Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2903998 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15315 на: 09 Август 2017, 13:58:47 pm »
Можел да им земе 17,0еур по таксиметар.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15316 на: 09 Август 2017, 14:11:15 pm »
Дај бе не се циганчите (со извинување на нацоналноста), арно било без никаков основ да им наплаќаш провизија од 600/1000/2000 денари, и да се оправаш со полиција после, зошто такси превозот во странство бил со висока РЕДОВНА (!!!) цена?! Многу идиотско размислување.

Ако им наплати 17 евра по таксиметар, ЗАСЛУЖУВААТ да им наплати пошто се глупи и не сфаќаат дека ги врти низ цело Скопје. Ама да им покаже на таксиметар 150 денара и да им рече „брат 150 е ама ти мораш уште 600 да ми даеш, зошто ја така викам“, е тоа не проаѓа никаде зошто е глупост, малограѓанштина и чист, кристален идиотизам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15317 на: 09 Август 2017, 14:17:39 pm »
Не е арно, туку е сосема очекувано било каде на планетава кога странец ќе влезе во такси, а таксито е ефино.

Тоа е очекувано. Секаде. Затоа и се зборува кога ќе влезеш во такси во странство СЕКОГАШ, пази, сметки, пази, не збори ништо во таксито, пази, ќути, пази, гледај табла да има, пази, пази, пази, не влагај на аеродром во такси, пази, торбите, пази, ќути, пази, гледај кај вози... Значи тоа важи секаде и секогаш во такси. Освен во земји каде е огин таксито, па не им се замара за ситница. Секаде ќе ти наплатат повеќе ако можат. Без исклучок. Не е филозофија.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15318 на: 09 Август 2017, 14:52:47 pm »
abe aj, bash taka

mozes fino lepo pred da vlezesh da prasash do kaj shto sakash da odish kolku e i ke si znaesh

a ne pazi ova pazi ona pazi vaka.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15319 на: 09 Август 2017, 15:09:37 pm »
Маааалку повеќе ме загрижува општото одобрување дека туристот треба да го опљачкаш по секоја цена.

Секаде на запад имаш ценовник во такси возилата, каде што се наведени цените до стандардните дестинации од аеродром до центар, железничка станица, 10 околни градови.

Истото го направија и кај нас на Аеродром. Има унифицирани таксисти со унифицирани цени. За да не ги љуштат туристите и за да знаат туристите колку вреди превозот од Аеродром до Х дестинација.

АКО, на ценовникот пишува 100евра од Петровец до Мериот во Скопје, и јас седнам во такси и му викам на мајсторот "цепај до Мериот шефе" значи сум се согласил да ме бричат. Ќе си платам 100 евра како попче.

Во случајот странците седнале во такси, таксиметарот чукнал 170 денари и ропакот им додал 600 денари плус затоа што му требале за во Адмирал на апарати, или да ги пукне сингл на Реал-Манчестер.

Глупавоста и малограѓанштината која што ја покажал таксистот со гестот да го опљачка туристот, е иста со бранењето и одобрувањето на гестот дека типот тоа требал да го направи.

Многу "мајка Тереза" ликови има на форумов каде што глумат скромност и рационалност низ темите, но во исто време пропагираат апсурдни гестови и појави.

Сосема во ред е да се ценкаш да добиеш попуст за нов Голф од 23.000 евра на 19.900 евра, и тоа е задолжително ако идеш во Порше, затоа што само будала ќе плати толкава цена за Голф и мора да кркнеш попуст.
И типот што работи во Порше треба да купи ранец за децата, и очекувано е да ти ували Голф за 23.000 евра.

Или рационалноста кон трошоците и "крадењето" при купување на Х работи треба да важи само за сопствениот газ, и тогаш пречникот на аналниот отвор е со помало фи, а кога треба да се зема пари, макар и на туѓа несреќа пречникот на отворот се шири експоненцијално?


