ги оставил отворени, и затоа е најдобро да се сменат.

Што и да ставиш ќе биде подобро отколку без, мислејки на соседни простории, додека самата просторија сепак ќе биде ладна поради недихтувањето.