Стаза е само делумно решение.
Во Хрватска пред 10тина години умре девојка во сообраќајка предизвикана на автопат кога се тркаа тројца што одеа од Загреб накај стазата Гробник на Ријека.
Не е дека немале пари или време да одат на стаза, ете и тргнале да се тркаат како што треба на тркачка стаза, али работата е што се тркале и да стигнат до таму. И тоа возачот на колата каде што загина девојката тогаш беше професионален тркач со долга кариера, нешто како наш Иџе да кажеме.
Дел од луѓето ќе се воздржуваат од дивеење по улици затоа што ќе се испукаат на стаза, дел нема да имаат пари за на стаза (не е баш ефтин спорт да извозиш еден ден на тркачка стаза), а дел ќе возат брзо и на стаза и на улица, редовно.
во секој случај, и да речеме се согласувам со твојата констатација, иако сметам дека е грешна, значи, во секој случај, ќе се намали дивеењето по улиците.
кога сум на мотор, јас и ден денес запирам луѓе кога се со мене да не се вози пребрзо или барем не толку брзо кај што е густо низ градов. да, има недодркани малишани, ама се учат и тие што сакаат да научат што е моторџиство, и дека не е баш дркањето на гаста... мерење мадиња на аутопат правиме и тоа, пак не секаде. денес лично три пати излагав на аутопат, за да се издувам, релаксирам, опуштам и изманијачам на гаста и мењачот од мојот лепотан на две тркала...
е сега, по прашање стаза, што не се слагам:
такви како мене ги има многу, кои не би го правеле тоа ни на автопат, ако има стаза. колку сака нека кошта, еднаш-двапати неделно ќе идам. гарант ќе има и сезонски билети, таков би земал. и потврдувам, дека МНОГУ моторџии би ја користеле стазата, без оглед колку ќе кошта. тој што му е брзина у глава, техники на возење и слично, тој не жали пари за својот ќеиф, како што никој друг не жали за нешто што му е личен и голем ќеиф, поготово кога веќе нај скапото си го набавил, а тоа е моторот и опремата минимална...