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15320 на: 09 Август 2017, 15:13:49 pm »
На странска несреќа секогаш се зголемува отворот на новчаникот. Секаде.

Основи на светската економија. На сите нивоа и тоа, од најниско - до највисоко.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15321 на: 09 Август 2017, 15:19:02 pm »
Дај боже кај ќе ти стапне нога во странство десетоструко да плаќаш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15322 на: 09 Август 2017, 15:22:36 pm »
На странска несреќа секогаш се зголемува отворот на новчаникот. Секаде.

Основи на светската економија. На сите нивоа и тоа, од најниско - до највисоко.

се надевам еден ден ќе стигнеш во реалноста, се до тогаш со среќа.

освен ако на форумов не глумиш лудило позади тастатура

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15323 на: 09 Август 2017, 15:26:48 pm »
Цените треба да си се исти за сите и секој што ќе проба да заколе, да си плати дебела казна.
Едно е согласување на скапа тарифа однапред (читаш во мени поховани муда од коњ 8500 денари, си порачуваш и си викаш "скапо матер му ебам"), друго е додавање на "ддв" на договорената цена (во случајот, износот на таксиметар+бакшиш за таксистот).

Демек за нив е премногу евтино, па ај да ги заколеме, циганска работа.

Тогаш по таа логика би требало на нас (голтари) каде и да отидеме во свет да ни наплаќаат 50% помалку, пошто од сиромаштија идеме.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15324 на: 09 Август 2017, 15:29:21 pm »
50% помалку, абе нас треба бесплатно сегде, а на Африканците од Конго ако одат негде и пари да им дадат плус нешо као К-15

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15325 на: 09 Август 2017, 15:34:37 pm »
Демек нас не не колат по странство. :)

Дај боже кај ќе ти стапне нога во странство десетоструко да плаќаш.
Дај боже ти да плаќаш 20 струко и во странство и дома

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15326 на: 09 Август 2017, 15:38:24 pm »
...

Прошетај подалеку од Бугарија и Грција.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15327 на: 09 Август 2017, 15:38:40 pm »
До сега сум се возел во такси во неколку различни земји (и на Балканов, и подалеку), и никаде не ми побарале повеќе пари од тоа што пишало на таксиметарот. Сум зборел и англиски (во земја каде англискиот не е локален), сум зборел и лош локален јазик, и секаде цехот бил толку колку што си пишувало на таксиметарот. Никогаш не се десило да ми/ни побараат екстра пари заради торби.

Дека треба да се пази, треба. Здрав разум е дека треба да се пази. Дека многу од таксистите ќе пробаат да те извозат повеќе за да ти земат повеќе пари, и тоа е вистина. Ама во последните неколку наврати во поголеми градови таксистите си возеа по GPS до саканата дестинација. И цехот беше толку колку што си пишуваше на таксиметар. Пример што можам да го истакнам - четворица или петорица од аеродром во Минхен до хотелчето каде што преспивавме. Се утоваривме во такси комбе (Мерцедес), се возевме дооооста далеку, едно 40-тина минути, и плативме околу 80 евра.

На пример, во Грција таксито функционира интересно - не вози само еден патник. Влегуваш во кола и таксистот почнува да вози. Ако по пат некој друг дигне рака, ќе го застане, и ако оди во слична насока, ќе го земе. Кога ќе стигнеш таму каде што треба да те остави, по таксиметар ќе ти каже колку пари, ќе платиш, ќе излезеш и ќе си продолжи таксито понатаму.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15328 на: 09 Август 2017, 15:40:22 pm »
...

Прошетај подалеку од Бугарија и Грција.
Важи. :) И ти исто.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #15329 на: 09 Август 2017, 15:42:26 pm »
...

Пошто немам циганка да ме фали, сам да си се пофалам. Досега сум бил на три континенти. Кај и да е и останатите ќе ги прошетам.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.