Пред малку на релација Струмица - Штип и обратно: на одење натоварен камион со свашта, одеднаш стиска гас и од приколка му летнува даска метар на метар, арно имаше простор се истранивме во левата лента. Или ќе ја назгазневме па ќе летаа гуми од колата (мислам дека имаше и шајки и друго нешто ковано на неа) или ќе ни паднеше на хауба.
На враќање: еден од спротива со мерцедес џип, претицува колона возила па ајде кочи нагло и бегај десно. Тој си вози по сред линија и во последен момент му текна да оде десно оти партал ќе станеше. Срце ми застана. Ова нај критичмо инаку цело време некој претицаше на полна, ем гужва беше ем возат како будали.
3 полициски патроли поминавме. Лед не ги леде, си се ладат во кола. Море ееј треба со снајпер да чекаат. Такво стресно возење одамна не сум доживеал.
