Дечки имам во куќата огромен проблем со влагата внатре што ми се јавува, надворешните ѕидови се со ламперија обложени но и преку нејзе избива влага и плочата оваа година низ цела соба ја ишара и има насекаде влага и мириса ужасно, па сега сакав да ве прашам гледам има 20% попуст во брикочаж па прашањето ми е дали е добар начин на изолирање да идам 3см стрипор па тервол и на крај гипс картон да ставам како начин да ја спречам влагата да се појави пофторно или не е добро решениево? совет некој ?
Прво утврди од каде е доаѓа влагата. Дали имаш пукнато цевка во некој од ѕидовите, или се работи за кондензација. Ако е кондензација, тогаш имаш проблем од два аспекти - прво недоволно вентилација, второ ладни ѕидови. Првото се решава со... Вентилација.
Второто се решава со изолација. Внатрешната изолација е полошата опција, пак ќе ти останат ладни места, плус со внатрешна изолација ѕидовите остануваат ладни и кондензација внатре во ѕидовите може да направи проблеми на долг рок.
Значи да резимираме, ако нема пукнато некоја цевка (или на некој друг начин вода да влегува однадвор) - тогаш имаш проблем со кондензација. Чарето е активна вентилација и градење надворешна изолација, термо фасада поточно.
Едит: каква столарија имаш, на што се грееш, каква изолација има објектот?