А воедно и најгрдо.
Незнам дали прво или второ по грдост. Дека тоа со најлонот тука е некаде...
Осмица, ако знаеш некое друго евтино решение кое е поубаво од лексан и најлон, повели истакни се!!! Треба да му помогнеме на калимеро да најде
соодветно решение за неговиот проблем, согласно неговите потреби и критериуми! И татко ти знае дека Mercedes S 600 е неспоредливо предобар во однос на Лансер 1.5, ама не вози Mercedes S 600 туку Лансер 1.5 бидејќи за него тоа е соодветно решение согласно неговите потреби, можности и критериуми.
Прозори е ок работа, само незнам колку е разумно да дадам 1000+ евра бидејќи не е мал простор, за нешто чии позитивни работи незнам колку ќе ги користам,друга работа, видов исто во мојава зграда има ставено такви најлони и ок изгледа ако е за изглед. Пак ќе кажам секое мислење е добредојдено, и фала ви на сите.
Значи да резимираме:
1) Треба да го спречи директното дување на ветерот!
2) Нема потреба за трајно целосно затварање на просторот
3) Најлоните му изгледаат ОК, значи се прифатливи. Тоа значи дека и лексан е прифатлив
4) Нема намера да дава многу пари и сума од 1000 евра не доаѓа во предвид
Од она јас кое го видов, должината на делот кој се зградува е долга околу 5 метри. Потребна му е пола табла (6x2m) лексан со дебелина од 8mm која чини 2400 денари со сечење по барани правоаголни димензии.
Потребно е да се исечат 5 парчиња со димензии 1x1m
За прицврстување на лексанот ќе се користат челични L профили 3cm x 3cm со дебелина од 3mm.
Вкупната должина од L профилот потребна за зацврстувње на 1 парче лексан е 4m односно 20m за пет парчиња. Бидејќи L профил-ите доаѓат во парчиња долги од по 6 метра, потребни ни се вкупно 4 парчиња. L профилите чинат 350 денари по парче односно 1400 денари вкупно.
Панелите ќе се монтираат модуларно на оградата, а за да стојат цврсто ќе се постави метален правоаголен профил 4cm x 2cm со дебелина од 3mm, закачен за плафонот и бочните страни на терасата. За таа цел се потребни два правоаголни профили со должина од 6 метри, кои чинат 1000 денари. Едниот прфил ќе се користи за натакнување на рамките со лексан, а другиот за изработка на држачи поставени на секој метар
Од остатокот од 4m од L профилот ќе се направат натакнувачи во вид на буквата Г(кирилично) кои ќе се натакнуваат на металниот држач од оградата на терасата.
За заштита на металните профили потребно е да се купат 1L миниум и 1L боја.
Работната рака за сите метало-браварски, мотажни и фарбарски работи би била околу 5000 денари.
Рекапитулација на трошоци:
Метални профили: 2400 денари
Лексан: 2400 денари
Бои и лакови: 500 денари
Работна рака: 5000 денари
---------------------------------
ВКУПНО: 10300 денари + 10% непредвидени трошоци = 11300 денари. Ако на ова додадеш 800 денари, за пиво, ќебапи, превоз и телефон, овој зафат ќе ти излезе 200 евра округло.
Калимеро, со ова решение ќе можеш да ги вадиш таблите по потреба. За нивно скадирање ќе ти биде потребен простор со волумен 1m x 1m x 0.5m. Поставувањето и вадењето ќе ти одземе време пократко од 3 минути.