Маааалку повеќе ме загрижува општото одобрување дека туристот треба да го опљачкаш по секоја цена.
Е ова истово обиди се на охриѓанец да му го објасниш... Ако успееш, можеби има надеж за тоа убаво место да се размрда повторно, а ако не, се по празно и по празно ќе биде таму...
Не треси глупости, Скопски мафијози ни го уништуваат турисмот во Охрид. Жаре Сељак кога држеше шанк Немо, продаваше пиво скопско 120, Јове Оревче(пештанец охриганец), хајникен 140, истата година. Знам, пошо киснам таму. така да не мрси муда.
Сакате мрзите Скопски, за 1 месец да спечалите за цела година во Охрид, е неможе бе батка, годинава Немо празно.
jaс во охрид газам, неколку пати годишно, но не како некој што нуди некаква услуга врзана со туризмот... нит имам намера да печалам нит ништо, а како гостин, и во тие неколку пати кога ке отидам, кафе да се напијам, ке ми скисели од цените... кој, што, кога, каде, како, зашто и дали цените се издиригирани од охриѓани или скопјани или кој и да е (мафиози), јас тоа незнам... јас сум гостин во охрид, и ги гледам тие цени... а ти пошто се најде засегнат, види си таму со земјаците кој ви ги мрси
мудата рачуните што охрид е се попразен, секоја година, не е до мене, а не е ни до скопјани, пошто скопјани скоро и да нема, сите се исселија надвор од Македонија. Јас сум туриста таму и не диктирам никому ништо а немам ни намера, нити пак имам моќ за такво нешто, јас сум парнаџија... и намали со личните навреди, јас не те навредив, стварно нема потреба ни ти...

Дај објасни ти околу сообраќајката со моторот што поминува на сто црвени, како бил во право и како земал оштета. Недела дена те чекаме.
Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
сериозен си? нема потреба од објаснување.
Еве скопјани имаа шанса да им покажат на охриѓани како се праи туризам - и се испо*раа од врв глава. 1000 евра вечер сместување, 2000 денари за 4 километри такси, откажување на закажани со месеци унапред аранжмани... да не продолжувам.
Вие изгледа сте оделе во Охрид само на социјални мрежи, вистински не сте ни стапнале таму. Ако не се понашате како шупаци и персоналот во угостителскиот објект го третирате како човек, ни ќе ве краде, ни ќе ви се понаша шупачки, ни ништо. Дури и оние фамозните вработени во градски паркинг што наводно таргетираат скопјани разбираат кога ќе им се обратиш човечки - како што заслужуваат. Во сообраќај - да не зборам. Во најголемите гужви од плажа, мафтам на коли што не се охридски да ме пуштат во колона, нити вртат глава нити имаат намера да пуштат - невидлив си. Охридска кола - со насмевка ти вика „ај“.
уште од прв ден ЈАВНО ги критикував тие со цените за становите што аздисаа и хотелите што им откажаа резервации за да ги поскапат... го пцуев и комшијава што ги дигна цените на сендвичите од 90 денари на 5 евра... ги критикував и сите таксисти кои што дојдоа во сервис и се фалеа дека под 10 еура не возат нигде... има еден генерален проблем, СКОРО НИЕДЕН НЕ Е СКОПЈАНЕЦ од погоре посочениве примери, исто како и она за во охрид дека скопјани ги ебеле цените...
кругот се врти, а во него сме ние сите...

да повторам дека немам апсолутно ништо против охрид. еден од нај убавите градови во државава, иако сум скопјанец ќе потврдам дека охрид е поубав град и од скопје, со ВИСТИНСКИ историски знаменитости што можат да се видат... меѓутоа цените се уби боже. исто како во црна гора било кое туристичко место, кај да се завртиш само пари ти бараат.. да ситни, 30-50-70 денари, ама па по 20 пати на ден за се нешто, само се наплаќа... претерано е...
ете грција ако ја компарираме, по цела туристичка ривиера, нигде не се наплаќа паркинг. лежалките се исти цени како во охрид. а море е, песочни плажи итн итн... албанија, неолку пати бев, не се ни споредува. паркинг исто беспари сегде, ви-фи на секоја плажа, туш на секоја плажа, пиво хајнекен од 1 до 1,2 еура на плажа. лежалка два комада и чадор комплет за 2,5 до 3,5 еура во цел ксамил и саранда, а што е нај интересно ете го, за околу 200 км од охрид е...

значи до одлуката на “газдите“ и бизнис асоцијацијата е тоа, да се држат тие цени. всушност, баш ме боли кој што и како искрено... мене ме боли моментот што по џеб ме удара. да се за 20% по ниски цените, нема да може никој од охрид да ме избрка, нема да мрднам од таму по жештиниве, наместо секој викенд да палам кола и да бегам негде на друго место, би идел на наше, домашно, кај нас, на наши луѓе ке ги оставам парите, а верувам дека и многу други го мислат истото, затоа што и да е за 10-15% поскапо од море, пак кога ќе удрам есап, наместо 1000 км идење-враќање, да поминам со помалку од 400, секогаш ќе го одберам охрид, а вака, кога сакам да се ладам, ако ми е за набрзинка, идам на ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО... и ова е само позитивна критика, немора охриѓаниве да се палат одма, во жестока одбрана на охридскиот туризам, кога повеќето овде знаеме како идат работите таму...
