Јас на времето им ставав етиол во дупчињата...
Од што ги вадеше? Паркет? Греди???
На новава куќа што ја правевме, се трудев да ги заштитам што е можно повеќе дрвата, даските, гредите итн итн...
На сите греди каде што имаше кора, беше отстранета...Кората е првиот предуслов за фаќање на црв...
Понатаму, од како беше се наместени, заковано итн, викнав човек кој целосно се прешприца со пумпа со некој си отров за штетници од типот на бубачки, црви, пајаци итн итн, некоја тешка хемија со дејство од 6 до 12 месеци...Така се си презими...
Доле кога го местев патосот, процедурата беше малку поразлична, односно сите летви под патосот ми се премачкани со фирнаес, така да и тие се заштитени...Е сеа ако баш треба да се фати црв, па нек се фати...