Сношти се враќав од Охрид (Охрид-Битола). Нормално, во тек е асфалтирањето, поголемиот дел е завршен... сигнализацијата хорор. Не знам кога последен пат толку сум кочел, али стандард во мк е тоа.
Возиш со пристојна брзина, широк новоасфалтиран пат и одеднаш имаш знак „работа на патот“ и ограничување на брзина 40... кочиш, кој да знае што те очекува... ништо, стандард, не ги одстраниле знаците после завршување на делницата... возиш понатаму, нема никаква сигнализација, ни хоризонтална ни вертикална... по сеќавање на одењето за Охрид, си се исклучил по некој бош пат низ Ротино и возиш по коцка и дупки... затоа што, пред Ротино има знаци и тараби дека патот е затворен во таа насока.
На враќање го очекуваш истото, не очекуваш коли што ќе ти наидат со долги светла (толку ни е културата) што не ја испоштовале таа забрана и си возат, се шибнале измеѓу тараби.
Од летоски (кога сред сезона газев по тампон и од плава металик колата стануваше фрижидер боја) не сум возев на таму и назад, а патот сум го возел мноооооооооогу пати... ама како сношти никогаш не сум пиздел. Катастрофа од секој можен аспект. Недоволна сигнализација на некои делој, за да немаш појма дали те очекува некој ров или слично и најбитниот момент, да се мочам во културата наша... можев јас преку Ротино по коцката и дупките да ебавам и така разебана предница, некој не можи, меѓу знаци и забрани, терај мишко!
Е тоа ме накурче сношти, искрено. Се осеќав како возач почетник што не знај кај тера, буквално...