I paid the Citroen owners tax. Прозорот ојде во врата... Вечна му слава, 13 години доста му биле на овој свет.
?
Се скина сајлата која го оперира механизмот за подигнување на прозорите, или пак се скршило нешто внатре во самиот мотор, и прозорот си падна во вратата. Quick pit-stop корнење на тапацир, го дигнав стаклото за да стигнам од Скопје до Гостивар, и сеа ќе си собирам храброст да го отворам.
Цитроен vs. Мартин: 1-0
Овој проблем денес го средив кај Нино, иако првично планот ми беше кај тие Бутелците шти ги предложи Казан. Знаејќи го моето непознавање на тој дел од Скопје, не ризикував да одам до таму и да изгубам неколку саати во снаоѓање, па на крај отидов кај Нино, ненајавен, го замолив да ми излезе во пресрет и да го репарира механизмот за еден ден.
Фино ме праша дали сакам само да го оспособи или да смени се што е за менување. На крај, зафатот ме чинеше 1300 денари (стварно не знам како е во споредба ценава, ама нека стои, ќе се најде на некој), со што мајсторот сменил сајли, стопери (едниот стопер бил одговорен за хаваријата, па превентивно го сменил и другиот) и една од кошулките на сајлите.
Знаејќи колку коштаат сајли и кошулки, цената личи висока, ама јас да фатев да го расклапам тоа чудо, никогаш немаше да го склопам назад, така што секој занает си има своја цена.