@onak - Кај возењето на стаза не е трошокот само во влезницата. Ако веќе си сериозен за на стаза, во најмала рака гуми ќе ти бидат (по)голем трошок, а претпоставувам дека ќе ти требаат и соодветно одело и кацига со соодветни сертификати (кои вообичаено ги бараат за воопшто да те пуштат на стаза).
Асфалтот на стазите е екстремно абразивен за да има grip. Последен пример што лично го видов беа Seat-ите што ги возевме на стаза во Србија (Навак) - колите имаа поминато по 80-100 километри и сите веќе имаа МАЗНИ гуми, и тоа праиме муабет за скапи гуми.
Понатаму.. Обични кочници (какви што сите ние имаме на нашите коли) нема да ти бркаат работа на стаза. Односно, ќе ти бркаат работа еден или два круга. После тоа ќе прегреат и нема да кочат. Истото важи и за течноста за кочници, и за уште мал милион други ситници.. Конечно, и трошокот за гориво е огромен, бидејќи на стаза си цело време под полн гас.
Затоа вика Банзаи, скап спорт е.