Муабетот за на стаза... И јас мислам дека ќе е доста корисна работа, да се разбереме ништо професионално, туку чисто аматерски, колку да се тргнат "тркачите" од улици. Зеро спомна работи кои коштаат многу но само ако си професионалец, за обичен млад човек со голф ТДИ, не му треба којзнае колкави припреми,излева со голфот на стаза, го стиска на "правото" улетува во кривини со 60-70, свират гуми, крфта му зоврива, и на крај полн со адреналин и задоволен си оде дома. Мислејки дека е страшно брз, оти поминал 1 круг за 10 мин. (кој обично со тркачка кола и спремен шофер се поминува за 2 мин) и максимална брзина му била 120.
И така уште под импресии си заспива мирно и другиот ден си вози нормално. Mission completed.