http://emagazin.mk/vesti/vest/20958?title=andreev-montiraneto-prozorci-so-pur-pena-e-sosema-pogreshno-predizvikuva-muvla-i-provev ПОЧЕТНА БАШ НИ Е ЌЕФ НАША ТЕМА БЕСПАРИЦА БЕНЧМАРК ДОБРОСОСЕДСТВО CHECK IN ПРОШЕТАЈ СЕ МАКЕДОНСКО МОЈ СТАВ ЧИСТА ОКОЛИНА
Андреев: Монтирањето прозорци со пур-пена е сосема погрешно, предизвикува мувла и провев
„На балканските простори монтажата на прозорците во најголем дел е сосема погрешна. Веројатно секој знае дека прозорците се монтираат во „тврдиот дел“ од ѕидот, во тулата или бетонските елементи, и околу прозорецот се затвора со т.н. пур-пена. Тоа е сосема погрешно и предизвикува огромни топлински мостови, но и провев. Колку и скапи прозорци да купите, колку и да им се високи изолационите својства, доколку прозорците се монтираат на овој начин, вие буквално сте ги фрлиле парите на празно. Топлинските мостови и провевот се толку големи, што вложените средства во прозорците нема да ви се исплатат никогаш, а удобноста во објектот ќе биде многу мала,“ вели во интервју за „еМагазин“, првиот лиценциран инженер за пасивни објекти во Македонија, Андреј Андреев од компанијата „Цивкон АГИ“. Имено, „пасивен објект“ е највисокиот стандард на енергетска ефикасност во светот. Македонија за еден месец ќе го добие првиот пасивен објект во Капиштец, изработен токму од оваа компанија. Пасивен објект не е објект, туку стандардот со кој се гради објектот, кој има потреби за енергија за греење и ладење помали од 15 киловатчасови за метар квадратен годишно. На кој начин се постигнува овој стандард? - Ова е највисокиот стандард на енергетска ефикасност во светот, или поточно највисокиот економски исплатлив и применлив стандард. Постои уште еден кој е се уште во развивање, повисок стандард од овој, т.н. „Zero House“. Но за инвестирање во таква градба се уште не може да се најде економска исплатливост. Како и кај сите високо енергетски ефикасни објекти, така и кај објектите кои треба да ги задоволат условите од стандардот „пасивна куќа“, неопходна е добра изолација на обвивката на објектот. Е тука има едно „но“. Изолацијата на обвивката подразбира изолирање и кон земјата, во подрумските простории, дури и под темелите, што е спротивно на верувањето меѓу народот дека земјата е најдобар изолатор. Прозорците се „специјални“ и потребно е да поседуваат сертификат дека се сообразни со критериумите за „пасивна куќа.“ Она што е специјално кај нив е тоа што покрај високата изолирачка моќ и потребната непропустливост на воздухот, тие се застаклени со стакла низ кои во објектот влегува голем дел од потребната енергија за загревање. Тоа се стакла со висок коефициент на пропустливост на светлина.Тука сакам да нагласам дека ова се критериуми кои се значајни при изградбата на секој енергетски ефикасен објект, а кај пасивниот објект вредностите и критериумите се далеку построги. Постојат неколку работи по кои пасивниот објект се разликува од останатите високо енергетски ефикасни објекти. Најпрво ќе ги спомнеме топлинските мостови. Тоа се места, каде и покрај добрата изолација на објектот, не е можно да се прекине протокот на студ или топлина. Карактеристични примери за топлински мостови се бетонските плочи кај балконите, ѕидовите околу прозорците, разни бетонски елементи на фасадата, вентилационите и оџачките канали и др. Сите оние црни „флеки“ од мувла кои се појавуваат во просториите и посебно во бањите се знак дека таму најверојатно има нерешен топлински мост. Кај сите енергетски ефикасни објекти неопходно е да се намалат до минимум можно ваквите „слаби места“, но кај пасивните објекти со прописите се ограничени на толку мала вредност, што по литературата овие објекти често се нарекуваат „објекти без топлински мостов...
- See more at:
http://emagazin.mk/vesti/vest/20958?title=andreev-montiraneto-prozorci-so-pur-pena-e-sosema-pogreshno-predizvikuva-muvla-i-provev#sthash.enXLGdqA.dpuf