по прашање моторџиство... не се сложувам со тебе.. затоа што моторџиството веќе е скуп спорт, поготово кај нас, меѓутоа ниеден моторџија не го држи својот љубимец во лоша кондиција туку скоро сите ги држат во топ кондиција, бидејки на сите им е јасно дека што и да прави на мотор, посекако ке има стискање, на минимум секое седнување на него по еднаш, а ако не е во топ кондиција, се губи глава... поентата ми е дека сите оние “семафорџии“ што ги читаме и гледаме на партизанска, а во аеродорм и лисиче само понекад ги спомнуваат иако и тука ги има можеби и повеќе од партизанска, е сите тие, си ги држат моторите во топ кондиција... и сите имаат опреми по дома за спортско возење, сигурен сум! останува само последната работа, а тоа е влезница за на стаза.
Јас се согласувам дека е скап спорт. Но, неколку прашања..
Дали тие што викаш дека си ги одржуваат моторите во топ состојба, ги одржуваат во track-ready состојба? Возење по улици и возење на стаза е многу, многу, многу различно.
- Дали имаат плочки за кочници наменети за на стаза?
- Дали имаат дискови за кочници наменети за на стаза?
- Дали имаат течност за кочници наменета за на стаза?
- Дали имаат гуми наменети за на стаза, и дополнително - дали се свесни дека гумите кои веќе ги имаат ќе им траат многу кратко, во однос на возење на стаза?
Обичните кочници, обичните дискови, кои се сосема добри, дури и одлични за возење на улица - ќе прегреат и ќе бидат бескорисни за само 2-3 круга на стаза. Обичните гуми со кои возиш по улица или нема да имаат доволно грип, или ќе се излижат многу, многу брзо.
Јас не викам дека моторите се ефтин спорт. Скап спорт се. Ама возењето на стаза е веќе сосем друга димензија.