Пропушти ги пешаците на пешачки, пропушти го тој што пробува да се приклучи од споредна улица, застани на жолто - не се бутај на раскрсница за да застанеш на сред раскрсница, престрој се на време, ако си забораил да се престроиш на време - дај жмигавец, ќе те пушти ако не првиот, вториот.
...почитувај ги ограничувањата на брзината... или тоа не? За тоа ќе напраиме исклучок од германштината?
И тоа. Поготово и посебно кога станува збор за одење и враќање од работа и возење во градски гужви, со густ автмобилски, велосипедски и пешачки сообраќај.
Има места каде што навистина нема смисла ограничувањето од 50, бидејќи ниту еден возач, ама баш буквално ниту еден не го почитува, и таму би требало да се воведе повисок лимит, ама тоа е друг муабет. Исто така, може кога е лабав сообраќајот да се зголеми лимитот во градот, како што тоа го имаат направено во Полска, каде од 23:00 до 05:00 ограничувањето е зголемено од 50 на 60км/ч. Или зголемување на брзината на некои делници на 70км/ч (на пример од семафорот кај „стоп енд гоу“ до влез на касарна „илинден“, кај што никој не вози 50, или од петљата пластичарска/бит пазар до семафорот во Автокоманда и некои други генерално безбедни места во градов).
Туку веќе кога спомна (а станува збор за нервози во град), Тебе те нервира кога возиш 50 и некој со 55-60 ќе те претица во град? Мислам, прекорачувањето на брзина толку те вади од такт што мораше да го споменеш? Или муабетот е „сеа ќе го пецнам Симо за неговиот признат грев у сообраќајот...“